Да ве прашам како поискусни , две ноќи нешто чудно се случува со поголемкото мое синче , се буди на точно еден саат ,првата вечер плачеше цела ноќ и сабајлето повраќаше , а нема вирус , како исплашен е и од тоа што не сака да јаде има дијареа и сака само сок да пие , а вторава вечер (ноќеска) исто на саат точно се будеше и се тресеше плачејќи ноктите ги гризеше дека го држев во прегратка не го пуштав , а он сакаше да стане кажуваше дека го гледа детето кај него во кревет па потоа кај масата го гледал и морал да стане да го баци да сум го пуштила да иде да го гушнел ,јас му објаснував тивко дека нема дете во собата и дека е само сон , а он упорно кажува не сонувам еве го детето пак дојде и се тресеше така на секој саат и еднаш стана трчаше низ соба плачејќи детето да го гушнел што си зборувале и играле цело време во соба .... Незнам по ова што да мислам и да правам , се ѕверосав цела ноќ мене страв ме фати дека ме гледаше како детето потоа и ме бакнуваше и гушкаше , а никаде не иде во градинка , не е тепан не е каран за да има страв од нешто , исто и нема ниту едно дете со кое се бакнува и гушка вака реално .. Кажете ми совет Модератор : Насловот е дополнет поради промена на дискусијата.
Проблем е што постои детето од ноќеска , а во реалноста не постои и чудно се изрази кога му кажав покажи ми каде е детето и ми рече ќе ми шепне ,а кога ми шепна неразбирливо ми кажа некои зборови што се наежив и око не склопив од страв .. Никогаш не сум се соочила со ваков проблем и незнам што да направам .
Можеби во реалноста му е потребно другарче со кое може да се гушка и бакнува па си го створил во својата фантазија..... Да пишеше за возрасен би ти рекла да оди на психијатар ама ова е мало дете така да.... Се дружи детето со други дечиња,излегувате?
Искачаме , си играме преку ден и деца тука кај нас има само уште две , а исто и братучедчиња му се и секој ден се заедно ама не се бакнуваат и гушкаат стално , ова он што го кажува е само додека спие и детето постоело само навечер .. Не сакам да го прашувам постојано ама он сам кажува , и сега пред да спие кога затвори очи пак рече еве го тука е пак детето..
@❤️Sneze❤️ немам искуство, ама од што имам читано за децата и замислените другарчиња, воопшто не е реткост и не е нешто страшно и особено се случува кај првите деца, или деца што немаат сестра или брат. Креативноста им се развива така, си замислуваат и ако се осамени си сакаат друштво. Друго што може да е, особено ако е исплашен, од видеата на youtube ако ги гледа. Мислам на тие страшните што се појавуваат со деца и возрасни.
Не те сватив разбра што ти кажа или не разбра? Разговарај со него преку ден кога е целосно свесен да видиш што ќе ти каже. Распрашај го кое е, како изгледа, каде се го гледа......богами и јас се наежив. Само навечер или и преку ден го гледа?
Измислено другарче е тоа. Ние имавме измислена мачка, зајче и детенце што се викаше Лука. Ги носевме сегде со нас, а децава се однесуваа како да се вистински. На Лука, јас дури и јадење му давав. Еден тањир за него, по еден за децава. Со измисленото маче се пиеше млекце, а со зајчево јадевме моркови. Малку ти изгледа можеби морничаво, ама е нормална развојна фаза и поминува. Ја имаат добар дел од децата. Измислено другарче може да постои и ако детете има некој проблем со кој не може да се соочи. На пимер ако е многу немирно и прави бељи, истиве му ги препишува на другарчето за да не го карате. Всушност, од таа причина е измислено. Фаза е, поминува.
Моите роднини имаа ваков сличен случај пред неколку години, ќе споделам со тебе може ќе помогнам. Детето нивно се будело секоја ноќ во исто време и врескало и плачело на цел глас. Викало еве го тука е го гледам, а во собата никој немало. Знам многу маки видоа тогаш, око немаа склопено, ќе легнат луѓето но знаат дека детето повторно ќе почне да вреска. Почнаа да го носат на бајачки, кај една, кај друга, кај трета, сите во околината ги прошетаа но ништо. Потоа некој им рекол да го однесат детето во црква, попот им дал крстена вода да попрскаат низ дома и од тогаш детето престана да се буди. Одамна беше, не ми текнува на сите детали, сигурно нешто сум испуштила.
Немаше буквално ништо и одкога почна да вика дека детето го бара да се гушнат и да се бацат од плачење што не го пуштив да стане од креветот качи температура и поврати , ама ова од што плачеше , а има и братче се играат цел ден се е весело нема никаков проблем преку ден , не е хиперактивен и послушен е многу , никој не вика по него за да е исплашен , YouTube ми е симнато оноа YouTube Kids и тамо нема ниту еден лош циртан кој би му влијаел , не е приврзан за никаква играча па да помислам дека ете за играчка дете плаче ама ете не , ќе видам и оваа ноќ како ќе биде ,навистина не верувам во тоа дека ете некој нешто има сторено или е за бајачки ама на денешницава ништо веќе не се знае , секаков народ има , ама да не мислам на тоа , не сакам . Кога е свесен и ако го прашам ми кажува дека е дете вистинско што се играле само кога спиел во кревет доаѓа кај него , а сега го барал да се гушкаат и бацат ќе си одело и пишти сончево до заоѓање навечер секој саат со исти зборови и убедувања дека го сака детето и дека морал да иде да го баци и гушне , го пуштив да стане и трчаше низ соба без да знае што прави .. Ќе се јавев на докторката ама не сакам до толку одма да паничам башка и празнични денови дека , па си реков совет од вас да побарам.
Јас мислам од плачење не е можно да се крене температура. Истото го имам слушнато и од нашиот педијатар. Мора организмот да се бори против нешто (вирус, бактерија,..) за да се крене имунолошкиот систем на телото и да ја повиши температурата за да се одбрани. Во случајот бидејќи спомна дијареа и повраќање може да имал стомачен вирус.
Јас како мала кога ќе качев висока температура имав халуцинации со бладање. Не е ништо страшно, не се замарај. Може да го однесеш да поразговара со детски психолог ако мислиш дека е исплашен.
Преку ден е се нормално весел и си игра дијареа само вчера имаше денес нема ништо , а од како е роден ако плаче повеќе од 20 мин одма качува температура и повраќа без да има стомачен вирус или инфекција Далерон му дадов како превентива за температурата .. Како и да е ќе видам вечер како ќе биде , ако биде пак исто ќе бараме решение некое . Фала ви на одвоеното време и за советите
Колкаво е детето? На психолог превентивно, под итно. Може да станува збор за траума, може е некое рано психолошко пореметување. Мора да се види таа работа, па макар да станува збор и за обична замисла.
И јас имав халуцинирано при висока температура ко мала, дури се сеќавам гледав некоја играчка со црвени копчиња, ги притискав, и другиот ден ја барав играчката дома. Снеже следи го како ќе се однесува наредниот период, па позборувај и со стручно лице, да не ти е мисла.
Дали скоро ви се случила некоја нова или преодна ситуација? На која возраст е детето? Замислено другарче не ретко е индикатор дека детето не може да ги контролира своите чувства. На пример во случајов стравот што го има ноќе. Го измуслува другарчето за да му биде подобро, затоа сака гушкање со него. Јас прееска не прочитав се, оти ова беше во друга тема. Мислам дека детето се соочува со ноќен терор или страв кој го доживува како резултат на кошмар. Причината е секогаш во реалниот живот. Ако продолжиш да се грижиш, консултирај се со детски психолог.
Нема простор за паника...Сигурно станува збор за дете на мала возраст. На детето му се развива фантазијата, може му треба другарче или му недостига некој. @Lianna Anna ме насмеа, зашто и брат ми имаше исто така другари, Роналдо и Алекс. Каде и да одевме и тие доаѓаа со нас... во кола некогаш немаше место за мене, за тие двајца да седеле до него, кога јадевме исто и за нив остававме чинии. Им зборуваше, ги држеше за рака, играше жмурка со нив низ дома, се тепаше со нив...После со тек на време ги заборави...Тргна во градинка, во школо и толку. Кога порасна ни кажа дека не ги гледал децата, туку ги чувстувал до него. Мајка ми одеше на работа, па она му фалела по цел ден и затоа си создавал другари за да го потполни времето додека е на работа.
Сега сме дома сите и јас и сопругот така цел јануари , има 4 години чисто и јасно зборува од година ипол вакви работи мимсе чудни за него дека е мирен и послушен , не е бесно дете или дете што му фали прегратка дека постојано е гушнато со мене , братчето или татко му , со други деца не сака да се гушка ама си игра . Ако продолжи вака ќе разговарам и со стручно лице .
@JollyGirl Ние ги носевме и на одмор, две години по ред. На плажа имавме празен пешкир за нив и никако не смеевме да седнеме на него, оти да не ги нагмечиме. Скроз влеговме во играта и јас и мм. Помина само од себе.