Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закрепнување после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Eli23, 22 ноември 2015.

  1. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.149
    Допаѓања:
    13.910
    Пол:
    Женски
    Прееска му зборев на мм, за ремонт сум цела :D
    Овие неколку дена па кај раната на лева страна ме боли ко да ме влече, а мм за да ме откачи бетер од докториве ми вика од времето ти е(facepalm)
     
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    18.374
    Јас имав епизиотомија и воспалени хемороиди,едвај се движев и едвај седнав во кола накај дома. Со нозете здрвени како робот одев. Ме болеше и рана и хемороиди и половина и грб.
     
    На Kate Rina 93 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Не е за лајк, ама поддршка. Битно има и други, нормално.
    Не за друго, дека бавно се движам, не знам веќе шо ритам да фатам да не ми мава на коскава притисокот. Дали да потскокнувам дали да лазам хаха не можам убаво нозете да ги кревам.
    Ама коментираат во болницава еее ајде вие природно сте, немате гајле.
    Колку време беше така се сеќаваш?
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    18.374
    Јас како се улетав првиот ден накај собата со новороденчиња,куцај како баба ама упорна да си го земам детето:D
    Првите 5-6 дена ми беше мака. На 7 дена веќе бевме на прва контрола и нормално се движев. Ради раната седењето ми беше отежнато можеби 2 недели.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    298
    Devojki porodena pred 8 meseci
    Sekojdnevno bolki vo polovinata, nozete , i predniot del na stomakot
    Se osekjam kako iskrsena sive ovie meseci
    Dali e normalno ova ?
    Da napomenam porodena sum prirodno bez anestezija
     
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е очекувано. Дали вежбаш? Дали доиш? Провери особено дали имаш дијастаз, тој прави болки во половина.
     
  7. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    298

    Ne vezbam , dojam da
    A kako se proveruva dijastaz ?
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Отвори на јутуб пиши сакаш на англиски има на српски и ќе ти излезе за проверка. Или на гугл исто има чекори. Легнуваш на грб нозе свиткани и ја подигаш малку главата за да се згрчат стомачните мускули. Кајшто е папокот ќе провериш дали имаш процеп мегу двата мускула.
    Тоа е дијастаз. И нагоре и надолу во линија на папокот. Има посебни вежби за него.
     
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    @Lina-Detelina како си? Закрепнуваш, можеш да се движиш?
    Како е бебето?
    Јас сум во соба, гледам тв, бебето е на фототерапија ради жолтица, и се досадувам.
    Дај муабет да си направиме :)
     
  10. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Добра сум, уште вчера вечерта станав. Станувам полека заради епизиотомијата, малку боли. Бебе до сега беше кај мене.
    Утрово малку се исплашив, поврати кафеаво, ама не се повторило вејќе денес. Додека беше кај мене цицна, и добро беше.
    Имам малку болки менструални повремено и крварам не многу ама не и малку.
    Ти како си со болки, крварење?
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    И мене ме болеше првото станување, особено здивот ми се подземаше, поради изместување нели на дијафрагма итн.
    Ама вториот третиот ден ми беше подобро. Денес веќе добро ми е, одам слободно, бев во вц 3 пати, цревата си работат.

    Не се плаши за бебето, првите такви враќања на содржина, се со таква боја дека цревцата им почнуваат со работа, така се чистат. И нормално е да ика, да кива повеќепати, да прди, да враќа, да изгледа како да се гади.

    Дури цица, матката се враќа во форма, и тоа боли, мислам што не боли :wasntme: хаха, тоа е истиот хормон за провокации, за цицање и поврзување.
    И јас имам болки, имав нели ради раната хемороиди, денес ми се намалени, а за матката се грчи на моменти, кога цица бебето. Крварење имам умерено, првите два дена повеќе, сега веќе помалку. Ама променливо е тоа. 40 дена може со различна количина да биде.
     
  12. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Мене уште ми е страв за во вц, а и не ми се оди сеуште само гасови имам. И тоа е знак дека цревата работат.
    Бебето прима антибиотик, зш ГБС ми беше + од перинеум и заради тоа што го поврати изглеа. А денес ми ја земаа и на фототерапија. Многу се нервирам место не ме држи. Само да испадне се како што треба. Ако бидам ваква мајка пристресена, тешко мене. И да баш такви некои фаци прави како да се гади, бљуцна и сабајле ама млекце беше бело. Ика, прди, кива.
    Мене ми кажаа денес дека сум спремна за дома, ама беба не е. Ќе си посеидме. Вие до кај сте за дома?
     
    На elenaklasik и sani99 им се допаѓа ова.
  13. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    Каде се пораѓаше?
     
  14. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Во прилеп.
     
  15. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    Прашај колку време било бебето на кислород.
    Крвна слика.crp.леукоцити,билирубин.
    Што испитувале.
    И немој да се плашиш.
    Јас кога раѓав со мене во собата имаше уште две мајки. Идентична ситуација како со тебе.
    По завршување со антибиотикот се беше во ред и ги пуштија дома.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто воопшто го прима антибиотиков. А кај нив зошто беше даден? И колку дена примаа нивните бебенца антибиотик?
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    Koлку што се сеќавам поради уринарна инфекција во бременоста.
    Останаа околу 5 дена.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Ќе биде во ред.
    Си заминавте дома?
    Ние вчера напладне. Се прилагодуваме сите.
     
  19. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Не сме уште. Ќе видиме утре на визита ќе ни кажат.
    Се сонча и денес бебуше мое. Колку дена беше твоето на фототерапија?
     
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Цел ден и цела ноќ.
    Ќе помине, без грижи.
    Млеко надојде?