Замена е уште едно ремек дело на режисерот Клин Иствуд.Прекрасна драма која е работена според вистинска приказна.Многу тажни и реалистични моменти од животот на една мајка чиј син е киднапиран, и која до самиот крај не се откажува во потрагата.Се започнува во далечната 1928 во Лос Анџелес кога Кристин Колинс(Анџелина Џоли) се враќа касно од работа.кога влегува дома таа очекува нејзиниот син Валтер да ја пречека но тоа не е така.После шест месеци потрага по нејзиниот син едно утро и соопштуваат дека тој е пронајден жив.Тука започнува и заплетот.Кога и го носат детето таа забележува дека тој не е нејзиниот син но сепак го прибира кај неа дома.Потоа Кристин е доволно храбра да се спротистави на полицијата.Прекрасен филм во кој е опишана дискриминацијата на жената во тоа време, но и љубовта на една мајка кон своето дете.Дефинитивно Анџелина ме освои со овој филм.Прекрасна глума приказна и многу емоции се најважните карактеристики на филмот кој е номиниран за три оскари.Од мене има 10/10.(топло им го препорачувам на сите)
Замена(Changeling)[2008] Најубавиот, најболниот, најемотивниот и дефинитивно мојот најомилен филм.. Прекрасна глума, како и секогаш и се е толку прекрасно смислено, го препорачувам ..
Прекрасен филм кој е исполнет со многу емоции и реални слики.Од мене има 10/10.Топло го препорачувам.
Значи не сум гледала филм што повеќе ме допрел и импресионирал од овој. Јас која што немам трпение ни филм од 1 час да изгледам и го паузирам и го гледам на рати, овој филм од 2 и пол часа го гледав без да трепнам. Гледам дека нема мн голема публика, не само на форумов туку и воопшто помеѓу луѓево е еден ов филмовите на Анѓа кој ретко кој го знае, ама за мене еВРВ дефинитивно. Толку издржана приказна, толку реална и богата ретко се гледа од американска продукција.
Значи како што кажав на Анџелина и лежат вакви филмчиња и почесто треба да ги снима.Инаку прекрасна приказна а предс е глума.
Овој и Мистик Ривер ми се најдобрите филмови во режија на Клинт Иствуд, подобри нема, препорака секој да ги гледа. Постои еден хорор од 1980-та, The Changeling, ама не е поврзан со филмов од 2008. но и тој е предобар, го препорачувам и него.