Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заменети при раѓање (Switched at Birth)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од The.Rainbow, 6 јули 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Некако како ништо да не се случува. Дафне ја излудеа, Беј е цвеќе за мирисање и така... Мора нешто да се случува. Треба да и го стават капачето кај и да е, почнале да паѓаат рејтинзите.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Си ја почнав и јас серијава,летово рекорди рушам :D
    Немам изгледано многу епизоди,уште сум на 1ва сезона,ама ептен е релаксирачка и интересна серијата и брзо минат.
    Дафне ми е прав ангел,навистина е душа човек,ги шие сите и со интелигенција и со убавина,а посебно со однесувањето.
    Беј малку ме нервира,иако нема лоша душа,ептен пати за внимание и се е центрирано околу нејзините чувства,а Дафне го преживува истото.
    Емет е ептен сладок,но малку арогантен и се занесува,на почетокот ептен ми одговараше со Дафне,сега мислам дека и е поарно со Вилки или со некој друг.
    Возрасните се добри,Реџина малку иритира,ама исти се со Беј,каква мајка,таква ќерка :D
    Во глобала,супер серија за тепање време во жешки денови :D
     
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Гледав на реклами дека ја има серијава на AXN Spin, но самата програма ја нема. Вие на нет ли ја гледате?
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Does it get better? Гледав неколку епизоди ама не ми беше нешто многу интересно. Уште малце ќе догледам Orange is the new black па не знам што да гледам после, дали да продолжам со оваа ( до 6-7 епизода сум) или да си почнам нешто ново..
     
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Досадна беше последнава епизода, ништо посебно не се случи. Сега видов дека последната епизода од сезонава ќе се прикажува во декември, а од јануари дека ќе почне и нова сезона 4та :)
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мене па баш ми се допаѓа како ја завршија трета сезона, мислам дека четврта сезона ќе биде уште понтересна.Точно трета малку ја отупеа, но направија добар пресврт на крај. Ќе има многу промени, многу кавги, многу заплети од Јануари.
    Дафне сосема спротивно него што беше на почетокот, Беј за разлика од неа многу се промени и се изгради ептен како особа.
    Мислам дека четвртава сезона ќе биде права бомба.
    Промото за 4x01
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Пред 13 саати испаднала првата епизода од новата,четврта сезона. (poolparty)Само што никаде не можам да најдам торент,ако најдете,пратете линк во темава. :)
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас на филмовизија ја изгледав,нема превод,ама бидејќи поголемиот дел е знаковен јазик,нема ни потреба,го пишува на англиски доле.
    Еве и торент: http://kickass.so/switched-at-birth-s04e01-hdtv-x264-asap-eztv-t10047542.html

    Епизодата беше солидна,ништо ептен шокирачко.Не ми се верува колку им се изменија улогите,Беј стана пожртвуван маченик,а Дафне лошата девојка.Добро е што и се налутија Тоби и Емет,навистина претера,а сите ја третираа како ништо да не се случило.Беј пак,кога веќе ја донесе одлуката,нема право да се жали.
    Ќе видиме како ќе се влечка сезонава,ама искрено,нема ништо воодушевувачко,најверојатно ќе тера со мирно темпо како и досега,само се надевам дека ќе биде подобра од 3та.
     
    На Hipster и Waka-waka им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Не беше лоша епизодата. Жал ми е Беј, мислам дека не знаеше баш во што се впушта кога ја презеде вината. Цел живот ќе ја следи ова што го направи, ќе остави трага. Сепак, доста храбро од неа. Жал ми е што им се расипаа плановите со Емет, а и Емет оправдано беше лут. Знам дека и на Дафне не и е лесно, ама сепак...
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Ја гледате ли уште серијава? Што мислите за ситуацијава? Ептен е хаотична.
    Од една страна жал ми е малку за Тенк, ама од друга страна он не беше толку пијан колку Беј. Сепак, не е лош дечко, ама ова цел живот ќе го следи. А не ми е јасно, како само така го избркаа, без докази ништо, плус сите од кампусот што беа на забавата видоа дека и двајцата беа пијани и се забавуваа. Или само така, овој ме силуваше и чао пријатно, отиде животот на дечкото.:wasntme:
    Дафне се извади од глупостите, редот е на Беј изгледа.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам уште серијава, и искрено ситуацијава ми е некако ту мач.

    Се согласувам со Реин, до толку и немораше да испадне за да го избркаат Тенк, без докази плус, само во серии го има тоа (facepalm) Сега го гледав и промото Беј најверојатно ќе раскине со Емет, и овој ќе се сплетка со таа неговата колешка од колеџот незнам како се вика, и цело време ќе биде смири се па скарај се, па ние се сакаме бла бла. :lol:
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Беј испадна класично разгалено богаташко девојченце. Не ми се верува што му направи на Тенк.
    Ја гризеше совеста дека го извара Емет и дека после толку с*рење дека он е варачот и она испадна ништо поарно од него мораше да се извади некако, па им продаде прича дека ете не бил односот баш consensual. Не за џабе имаме ние поговрка после е*ење нема каење.
    И требаше да раскине со Емет, само се влечкаа. Ќе си најде бољи од него. Не си идговараат баш повеќе.

    Дафне чудно многу се смири, конечно и дојде памет во глава. Баш ми се свија со овој новиот, а се мислев дека ќе се сплетка со преведувачот, ама и осеќам дека и тоа ќе се деси.
    Пусти Тоби го откачи и оваа женска, нема среќа у љубовта и о ко сестирите негови.
    Многу ми беше млака сезонава и јас мислам дека треба да ја превршуваат, нека ги убрзаат со колеџ и нека ги дадат после 4-5 години пример, вака преспоро се движи серијава а ништо интересно нема.
    Досега ова им беше најдосадно мид-сизн финале од сите.
    До Јуни ќе заборавам што се десило.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Излезе нова епизода денес.
    Уфффф ептен ми е жал за Беј. Многу лошо испаднаа работите. Финансиски неволји се на повидок, па да видиме на каде ќе ја тераат приказната до крајот на сезоната.
     
  14. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Има уште луѓе што ја гледаат серијава или само јас останав? Ова ќе биде последна сезона, и најверојатно ќе има само 10 епизоди. И уште не е објавена датата кога ќе се врати серијава, се знае само дека ќе биде оваа година. Толку лошо заврши последната епизода, што немам идеја што би можело да се случува понатаму и како ќе ја завршат серијава. Само се надевам дека Беј и Емет ќе завршат заедно, ептен ми се љубовни :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Прекината е?
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Не,на 10 јануари ќе има нова епизода. :)
     
    На choko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Дај ако знаеш некоја слична на оваа , фамилијарја серија . Препорачај ми
     
  18. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав првата епизода и можам да кажам дека изгледа интересно многу е поразлична од овие сегашниве серии што излегуваат.