Како финалево? Спојлер Сепак се земаа Тоби и Ники, ама јас мислам дека направија грешка, допрва ќе увидат. Многу ми беше жал за Беј, не заслужи вака да и направи Тај, знам дека сакаше да ја заштити, ама погрешно го направи тоа. Сепак, не е она некое детенце па да ја лаже. Дафне којзнае како ќе помине, ама добро направи на крај. И Анџело добро направи, се гледаше дека луѓево стварно ја сакаа. Башка он сам да се справува со се, мислам дека немаше да успее. Интересно финале.
Ги изгледав последните 4 епизоди од вторава сезона и последнава епизода ми беше интересна. Спојлер Јас искрено не очекував дека Тоби ќе се земе со Ники, мислев таман откажаа и оп се земаа. Сега уште да остане Ники трудна во следната сезона, па Џон да добие уште еден срцев удар И да и мене ми беше жал за Беј, посебно кога отиде кај Емет. Сепак јас си навивам повеќе за Емет и Беј така да ќе го преболи она Тај и ќе си биде со Емет Дафне добро стори на крајот и сигурно ќе помине се во ред. Сега наредна сезона ќе почне во Јануари
Спојлер Јас пак мислам дека добро направија Тоби и Ники што се земаа, може се и млади, ама ептен никој не беше на нивна страна, ниеден родител, затоа и ми беше мерак А навивам јас за Беј и Тај. Тај ми е типче ипол! Иако не требаше така да каже, како што вика Реинбоу - не се мали деца да се лажат. А ко за беља па имам лошо претчувство дека ќе му се случи нешто
Девојки, која беше по ред What if епизодата? Јас како што ќе излезат ги гледам, не знам како сум се испометкала да не ја гледам баш таа епизода. Помош
Јас според насловите на епизодите, не гледам со таков наслов.. Види на линков, може не гледам убаво http://www.tvmuse.eu/tv-shows/Switched-at-Birth_25884/
Да не мислела на 16та епизода од втора сезона The Physical Impossibility of Death in the Mind of Someone Living?
А јас дури сега ја изгледав серијава. И ептен ми се допадна. Исто како и Ана, и мене оваа серија ми е фаворит после Make it or break it Само не ми се допаѓа што има толку долги паузи меѓу сезоните. Не е фер Мене уште од почеток Беј ми беше омилен лик од серијата, и цело време навивам за неа и Тај. Не можам да ги смислам пак заедно со Емет. Ќе видиме што ќе се случува со сите во следната сезона. Туку, длаи забележавте во колкав број беа црвенокосите глумци? Кетрин, Дафни, Џејс, Паркер, Тоби на почетокот, Емет, докторот на таткото на Емет... Имаше уште некој, ама заборавив
Излезе новата епизода. Спојлер Уф, баш ми беше жал за Беј. Ама не ми се свиѓа овој новиов, како актер мислам. Ме нервираше уште во Гли. Дафни ќе си плаќа сега за последиците. Сите ликови се во застој, имаат место за маневар сезонава.
Интересна ми беше последнава епизода Спојлер Конечно Беј со Емет, мислам дека цела сезона го чекав овој момент, ептен ми се слатки кога се заедно. Ми беше жал за Емет така што го зафркнаа, али барем си го доби он најслаткото на крајот Дафне мило ми е што реши да стане доктор, само многу некако ме нервираше откако го виде тој наркоманот што ја опљачка, крена паника без потреба. Следна епизода дури на 16ти јуни
Отиде серијава на пауза, м? Спојлер Беј пак со Емет, баш ми е мило. Ама оној сиромашкиот без потреба се откажа од братството. Сега па и кога ќе слушне за Беј... Дафни некако ми стана антипатична, уште од оној скандалот не ја можам некако. и ич не ми е за доктор, нема карактер за тоа некако.
Да отиде на пауза, летоска ќе ја гледаме пак серијава Спојлер Туку да и мене ми падна жал за тој, кутриот, ама пак и немаше некоја хемија меѓу Беј и него, уште ги гледав како другари да се, а не во врска. Дафне ни самата незнае што сака, чим за машко неможе да се одлучи, камо ли пак за кариера
Е вака: Спојлер Јас уште потајно се надевам дека ќе се врати Тај и дека сè ќе биде во ред со него и Беј. Они двајца како пар ми се нај нај. Воопшто не ја сакам со Емет, уште првиот пат кога беа заедно, а ни сега. Некако не ми се допаѓа Емет, зборувам прво физички, за карактер не му ни навлегувам повеќе од тоа Некако мислам дека имаше некои 'искри' помеѓу типов што го напушти братството и другарка ѝ на Беј кога се гушнаа, мислам дека нешто се шушка тука А што се однесува до Дафне - исто, никогаш не ми се допаѓала претерано како карактер во серијава. Само не сфатив добро зошто брат ѝ на Беј (и Дафне) отиде во Ирска, а не во Перу кај жена му, тоа се збунив..
^ Спојлер Зашто реши дека не сака цел живот да ја следи неа по светот. Ама не можеа да му ги вратат парите од авиокомпанијата и најверојатно за таму можел да ја пренасочи картата и така испадна. И отиде во Исланд, не во Ирска. И мене ми се чини дека ќе има нешто со Бет, а и баш си одговараат, некако со Тревис не баш.
^ Спојлер Во право си, Исланд, се збунив, дека на 'И' Знам за картата и дека не можеше да ги врати парите, но се мислам сега баш што би правел кај што отпатува. До летоска скроз ќе заборавам
Кој ќе чека сега до летото за нови епизоди! Мразам вака кога ги ставаат на пауза сериите. Туку, Спојлер мене не ми се допадна тоа што Беј му се врати на Емет. Воопшто не ги сакам заедно, и очекувам Тај да се врати за да се стави крај на приказната меѓу него и Беј.
Koга ја даваат на AXN?Оти на реклами гледам дека ја имало на некоја AXN spin?Aма јас таа програма ја немам ..
Почна серијава, има излезено нова епизода денес. Спојлер Интересна беше, не беше лоша. Само Емет ме изнервира, не требаше така да направи. Требаше да им каже дека има слика од него и дека го уценува. А не вака. Мајка му сирота ептен се напна, што е сосема нормално. Пак со Беј, се надевам овој пат подобро ќе им оди.
Некако досадна ми беше оваа, очекував повеќе Спојлер Инаку, баш ми мило за Беј и Емет со него највеќе си идат ама жал ми е за Танк што нема никој сеа. Мајка му на Емет баш се покажа како го уплаши тој