1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заменети при раѓање (Switched at Birth)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од The.Rainbow, 6 јули 2011.

  1. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Заменети при раѓање зборува за две различни семејства во кои живее по една тинејџерка на иста возраст. Едното живее во богатство и изобилие, тоа е семејство од високата класа, семејство кое вози скапи автомобили, приредува добротворни забави и ги праќа своите деца во скапи приватни училишта. Другото семејство е сосема нормално, типичен претставник на работничката класа, составено од мајка која заработува како фризерка и нејзината ќерка тинејџерка, кои одамна се напуштени од непознатиот татко. Сè изгледа навистина нормално, освен што не е баш…


    Приказна: Ќерката на Џорџи, Дафни е глува од малечка, кога нејзиниот слух настрадал како резултат на менингитис. Оттогаш нивниот живот претставува тешка борба за нормален живот, да се биде нормално прифатен од средината, додека истовремено средината треба да има разбирање за потребите кои ги наметнува таквата состојба. Сепак, и покрај слабата финансиска состојба, животот во периферијата и отсуството на машка фигура во семејството, изгледа како Џорџи и Дафни да се снаоѓаат сосема добро, па дури постои и некоја ведрина во нивните животи.
    На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни
    Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.
    Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.
    Порака: Заменети при раѓање сака да го прикаже проблемот со слухот и користењето знаковен јазик, како нешто нормално, како дел од животот со кој многумина се соочуваат. Згора на тоа, Кејти Леклерк, која ја толкува улогата на Дафни, има проблем со слушањето и во вистинскиот живот, како и луѓето од нејзината средина во серијата, што на приказната и дава автентичност, како резултат на одличната, природна глума.
    Засега се прикажани 5 епизоди, па тек треба да чекаме да се развива дејството и да видиме што ќе понуди приказната. Во секој случај, замислата е интересна, оригинална и барем засега ветува добар развој во иднина.
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Ова е филм кој ни го препорачуваш да го гледаме?
    Содржината е добра ама дај повеќе податоци околу филмов,каде се емитува,или каде можеме да го купиме или симнеме ? - Го добивме само твоето мислење. :)
    Инаку ова би требало да оди тука: film-i-tv/ :)
     
  3. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    јас ама баш и не сватив дека ни препорачува да го гледаме !
    значи се работи за дискусија за филмов доколку го иамп гледано или ако не си го гледала да земеш да го гледаш !!

    искрено филмов сум го гледала во една бедна ситуација.. онака цел свет ми се распаднал ... и го гледав во такви моменти.. и мхм добар е !
     
  5. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Океј,погрешно сум сватила. :$
     
  6. kara23

    kara23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Во тек е првата сезона на серијава. Почнав да ја гледам бидејќи повеќето од сериите кои ги следам ќе имаат нови сезони дури од септември. Барајќи некоја нова серија наидов на оваа. Не е ништо посебно, но вредна е пораката која што ја има серијата, а тоа е дека не треба да се запоставуваат лицата со оштетен слух, туку напротив треба да им се помогне да се вклопат во општеството такво какво што е денес без да се дискриминираат. Серијата не изобилува со некоја акција и затоа ја препорачувам на љубителите на сериите и филмови со семеен карактер.
     
  7. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    стварно многу добра серија и обработува многу добра тематика, освен очигледната порака за помагање на лицата со оштетен слух тука и она What if? што би било кога би било, резултат на една ненамерна грешка :)
    Интересен податок, глумците што глумат лица со оштетен слух, се глуви и во приватниот живот, вклучувајќи ја и Дафне.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Интересна е... Кога нема што друго да се гледа, баш е заразна...
     
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Се повеќе и повеќе се заплеткува серијава. Секоја епизода нов заплет, со нетрпение ја чекам секоја нова епизода
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Само 10 епизоди ќе има од сезонава? Штета

    А торрент за 9 та најдовте?
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не, серијава ке продолжи да се емитува најверојатно од јануари со нови 22 епизоди.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ја гледа ли некој серијава или само јас си ја гледам редовно? :D
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    И јас, и јас :)
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ти се допаѓаат ли настаниве што се случуваат? Мене ми е интересна серијава ја гледам редовно, онака релаксирачка драма ми е :)
     
  15. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Јас си ја гледам нон стоп, еве вечерва излегува нова епизода па после 4 сабајле ја има на интернет. Стално ја симнувам од extratorrent. Ако имате идеја + за teen серии како оваа, давајте! :)

    Еве ви од мене неколку:
    Pretty Little Liars
    90210
    Vampire Diaries
    Once Upon a Time
    Jane by Design
    Greek
    ...
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Jaс денес ја загледав серијава и интересна е. До 4тата епизода сум негде и ми се свиѓа тематиката. Ќе продолжам да си ја гледам. :)
    И морам да кажам дека Дафни ми е некако посимпатична и помила од Беј. А машките воопшто не ми се свиѓаат.
     
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Серијава дури 32 епизоди ќе има во сезонава ехехе ќе се изнагледаме :D
    Значи Емет испадна најголем фраер во серијава. Ќутенката и сите цури во серијава ги смота. Ми е жал за Беј али кој и е крив што сака толку да му помага.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Aууу страшна работа колку се заразив со серијава. Епизода по епизода ми летаат. Ама многу ми е различна некако. И интересен ми е немиот јазик со знаците, почнав да си пафтам и јас со рацете.
    Среќа ги исфрлија оние педерчињата.
    А Емет многу ми е срцка, какви очиња има. :) Биче жустра борба за него. ^_^
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Емет |(
    Џубре једно. Па како можеше, стварно ме разочара. По се што направи за него, нон-стоп му покажуваше дека го сака. Па и со онаа грдана вештерка. :devil: Беј кога ќе дознае ќе се скрши. А мислам дека и Дафне нема да му прости. Глупав бре.
    Ееее кој ќе чека сега епизода по епизода...
     
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Серијава ми делува како интересна, поготово бидејќи е вклучен и знаковниот јазик кој јас толку многу сакам да го научам. :inlove:

    Ќе можете да ми дадете торент од првите неколку епизоди, па да почнам да ја гледам? :)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.