Моево беше вчера 6+3 часа. И денес 6 часа. Ама жолтко ми е во очињата и по кожата. Колострум имам фајќа, цица кога е кај мене. Ми се направи рагада на левата града, не знам од неа дали да и давам крвца има. Вие се цицате? Доаѓа млекце, тежнат градиве и се зголемија бајѓи.
И моево е жолтко во очињата. Само цицање велат за да ја измоча жолтицата. И мене на лева града вчера имав рана, цицаше колку можев да издржам. Со ланолин брзо минат, ако се тазе. Денес ми потпомина, се издржува. Цица моево, пу пу пу нека тера така. До прва контрола за една недела да видам како ќе напредне. За градите молзење на почеток за да ти олесни, туширање со топол туш на нив и кружни масажи за полесен проток. Друго што ќе кажеш, како е сега бебето?
Добричко е. Денес прими антибиотик, докторката рече уште денес. Па сабајле визита, највероватно крвна слика и билирубинот ако се добри ќе не пуштат. Добро е што цица, ќе му помине побрзо. Овде се повиени и лесно е за држење и за се, како лебчиња се. За дома се плашам, многу мало ми се гледа. Ама ќе се учиме, само нека се здрави, живи. Значи и вас жолтички ве пуштија дома? Јас па си реков штом е жолто ќе не задржат можеби уште. И за една недела ве викнаа на контрола?
Кажете какви болки да очекувам долу после ревизија и епизиотомија? Уште ме држи нешто против болки, имам гасови, бев во вц ама ништо не осетив скрос е тупо чувството. Како родилните болки ли се? Зошто тие што се трпеа јас не ги истрпев сите ме слушаа.
Колкаво се роди бебето? Кога ќе ве испуштаат препрашај си убаво за контрола кога треба, бидејќи нас ни рекоа во рок од еден месец да се донеси и јас закажав тек после 10 дена по испуштање, а можеби требаше многу порано, таман со време ќе видевме дека храната и е малку и треба поголема количина.
2880г се роди. А твоето колку беше? Да да , ќе прашам обавезно. А сите ги викаат на контрола или само тие што имале некоја состојба ваква?
На испис ни кажаа контрола кај педијатар во болница во рок од месец плус кај ортопед. Претходно ми беше објаснето додека детето нема извод/здравствена книшка и матичен педијатар, мојот општ матичен доктор со мои податоци закажува контролни прегледи кај педијатар во болницата преку мој термин. Моето се роди 2500- предвремено, со тоа ние сега на неколку денови одиме на контроли за тежината. Педијатарот ни даде совет кај ортопед да закажеме тек кога бебе ќе има 6 недели, не на еден месец.
Колку дена после пораѓај ве болеше епизиотомијата? Во неделата се породив, последниве два дена повеќе ме боли, не можам да седам, на црсто нема шанси.
Честитки, живо и здраво! Како што се сеќавам, боли кога се собира матката (контрахира), па болката е така нелагодна како контракција, бодежи, но се трпи. Ако мн боли ќе си бараш нешто против болки. Во никој случај не се како родилните, тие се најјаките само Толку веќе, нема да те слушаат повеќе сите После наболува кога ќе го ставаш бебе да цица (пак ќе контрахира матката) и кога ќе треба да седнеш на гз Ако имате перници за доење @Teja26 и ти, седете си на таква со тоа што баш резот да доаѓа во средината на перницата (во празниот простор). По 2 недели некаде е веќе полесно. До тогаш заздравува, па ќе пецка, чешка, боли се додека не заздрави..
Ако е во граници жолтицата, пуштаат. Со цицање и мочкање ќе се исфрли наредните дена. Денеска дома дојде на посета патронажна сестра, рече дека жолтицата се чисти од долу нозете накај главата последна, затоа е најжолта тогаш. За недела дена од испис на прва контрола нѐ викнаа, за да видат килажа колку напредува. Можам и овде да одам кај матичната, ама ми се патува со кола Таман за папочето ќе ми кажат и уште еден преглед не е на одмет. Вие како сте денес? Раната нормално е да те боли, особено дека првпат ти е. Мене првото породување ме болеше, ме затегаше грдо, како да ме куби и тоа така повеќе дена. Имав и хемороиди и запек, едвај во вц да одев. Сега, на 5ти ден породена ништо не осеќам такви нелагодности, хемороидите се повлекоа, одам слободно во вц. Само туширање со помлака вода и ќе ти заздравува.
Уште денес се сончаме и попладнево си одиме. Утрово ја пресоблеков сама, имаше темно зеленкаста столица. Твоето каква столица има? И нас за една недела не викнаа на контрола. На папчето ставате нешто дома? Раната баш така ме боли како кубење, како ли ќе седам по пат не знам. Ме видоа уште еднаш рекоа добра е.
Majki, Dajte nekoj lek za sitni bradavici na vrat sto se pojavuvaat? Neznam koja clenka isto se zalese vaka. Salicilna kiselina ili sto drugo moze da se zeme? Mnogu imam, moram da gi resam ili ke odam hirurski. Isto mi se pojavi masno tkivo na celo, mnogu me nervira i mi smeta. Ako znaete nekoj lek i za toa spodelete
Не знам кој се жалеше, но и јас во бременоста пишував за нив. Ми исчезнаа мене после пораѓај. Почекај некое време ако ти се појавиле во бременост, може ќе ги снема.
Темна црна е на почеток, меконеум, нормално е, дури се исчисти, потоа имаше течна цело време додека цицаше и какаше после секој подој 10 дп 12 пати денот Со лесно опоравувањето. И уште нешто многу силно прдат
Моево имаше црна неколкупати, па сега има жолта со зелено. За папчето рекоа ништо да не ставам. Денес му падна, утре пак ќе дојде патронажна да го види.
Стварно колку силно прдат хахах, вчера кога го рокна, мислев се какнал, а ништо немаше. А столицата што рече 10 до 12 пати во денот...кога му се разретчи, на колку месеци? И кажете дали да му менувам ноќе пелена, сред ноќ ако е какнат или па и да не е, ама за да му е чиста? Или нема потреба од малтретажа @Lina-Detelina колку е вредноста на жолтицата ти кажаа? И дали ти е поспана?
До 4 и пол месеци беше на ексклузивно доење, до тогаш може паднаа на 6,7 пати какањата не памтам ама премногу цицаше и од 4300 роден 9300 беше на 4 и пол месеци и почнав со вкусови бидејќи неможев поќе да издржам со доење 20ч денот никаде неможев да мрднам тогаш почна да му се прави поцврсто какето. Ама колку се смеевме за прдењето не сум знаела дотогаш дека толку силно прдат бебињата
Нормално дека ќе му смениш пелена ако какало, зар сакаш црвенило на газе? За мочање,освен ако не е поголема количина не мора многу често ноќе.
Не и направија проверка на билирубинот. И мене ми остана во мисла. Кај вас направија? Со спиењево не знам што да кажам, цела ноќ не спие, баравме АД ноќеска, изглеа немав млеко, а и неколку пати се покака можеби имаше грчеви. Денес после капење цицаше и спиеше 3 4 часа. Сега пак истото цицка комбинација со АД и евеа спие на цицка вкреветче плаче. Ако е вака што ќе правам за сон...