Вие што сте породени природно колку време имавте болки долу и чувство како да влече нешто? Дали е нормално после 10 дена да има уште болки?
Да не имаш внатрешни хемороиди? Мене така ми беше кога имав хемороиди, а мислев дека е од раната.. Инаку веќе од 12тиот ден јас функционирам супер, малку на моменти имав болка, еве веќе 15,16 дена има поминато од епизотомијата, ко да не сум сечена се осеќам во поглед на болки и нелагпдност.
Не е за мене, за другарка, пред 10 дена породена- навечер има болки долу. Напред е шиена па може и од тоа е дури заздрави.
Каде напред? Распукала? Јас мислев епизотомија само на едно место се прави.. дека глеам на исто место сум сечена јас, може пола сантим подалеку од минатиот рез. Со првото породување и мене нешто ко да ме влечеше.. јас не знаев дека е од хемороидите внатрешни, сега со второво породување кога ми ги снема внатрешните и тоа влечењето го снема. Па така сфатив дека ми било од хемороидите
Рано е уште, јас 14 дена не можев како што треба на газ да седнам. Јас па назад бев испукана на мускул. Уште осеќам како да ме влече нешто кога ќе се уморам еве после 2.5 месеци скоро.
Јас направив еден месец после пораѓај зошто не се осеќав баш најдобро. Испадна железото ниско ептен, другите вредности ОК, холестеролот покачен и седиментација 56. После 2 недели пак правев, железото сум го средила, ама холестеролот ми е над 8, а седиментација 30 Баш за тоа дојдов и на темава да прашам дали има некој проблем со покачена седиментација и холестерол после пораѓај?
Не би можела да ти кажам ништо и јас....ќе одам со крвната слика кај матичниот па ќе видам шо ќе кажи.
Девојки послр колку време од породување природно бевте на депилација? И после колку време имавте односи? Јас се породив природно, испукав и имав неколкј конци, надворешните ми паднаа гледам само внатре уште едно имам.. и дали е нормално кога цица бебчето да имам благи болки доле во предел на матка 34 дена после породување?
Јас на депилација бев негде после 50 дена од пораѓајот...бев закажана за на гинеколог и сакав да се средам....исто природно породена и бајаги бев испукана...ама зарасна се.
Ќе одиш на преглед за раната кај докторот што те породил. И тој ќе ти каже што како . Мене докторката кога ме виде ми кажа дека можам веќе се да си правам нормално како пред бременост.
На пораѓајот имав хеморагичен шок поради крварење и сега железото ми е многу ниско со тотхема едвај 5 а сеуште ни менструација не ми дошла, почнав многу нагло да слабеам послаба сум дури и пред да останам трудна ич не си се сакам ваква Некој совет за железото ,за апетит
Железото и мене ми падна на 5,9 после пораѓај и го оправив со семе од коприва и мед измешано. Земав по 2 до 3 мали лажички на ден. За 2 недели го качив на 19
@princess02 неможам да ти пишам порака, а би сакала една мала консултација со тебе. Те молам ако можеш пиши ми порака да искомуницираме Тенкс
Почнувам да имам најверојатно панични напади..шест месеци откако сум породена...двете ќерки мали..скоро сите обврски околу нив на мене. Не можам да се издишам убаво...во главата матно...и почнувам да мислам на најцрни сценарија и ми се активира паниката. Денес бев кај матичната, ми направи ЕКГ, притисок, температура, ме наслуша, крвната слика во ред и вели дека физички се е во ред и дека ми се панични напади. Јас мислев дека нешто ми се дешава и од тоа ми се активираат. Прв пат осетив таков напад пред две години кога требаше да почнам на работа после првото породилно. И еве сега продолжуваат. Терапија можам само магнезиум со б6 дека дојам. Стварно не знам како да си помогнам. Некој со слично искуство?
Јас после породување еден период имав анксиозност и два три панични напади... Бев дури и на невролог затоа што при еден напад ми се блокираа левата рака и нога, по негова препорака проверив многу работи и испадна дека имав намалена функција на тироидната жлезда... Откако ги стабилизирав хормоните се смирив...
Јас веќе сум хипо Хашимото....утре баш ќе одам да ги проверам хормоните, можно е и од нив да сум ваков хаос. фала ти
Да, провери си можно е после пораѓај да имаш отидено во хипер, доста често се случува,а симптомите се слични на премор од неспиење и се што следи со новороденче... Мене ендокринолог ми напомена еден месец после породување да одам на контрола.
Породена пред две недели, последниве неколку дена осеќам чешање ( сигурно е кандида затоа што примав и антибиотик). Што може да се користи за кандидава? Да напоменам и дека дојам.