Јас користев полигинакс вагиналети, по препорака од гинеколог. Тие мислам се комбинирани. За кандида можеш прво да пробаш со вагисан, тие се безбедни за доилки и се природни, на база на млечна киселина.
Добро бе па само јас ли неможам да се оправам 3 месеци после пораѓај?!?! Значи породена со царски тоа е се супер, рана добра, јас вратена на старо не се осеќам дека сум родила ама затоа ногата, раката и главата ме убија! Десната нога на глуждот ко некој да ме стега со рака и ми трни цело стапало и од горе и од доле. Блага болка до колено стига Истото ми се сличува и со десната рака. Главата точно на средина одозгора ко да ме стиска некој и ко да ми трни, некогаш и благи ко вртоглавици. Притисок мерено не е тоа Отидено на лекар и добиен одговор: - за ногата од спинална анестезија - за раката некој вратни пршлени нешто влечат - за главата од умор и неспиење Чаре: пиј магнезиум и ако те боли нога далерон Мене не ми поминува сеуште Дали е нормално ова и каде да се обратам на друго место зошто матичнава 3 пати бев и ме убедува дека сум си таман
Железото ми беше 5 и пиев тотхема но искрена да бидам ич не ги пиев редовно и сега треба пак да проверам крвна слика
Малку жалба и на ова поле. Вчера после царскиот почнав да станувам. И нормално нели боли, ама секое наредно станување беше полесно. И веќе попладнето, скоро ја испраксирав болката и се радував дека денес ќе е полесно. Арно ама прееска станав препотена и ај да се преслечам уште во бунило и се напрегнав набрзина како да ме сум сечена за на крај едвај да се вратам во кревет и болката пак ми се интензивирање. Можно ли е да направив беља од брзање или се преценив дека многу бргу може да се опоравам. . Еве сега едвај станав за до тоалет и назад и пробувам да ја анализирам болката. Се разочарав дека отидов чекор напред, а сега како да се вратив два назад.
Te boli od napreganjeto. Vidi samo dali e puknata ili otvorena negde ranata (ne daj boze). Ako ne e, samo poleka odnovo kako sto si pravela i ke pomine. Jas planiram ovoj proizvod da go zemam, go falat mnogu deka epten im pomognal i duri nemale nikakva luzna od carskiot. Na prirodna baza e i okolu 900mkd
Jas piev vo bremenosta heferol I vitamin c I po poragajot dodeka doev pak piev samo nez kolku tocno vreme gi piev
Се си е таман. Ми ја гледаа сега и раната и резот. Јас уствари повеќе се изнервирав зошто таман стигнав на наредна фаза со подвижноста, мислев се вратив назад. Ама еве денес пак е подобро. Се туширав, се средив, па дури и прошетав и полесно е пак. Ноќеска ќе си навијам аларми на 2 саати да станувам за шетање за да не ме залегне пак. Баш ја разгледав и кремава. Ќемпрашам и докторката тука дали препорачува нешто да се мачка.
Друга една крема ни кажуваше Гордана ако си кај неа, мислам дека Грција ни рече да си набавиме Само јас ли сакам да ми остане лузната Навистина не ми смета и со првото ептен ми избледе ич не ми се познавше е сеа незнам како е после 2 царски….
Лузната ни мене не ми смета. Јас и за првиот ја купив таа цицатрикс, па 3 пати дали намачкав . Ќе видиме што ќе каже, додуша наредно на контрола после 40 дена зошто заврши со визита денес, а од утре празник и викенд па мислам дека нема да ја видам додека ме испишат. Туку друга мака. Сега кога ме гледаше и се виде како изиритирана кожата над и под резот. Јас и спомнав дали може да е од тоа што ме средуваат пред царскиот со бикче, ама сега мене ме фати шубе. Од што би можело да се јави иритација/алергија или што и да е. Јас вака не осеќам ни чешање ниту некоја болка. Може ли нешто сега да се искомплицира? човек да не е раат
И мене ми беше црвена ( на пола рез над и под) ама се повлече уште во болница, Сепак на визита нека те видат оти ќе го мислиш Како сте инаку? Бебушко?
Не било страшно, ми дадоа да ставам облоги со ацидиборици. Инаку бебе како и брат му. Одма си ја научи лекцијата за цицање, денес почна и млеко да надоаѓа, па бар од тој поглед ќе сум раат кога ќе не пуштат
Кога ме испуштаа од болница(спонтан пораѓај) ми рекоа само туш, не во када. Знае некој до кога? Некако многу ми се гледа да чекам 6 недели до преглед. Поминати се 2.5 и крварам минимално. Очајно ми фали кадата Доле ме шиеја, рекоа конците сами ќе паднат. Знае некој колку долго им треба?
Јас се туширав се додека крварев. Кога престанав скроз, се фрлив у када. Конците ми паднаа за релативно кратко време, после 2 недели мислам, така нешто.