Пред извесно време сите знаеме за случувањето во Битола беше ако не се лажам каде што 2те бебиња беа сменети,но за среќа беше увидена грешката и бебињата беа вратени кај своите биолошки родители. Вчера пак, вртејќи по телевизииве,налетав на нована емисија Крвта не е вода,што се емитува на Сител. Вчерашната емисија беше токму на оваа тема,каде што по 16год. се дознава вистината,што беше буквално страшно.Од една страна цел живот детето покрај тебе го сметаш чуваш гледаш сакаш,и по 16год.дознаваш дека не е твое,го пронаоѓаш семејството со кое ви била направена смета....но што понатаму.Тие две семејства се одлучија да се спријателат,девојките се зближија но си останаа во семејствата во кои дотогаш си живееа. Искрено,потоа цело време се прашував како тие ќе живеат понатаму? Детето што си го родил знаеш дека не е до тебе незнам многу глупава и болна ситуација. Што мислите вие за ваквите ситуации,кои буквално доцна се дознале. Искрено не дај боже на никому ова да му се случи, ама човек да не знае како би постапил,ни јас не би знаела... Ваши коментари и размислување....што вие би направиле? (приказни слични на оваа)
Емисијата...мизерна глума и мнооооооооогу фил, како и секоја од сличен тип. А дека такви работи со замени постојат е вистина..макар што мислам дека порано имало такви работи, денес е реткост во нормални услови таква грешка да се случи. Знам за случај од пред нешто повеќе од 30тина години, мед. сестра од болница ми има кажувано за случајна замена на бебиња овде кај нас. Некоја сестра била задолжена да ги спрема бебињата за да си ги одат од болница и една од жените ја испратила со погрешно бебе. Набрзо дошла друга сестра во собата на бебињата и таа добро ги распознавала бебињата, кое на која мајка е. Приметила дека бебето на мајката што сеуште е во болницата го нема и кренала узбуна. Се растрчале и успеале да ги стигнат родителите со бебето што го земале...за среќа не останало незабележано, па успеале да ја спасат ситуацијата. Не знам како денес би можело да дојде до некаква замена, нели бебињата одамна веќе се бележат со алчиња со бројки? Или ко на филм, некој намерно да ги заменува...
Искрено јас кога се породував првпат кога си ги видов децата оној прв контакт нема шанси да ги заменат ликот ми се врежа во мозокот,па стварно незнам како не си ги препознале дека не е нивно дете освен ако е со царски рез па опивки слицно не си ги виделе децата ,стварно нејасно
Мене ме смениле во болница не знам дали тогаш на мајка ми и било смешно или не ама тогаш во тоа време повеќе жени биле во една соба и таа сестрата како ги земала ги носела не знам ни ја шо праела и на мајка ми и дале друго бебе ама јас сум имала алка на раката и мајка ми со бројче па мајка ми свикала таму ова дете не е мое па узбуни за мене да се најдам кај која жена ме дале... ден денес мајка ми тоа така смешно го кажува па си се смееме ама и не е за смеење.
На мајка ми на прв братучед детето го заменија во болница. Снаа ни си викала ова не е мое бебе, а сестрата и се дерела и и викала ти ли ќе ми кажеш дека не знам да си ја вршам работата. Беше породена со царски и имаше компликации па многу малку го видела детето пред тоа, ама сепак мајка е си го знаела. Дури кога отишле дома на пресоблекување виделе дека стварно не е нејзино зошто било женско, а таа роди машко. Другото дете дошло од мајка од друг град. Ја тужеа болницата и сега се побратими со таа фамилија. Среќа дека беа различен пол, инаку никогаш може да не дознаевме. Ова беше пред 4год во Кочанската болница.
И мене ме смениле во болница Ме донеле да ме дои мајка ми и кога видела апла црно бебе, а кај нас во фамилија сите сме со светол тен и светли плави коси, па кренала узбуна и препровериле па ме вратиле Понекогаш си размислувам дали можеби ќе имав поубав живот во таа фамилија ако не ме врателе...