Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заменети при раѓање (Switched at Birth)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од The.Rainbow, 6 јули 2011.

  1. thevampirediaries25

    thevampirediaries25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Каква е серијата? Убава е или не е нешто посебно?
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    :clap: за серијата, за глумците, за тематиката, за се бре, вечер се опивам у нејзино име!
    Серијава ми е на прво место заедно со Make it or break it!
    Дефинитивно серија која зрачи со топлина, толку погодена и исправна тематика, совршено одбрани глумци, и толку толку најдобра и најпрекрасна е луѓе!
    Мене ми се плаче, ми се рика, само што ја догледав..и мразам паузи, мразам највише на свет!!!
    Арно си се будев и заспивав со неа...

    Морам да признаам дека Беј ме освои од првата епизода најмногу, мојот карактер одма го препознав кај неа, и веднаш ми стана омилена.
    Дафни мислам дека е измислена за улогава, и леже ептен, и тоа што е глува, и како се снаоѓа и се, алал да и е.
    Тоби морам да признаам доста го разубавија од серија во серија, од портокалово портокалче стана плаво бонбонче. :rofl:
    Криво ми е за Вилки, типот беше крајно харизматичен и со добра смисла за хумор, фале во серијата!
    Реџина, милфица, ама на крај кој и е проблемот, си подлегна на порокот, и работа најде и се, и во вода летна пак. Мислев дека е појака, ама не.
    Анџело од старт на нерви ми удри, незнам оти, ама ете, и уште не ми се свиѓа.
    Кетрин и Џон, шо да кажам, искрено, толку страшно ме потсеќат на моите родители, Кетрин на мајка со тоа домаќинското у неа, и шо е подршка за бизнисите на мажот си, што нонстоп готви по дома се е тип топ и ги влече конците, а Џон на татко ми пошто толку слабо му оде комуникацијата и казнувањето со нас, па мора да а слуша мама :rofl: Жими се!
    Шеф Џеф гледам никој не го спомнал како така?! :o :o :fubar: Дефинитивно најдобриот пастув во серијава :lol: Штета шо го имаше само неколку епизоди.

    Се на се, серијава е прекрасна, и не верувам дека на некој нема да му се свиѓа.
    На колку реален начин е прикажан животот на глувите луѓе тоа чудо некое, алал да им е.
    Алал да им е на сите глуви луѓе, животот им го замислував многу поинаку, не вака, но сега бар знам дека ни тие не се ништо поразлични и дека со упорност и храброст, се постигнува СЕ! (иако цел живот се различни, фактички, но ме сфативте што мислам)...

    Е сега, шта кажати ал не заплакати :(
    Одново и одново, во бескрајната потрага по нова серија која ќе ме воодушеви бар слично на степенот на кој ме воодушеви оваа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    ја открив серијава пред некое време и се заразив :D едвај ја чекам новата сезона! :$
     
  4. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Конечно нова епизода :clap:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Да конечно излезе нова епизода.
    Почнаа работиве бајаги да се заплеткуваат гледам дека ќе се поделат ептен секој со својата ќерка, што до некаде и го разбирам Дафне е плукната на Кетрин и на изглед си личат и по однесување и карактерни особини, а Беј на Реџина.
    Мене Реџина малку и не изнервира епизодава, има право и те како да и се лути Дафне, се понаша како тинејџерка а не како мајка.
     
    На teddybear, Mrs.Cuper и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    На замунда а нема новата епизода, линк од каде ја симнавте сирвупле.
    Конечно ќе кажам само! - Една од омилените серии ми е. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Од piratebay барем таму сите серии ги има :)
    http://thepiratebay.sx/torrent/8562632/ ... V_XviD-AFG[ettv]

    Инаку интересна беше епизодава и јас се изнервирав малку со Реџина, али пак и мило ми е што сега ќе почне да се зближува и со Беј бидејќи цело време како да ја избегнуваше немаа некој блиски однос и двете, за разлика од Дафне и Кетрин :)
     
    На anuskaNESTLE и Hipster им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Има на замунда торент Анушка, втора сезона, 11 епизода е. :)
    И мене некако ме нервира Реџина, ама се изгуби целосно. И мислам дека повеќе ја сака Дафне, Беј не може да ја почувствува како своја ќерка. А Тоби не знам што си мисли. Ко божем морало толку да се брзаат, па одма ќе се земале. Дечишта. |( И Тај некако ми е антипатичен, не мораа да го вратат.
     
    На anuskaNESTLE и Hipster им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Па од овие пусти долги паузи заборавив дека уште е 2ра сезона, 3 ја барав јас. :lol:
    Фала ви.

    Инаку - да почнам.
    Реџино ногу ме нервираш, ногу. |( Се понаша како само Дафне да и е ќерка, се понаша како шеф да и е, се нешто и смета и се навредува, демек е жртва, а Боже Господе жено проста ем убава, сама си си крива мури, кога си слаба и си подлегна на порокот - никој не ти е крив, ја немаше неколку недели и одма си иде и на жалби и поплаки а удри со тоа стегнатата муцка, јас сум на страната на Кетрин и Џон, може се расфрлаат со пари - ама боле ли, повредува ли тоа?! Не, на сите им годи, додека има нека има, Кетрин убаво и рече, карактер се граде на други начини.
    Дафне конечно покажа малку кожа :clap: , се во тие џемперчињата запетлана беше, а Беј како Беј, си ја обожавам, уникатна ми е со тие фаци и тонациите во гласот.
    Тај ми е разубавен, оу да, и нешто му се има случено у Авганистан, забележавте колку е поагресивен и не личе на себе. :^)
    А за Тоби, мрсул еден |( , едвај полнолетен си ќе се женел, дефинитивно претеруват со Ники, а Ники дури и на нерви ми удара, не а сакам, ту чрч грл ми е и се нешто ѕенѕа, и сакам да не се земат.

    Оти не излеват по 3 епизоди наеднаш оти... ;(
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
  11. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Епизодата од вчера очекував да е некако wow, не знам зашто! :D И забораив да кажам, Bay ми стана некако досадна. Све на све, не беше лоша епизода! :)
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Абе не беше нешто WOW ама си имаше свои моменти, кои искрено ме изненадија...
    Прво Џон, не ни мислев дека ќе се мисли помеѓу Травис и Тоби воопшто.
    Добра душа има човекот, реално никој не би се ни замислил ни секунда помеѓу детето негово и некој странец. Ма дa според мене требаше двајцата да ги стави на тоа место, зашто двајцата самостојно нема да можат да ја работата работата, а заедно ќе се надополнуваат.
    Не знам што беше со последната сцена, зашто се зачудија Дафне и Кетрин, па имаат и они право да се зближат на крајот на краиштата како што Кетрин и Џон се зближија со Дафне.
    Мене ми се гледа дека многу брзо ќе се поделат, Дафне ќе се пресели константно кај Џон и Кетрин, а Беј ќе си остане кај Анџело. Премногу различни карактери ми се сите за да успеат сите заедно да се сложуваат и да живеат среќно.
    И мене ме нервира Тоби, мислам дека нереално е ова со бракот, па толку млад траканци чуда бакрачи, за што, ни на факултет се нема запишано, не знам мене искрено ми се нелогични тие тинејџ бракови.
    Него Емет го снема сосема епизодава, и воопшто не е во центарот како порано, ме чуди тоа.
    И промо за 13тата
    http://www.youtube.com/watch?v=Bgw_hBvnJc0
    http://www.youtube.com/watch?v=6ASFWTlhk84
    http://www.youtube.com/watch?annotation ... HbnLKpX73I
    http://www.youtube.com/watch?annotation ... -u3kGEzXuw
    Реџина е стварно кучка :o Ама онака безсрамно се испијани, си отиде на рехаб и се враќа како ништо да не било, како да била на одмор. Ме разочара тотално, никаква личност и никаква мајка е.
    Кетрин не се откажа од Беј без разлика што се зближи со Дафне.
    И не ми се верува што читам на јутуб коментари Дафне била разгалена.
    Не знам за вас мене мајка ми вака да ми каже, не знам како би реагирала и дали би била мирна.
     
    На anuskaNESTLE и teddybear им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Жал ми е за Тревис што не го ставија менаџер, искрено сакав да е он, Тоби нека си го живее тинејџерското бре, се запнал да се жене па и да заработувал, глупости, каде се сега пожртвуваните и грижливи родители Кетрин и Џон да го седнат и да му одржат еден добар говор за тоа дека бракот ќе му биде најголемата грешка - и искрено со Ники ли бе, не одат заедно, џабе е, за неа се е премногу, се и смета, и ич не а сакам.
    Арно си живееше Тоби со Вилки, музика, свирење, журчиња, глупости, а не наеднаш од никаде брак, иха, па не е ни бремена(воа е тоа македонското рзмислување нели, јас се шалам секако). |( :D

    Кетрин ми беше чудна искрено кога ја пушти од никаде Беј да спие таму, нели она е малку попасивна, си ги сака и двете за неа, мислам и Џон е таков, а и искрено, Беј ме нервира кога бега од нејзиниот живот се со цел да живее како шо би живеела да не ги заменеле, глупости, нека гледа, нека седе со Реџина и Анџело, ама нека не се прави како да е готово, се е минато, Кетрин и Џон готово - ништо не ја разбираат и ги става у заден план, се фокусира само на минатото, Дафне многу подобро прифати се од неа и си остана приземјена и покрај големиот пресврт на финансиска карта.

    Тај ми е симпатичен лик и со Беј ми се совршена двојка, никако не можев со Емет да ја гледам, и тогаш кога ја изневери со тоа курвичето абе како сум се изнервирала. :@
     
    На Hipster и teddybear им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мене ми се свијаше епизодава, што се смирија Дафне и Беј конечно и сладок е овој Британецов, си одговараат ептен со Дафне.
    Али од следната епизода, пак проблеми, ќе грми изгледа...
    http://www.youtube.com/watch?v=jgjsqXhau6M
    http://www.youtube.com/watch?annotation ... uBvDkAYIlI
    http://www.youtube.com/watch?v=yOygsweGcB4
    http://www.youtube.com/watch?annotation ... lFBWGNYRsQ

    Ептен за закашкаа работиве и со Тоби и со сите...
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Зашто сите ја мразат толку Дафне, боже курва била зашто постојано имала некој дечко, свијач или не знам што. Глупости мене баш Дафне ми е побрибрана од Беј, но единствена сум што така мислам изгледа.
    Во последнава епизода, како демек што би било кога би било Дафне беше гром, какво тело криела ме изненади, баш ми е секси, треба поише здолништа да носи.
    [​IMG]
    И интересно беше да се чуе како Дафне збори природно, има многу мил глас.
    И од следната пак ќе за затупат малку, се не толку битни работи..
    Јас сакам да видам што ќе се деси со Тоби и со жената му, дали ќе ги биде или не?
    Мене ми смрди дека нема да има венчавка на крај, ама ќе видиме.
     
    На Mrs.Cuper и MissDior им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Мене во принцип ме нервираат ваквите what if епизоди. Ама оваа некако ми се допадна. Мило ми е што Џон и Кетрин не се такви луѓе како во оваа епизода.
    Дали ми се чини или веќе некако немаат материјал за понатаму? Почнува се истото да се врти, истите приказни... Што знам, ама некако ми се чини дека нема да тера долго.
     
    На Mrs.Cuper и Hipster им се допаѓа ова.
  17. Freckles

    Freckles Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]

    Bay & Ty - They did it! :D

    Серијава ми е интересна ради тоа што обработува несекојдневна приказна, гледаме со какви проблеми се соочуваат глувите луѓе и добиваме вистинска слика за сите препреки низ кои што поминуваат... Ама стварно мислам дека ова треба да е последна сезона, едино можат да ја спасат ако внесат нови интересни ликови, мада тешко.
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мене многу ми се допадна епизодата What if.
    Дафне конечно покажа малку кожа и морам да кажам успешно си ја одигра улогата, сепак оригиналната Дафне ми е помалку досадна, и треба сериозно возбуда и адреналин, може од Беј да си го позајме, иако и таа малку забегува во последно време.
    Беј ми беше пресмешна со косата, иако сцента со Емет беше преслатка.

    За новата епизода баш што сакав да видам не видов - воопшто не го покажаа Тоби со идната му жена т.е свадбата, иако смрде на НЕсвадба, мириса дека не ќе да се издрже тој притисок, Тоби не може повеќе се гледа.
    Беј и Тај бенг бенг, ако, за убаво нека е, конечно се ослободија страстите.
    Мило ми е што Џон е добро и не му требаше тој муабет што му го одржа на Тоби во врска со сервисот, но сепак татко е нели, добро го охрабрува и го подржува, но Тоби грејниот сака нешто, ама страв му е да писне, сака тој да си оде на факултет, дури и се јави таму.
    Колку сеирџиски ќе бидам приготвена и расположена кога ќе се откаже свадбата, а тоа не смее да се пропуште! Не за џабе рекле - брза кучка, слепи кучиња раѓа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав дека најавија и трета сезона која ќе почне од јануари :)
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Добро зашто Дафне не ми ја оставаат да биде среќна повеќе од 2 епизоди ЗАШТО?!
    У бестрага више и овој ако го откачат не можам веќе ќе се напнам ама најозбилно.
    Ич не ми праат вака ќеф ич.