Сите знајме дека со месеци се бара замена за Твитер кај корисниците ради растечкото незадоволство ОСОБЕНО после рестрикциите и лимитите на читање и промовирање на премиум корисниците. Јас само сакам сите луѓе да ми се соберат на едно место и таму да се префрлам оти мака ми е истото, на сега три мрежи, да го читам наново и наново. После Твитер, беше Тредс. После Тредс сега е BlueSky. Засега е мрежа од затворен тип ама за ден-два можиш да добиеш код и од кога си регистриран добиваш код за регистрација секои 10 дена кои можиш да го споделиш со некој. А сега ако немате код, тука е добро објаснато како до код: https://discord.gg/bsky Со самото влегвање сте на waitlist за код. Со пишење кревате waitlist да стигните под 200 бројка и тогаш можите да побарате код. Генерално ден "работа" е. Доколку користите вакви мрежи, дали би користеле и оваа? Ако да, дали би оставиле другите за да ја користите оваа? Доколку веќе сте регистрирани, како ви се допаѓа и дали ви ги исполнува очекувањата? Доколку не користите вакви мрежи, дали би се регистрирале на оваа? Какви очекувања имате во врска со вакви мрежи? Шо мислите за иднината на социјални мрежи налик Твитер? Дали Маск е причина зошто Твитер не е то шо беше и луѓе бараат алтернатива или форматот на постирање е умирачки и има попопуларни медиуми моментално кои се поинтересни? Јас денес добив код. Само шо пишав прво мислење на блу скај и веќе развив муабет со рандом синки. Ама пошто е мрежа од затворен тип + нема многу луѓе сеуште мислам дека баш зато тие шо веќе ги има е лесно да се најдат меѓусебе. За разлика од Тредс шо наеднаш имаше многу луѓе шо евентуално забораја дека постои апликацијата по недела (читај: јас).
Threads имаше еден од најуспешните launches во историјата. 100 милиони корисници за кратко време. Ама според све, полека и сигурно изумира. Моментално нема ни 10 милиони активни корисници. Дефинитивно не би го ставил во популарни медиуми или социјални мрежи. Иам игри на телефон со повеќе активни корисници и со поголема заедница од тредс. Х нема да биде заменета за скоро време. Сеедно што збориме ние и како се чувстваат одреден дел од луѓето, акциите на Х растат сигурно и сѐ повеќе, и се моментално највисоки во изминативе неколку години. Тоа значи дека има прилив на приходи и зголемување на бројот на корисници и активни профили. Бројките не лажат. Во поглед на Блускај мислам дека е прашање на време кога корисниците ќе се изненадат (негативно или позитивно). Бидејќи тие што си одат од твитер поради политиките на "слобода на говор" и "говор на омраза" или "цензура" ќе налетаат на истите работи. И основачот и CEO-то сметаат дека не треба да има цензура туку се потпираат на алгоритам кој ќе ти го покажува само она што сакаш да го видиш, односно ќе биде децентрализиран протокот на содржини. Fun fact, основачот, Џек Дорси му помогна на Маск да го преземе твитер.
Бројките викаат дека вредноста на X е намалена за повеќе од една третина откако е продадена и сеуште губи пари. Некој лаже тука, а ако не се бројките, значи си ти Во секој случај Bluesky има огромен потенцијал моментално, останува да видиме.
А п с о л у т н о И мислам дека баш зато изгуби на потенцијал. Пошто се дојде наеднаш, премногу еуфорија, премногу информации, премногу се. Башка јасни маани и багови имаше при толкав ланч, не памтам дали дирек на Тредс се жалев или и тука. Ама а пишев нешто подолго, а гледате дека не знам на кратко , на сред реченица ми крашнуваше апликацијата. Па проблемот со полисата за "не бришење" профили оти се врзани со инста (ама утешителната можност да деактивираш). Е сега зошто мислам дека БлуСкај има потенцијал. Моментално е од затворен тип, добиваш код на некој период шо можиш да го споделиш и така добиваш кодој како шо оди време и споделваш и ТВОЈАТА мрежа, околу тебе - расти. Уште е мала мрежа, расти бавно и е како "мир" во хаосот. Си го најдов македонското "стадо" и има ликови шо пола година - година веќе ги нема на Твитер и ми недостигаа пошто сме комуницирале претходно. За платформата немам шо да кажам. Не е многу различна, напротив, е многу иста со стар Твитер. Нема пораки и гифови само, ама вервам дека се во блиската иднината. Ни јас не мислам дека Твитер ќе пропадни во блиска иднина ама дека значително ќе има downgrade и нема да е толку мејнстрим - веројатно. Пошто луѓето долго барат Твитер/Х шо не е Твитер/Х и до сега ова е најблиското. Не успеа Тредс. Не успеа Мастадон. Ни една мрежа претходно немала толку потенцијал пошто била толку иста, ама сепак различна во се шо барале корисниците. Буквално, someone listened. Баш ќе пробам да се навратам за месец дена да видам колку брзо ќе заборам (или можеби сепак ќе ми легни оти јас си барав друштвото и тука најдов и тие шо сега на Твитер ми фалеа).
Истото сакав да го кажам... Плус, се повеќе огромни advertisers се повлекуваат од Твитер заради говор на омраза, лажни вести што никако не се модерираат (новата цел му е сЛоБоДа На ГоВоР) откако Елон го купи и ги избрка/си отидоа пола од работниците. На темата, ова со код за покана ме иритира и нема да се регистрирам се додека не ја направат од отворен тип
Има премногу мрежи, реално. Мене ми се смачија. Своевремено бев корисник на многу, со тек на годините лека-полека бришев профили. Од секаде ми доаѓаат секакви непотребни информации за секого. Моментално имам само Инста и тоа добар дел се луѓе со кои немам контакт со години ама така од љубезност уште се следиме. Што е толку ексклузивно на таа BlueSky што мора да сум на waitlist за код?
Абе евентуално ќе го отворат, а за контролиран раст (во смисла побавен) подобро е вака за да не се оптерети одма. Пошто на 10 дена мислам следува 1 код по јузер. Јас и другарка ми преку серверот на дискорд напрајвме профил во ист ден. Уште 3 кода и сите шо сакаме двете ќе ги викниме во помалку од месец. Другите кодој ќе се за давање по форуми или ќе ги субмитниме на дискордот шо е за то, од кај шо и ние влеговме. Кодој веќе сега има од поќе и за сите и колку поќе луѓе има - има уште поќе. Шо значи ќе преќини да има смисла ова со кодојте. Така да кајдае ќе те видиме и тебе таму. А ако сакаш за некој ден код ќе имам ќе ти пратам.
Океј, да дам апдејт по месец. На мкд блу скај веќе има преку 300 корисници, уште мрежата е од затворен тип. Постојано нешто ново се додава за да биди покорисна, него она првата оргинална верзија ко излезе. Пошто секој можи свој огранок да напрај, сега постои и Греј Скај. Та е дефинитивно посредена од багој како апликација, и има и гифчиња. Сега има и мк линк: @imetotvoe.bsky.mk Така да јас сум доста задоволна. Едни работи пишам таму. Други на твитер. Еве исти не ми се дава да пишам пошто едното е како battlefield, другото е како некоја мирна оаза. И пошто е од затворен тип дур и ботови потешко би пристапиле пред избори, шо значи дека буквално ќе биди мирно меурче меѓу хаосот. Веќе и кодовите почнаа тешко да се пополнуваат интерно. Имам два ако некој сака @me. Јас ќе означам @staycalm да не се предомисли за код или уште ќе чекаш да не бара код?