Да, ама по чиј критериум си во право? Што е вистината? Што ако мајката беше атеист или од друга религија ете?
A што е „РЕМ“ фаза на мозокот?! жити се?! Се користи како „РЕМ фаза кај човекот“ кога, еден дел од мозокот ке се активира (да речам свеста) додека другиот дел од мозокот кој е одговорен за мускулатурата на телото, сеуште не е активен.. Инаку тоа подобјаснува, кога ке се разбудиме, сваќаме дека сме будни, но не можеме да се подмрдниме, цела мускулатура е блокирана, будејќи се од РЕМ фазата.. долг е описот за „РЕМ“ фазата.. Но во случајов, упорно ја употребуваш „РЕМ“ фазата... која нема воопшто врска со муабетот и контекстот на темата!
Секој верува во тоа што си сака и мисли дека треба да верува , нема потреба од убедувања . Побарав совет или искуства слични , не побарав извадоци од научни докажувања или делење на вери . Секоја вера си има различни верувања , да го однесам на психолог тогаш знам грешка дека правам дека детето ќе се исплаши од него/неа повеќе одколку кога на мене може да ми каже се убаво , го разбрав се што ми кажа и што гледа , сега веќе знае дека не треба да се плаши и пак да му се појави детето , знае дека кога сум до него не треба од ништо страв да има и така сега си прави , пред спиење си кажа дека не се плаши од ништо дека мама е до него . Знам дека случајов не ни е за на психолог по тоа што не е случај кој има страв и халуцинации преку ден туку два ноќа по ред , ноќеска имаше само од 1 часот до 3 и толку повеќе си спиеше мирно како ништо да не било , знам дека нема да се повтори , што и да било зад нас нека остане . Ајде имајте убав ден и не се докажувајте кој колку знае или е во право , бидејќи секој си има свој став во што и како ќе верува , јас сепак ви благодарам на одвоеното време и советите .
Убаво објасни. А сега можеш да заклучиш и зошто ова има врска со состојбата. Бидејќи се работи за преодна фаза од длабок во лесен сон, а нервниот систем се уште не е оформен во целина.
@kristina.k Gog Da cuva...majka mi ne e ateist, nikoj od nas ne e atesit, Valjda ne sme mali deca pa da ne znaeme sto znaci rem faza na mozokot ili detska fantazija.... A vo slucajov so temata ova ne e nikakva detska fantazija koga deteto go gleda jezivo izmislenoto drugarce i se plasi od nego, fantaziite na decata ne se jezivi. Sekako deka i naukata e tuka, ama za nekoi raboti ni naulata nema objasnuvanje. A kazi mi koga umira covekot posle toa sto so nego? Spored naukata?
РЕМ фазата е фазата во која сонуваме. Ако се разбудиш во РЕМ, се сеќаваш на сонот. Ако не се разбудиш, не се сеќаваш ни дека си сонувал. Нејзиното дете сонува, не е ни свесно дека сето тоа е сон, не ги препознава родителите затоа што е целосно можно да сонува со отворени очи, па затоа мајката му личи на "детето". Едноставно е, ама кој да сфати.
Не исчитав се само пишав набрзина.............ама сте се распишувале . Ова човечкиов мозок ти бил цела вселена со неоткриени галаксии . Јас сум за да проба жената со секој метод......што се вели кога станува збор за детето се ќе пробаш....дури и со тоа во кое не веруваш. Иако е резултат на мозокот, да бидиме реални морничаво е, а со самото тоа што е морничаво предизвикува дополнителен страв. Сум имала парализа во сон, како нешто тешко да ме потиснало, ни можев да претнам,ни да мрднам, ни да изустам збор...иако знаев за што станува збор,ме фати страв и паника...срцето 300 на саат ми чукаше...многу непријатно искуство.............па уште ако ми се привидеше нешто. Во некои ситуации кога сум била под стрес сум слушала и чекори,отварање-затварање на врата (во полусвесна сотојба),кога отворам очи нема ништо се на свое место. Ете мозокот знае понекогаш да си поигрува нас. На мало детенце навистина може да му биде уште повеќе страшно....само Снеже не оставај да трае долго да не се продлабочи стравот...ако не помага едно,барај друго чаре. Со помин и што побрзо да заврши.
Во денешно време уште на гатачки и бајачки им верувате? Од тие преваранти детето ќе се трауматизира. Убаво е да си верник, да веруваш, да се надеваш...Ако сте христијани појдете за празнициве во црква/манастир, може таму ќе се смири со молитва...Ете Божиќ доаѓа, најголем празник. Доколу пак продолжи со исто темпо, тогаш лекот е разговор кај психолог. Има детски психолози...Тие се фини и добри луѓе...Не учат за џабе факултет. Се однесуваат како другарчиња со децата, па преку играчки, цртежи и разговор ќе го опуштат и ќе му помогнат. Сепак, дајте му време на детето и мислам само од себе ќе му помине. И мене ми се има случувано на сред ноќ да станам и да халуционирам. Кога сум била мала мајка ми била до мене, а јас упорно сум се дерела и сум ја барала...Сум плачела и сум викала ти не си мама, сум ја туркала од мене. После имам гледано верверички во соба како скокаа на сите страна, а јас си играв со нив. Тоа е месечарење, халуционации....Само од себе ми поминало....Секое второ дете има таква фаза во развојот, ама доколку не поминува тогаш се бара чаре, било каде освен кај гатачки.
Метаболизмот се менува за време на фазата на умирање. Престанува бубрежната функција. Количината на урина се намалува, изгледа потемно, мириса поинтензивно. Дишењето станува побрзо или побавно. Интервалите стануваат неправилни. Циркулацијата на телото се менува. Пулсот станува слаб и побрз, температурата на телото паѓа, рацете и нозете се ладат. Активноста на мозокот се намалува, така што перцепцијата функционира само до одреден степен. Се случува намалување на степенот на вид и слух се додека срцето не запре. Неколку минути откако кардиоваскуларниот систем престанува да функционира, се јавува мозочна смрт. Мозокот е првиот орган кој ја губи својата функција поради недостаток на крв. Неколку секунди по прекинот на снабдувањето со кислород, сензорните сили се неуспешни. Метаболизмот престанува да работи. По околу 10 до 15 минути, клетките на мозокот умираат. Доколку функциите на мозокот неповратно пропаднале поради недостиг на кислород, се зборува за т.н. мозочна смрт. Телото се распаѓа и толку. Да не сакаш и да ти објаснам и зошто телото се распаѓа? На крајот од финалната фаза, последните клетки исчезнуваат. Ова е проследено со напуштање на мртвите тела на клетките. Бактериите го колонизираат ткивото и телото се суши. Ова е проследено со распаѓање, во кое меките ткива се дезинтегрираат додека не остане само скелетот. Процесите зависат од температурата, временските услови, облеката на телото. Поздрав.
И ти ништо не знаеш... се оди во рајот или пеколот. Клетки, врагови... ај се кладиме оти "соговорниците" твои веруваат и во хемтреилс и се анти гмо? Јер толку разбираат.
^ Не пропуштате прилика да навредите а зборувате сме биле вакви такви. Вие во ниту еден наврат не бевте навредени тоа значи почит на мислење а вие "не едуцирани,испревртување зборови,не разбираат" браво супер се покажавте. Не значи дека ако не верува во наука е неедуциран или не разбира. Нормално дека тој што го нема доживеано нема да разбере. Тоа е исто како што некој доживеал клиничка смрт и пробува да објасни и нема ни да разбереме затоа што не сме искусиле.
Jas samo ke ve zamolam.bez navredi i takvi raboti. Ako se zboruva ili debatira treba toa da se napravi na kulturen nacin , a be demek nie sme glupi, a vie ste pametni. Mislam ne sme mali deca pa da dojde do navreduvanje. Kako i da e, seto toa sto go napisa site go znaeme deka covekovite organi prestanuvaat da rabotat i taka nastanuva smrtta, toa i malo dete go znae. Mislata mi bese druga. Toj umira i tolku... ? Na kraj site ke umreme, zosto? Zosto mora da se umre? Zosto nikoj ne e besmrten? Kako e naucno dokazano ova? Naucnicite za se li imaat objasnuvanje? Znaeme deka postoi nauka, ama za odredeni raboti ne postoi objasnuvanje sto pati go napisav ova. Ps. Gi zamoluvam medatorite da gi premestat mislenjata na soodvetna tema, ili da se otvori nova. Zosto nema smisla, zenatta si ima maka nie si gi pokazuvame stabovite loj vo sto veruva.
@iloveyou29 @referentka тргнете ги непотребните мислења.Некој да се нафати да чита ништо нема да сконта од офф топици @Lella смести ги во соодветната тема.
Најпросто кажано, мозокот што може да ти направи, не може ни најголемиот непријател. Најбитно е да се едуцираме, а не да веруваме во натприродни сили кога немаме никакво објаснување за она што ни се случува нам/на нашите деца во одредени моменти/периоди. Убаво си беше објаснето погоре, централниот нервен систем кај детето не е доразвиен на таа возраст и нормално е децата за соништата да мислат дека се реалност. Ноќниот терор не е така редок кај децата, напротив. И големиот кај мене помина низ таа фаза кога имаше година и пол, за среќа кратко траеше. Не направив ништо посебно, само што го смирував во раце без да му зборувам (или тивко му пеев), чекав да се разбуди самиот.
Во оснос на ноќен терор, ќерка ми која има 6 години, веќе втора година, неколку пати има доживеано нешто такво. Минатиов месец имаше два пати, сред спиење почнува да мрда, да клоца, нешто неразбирливо мрмори, па појачува со плачење до стадиум на липање, вриштење, зборува нешто на неразбирлив јазик, некогаш англиски, некогаш и македонски. Ја земам во раце, ја иставам од кревет, палам светло, ја носам во друга соба. Во таква состојба некогаш е и по пет минути,што не е малку, отворени и се очите,но не е будна, блада, зборува, некогаш опишува нешто или некого ...неубава слика ми е, верувајте многу се грижам. Некогаш се смирува и заспива, некогаш се буди и во истиот момент не се сеќава на ништо од тоа. И наредното утро воопшто не се сеќава. Објаснение наоѓам тука Во однос на измислено другарче, имам пишувано негде по форумов. Кога имаше 4 години почна да кажува како гледа некоја баба, дури и необично име имаше, ја гледаше денски, ни велеше стани од креветот и седна врз бабата,пази минуваш низ неа и сл. Опишуваше како имала крила, доаѓа со летање а живее на небо, дека ја боли кичмата,слабо гледа со очите и некои за мене потресувачки факти, зошто мојата мајка е почината пред 10 години, ја видела само на слика и знае дека е почината,колку што едно дете може да знае што значи смрт, но болките кои ги опишуваше како би ги знаела ќерка ми, а мајка ми навистина имаше се од наведеното Иако и јас сум голем пристаник и познавач и почитувач на психологијата, а и на науката воопшто, само сфаќам дека колку повеќе барам објасненија во истата, толку повеќе таа ме води кон "другата наука" а не мислам на бајачи,да се разбереме
@Nalutena1 воопшто не мислев на мајка ти, туку на мајката на детето, т.е на Снеже. Без да се знае вероисповест и воопшто дали е верник беше советувана за црква, темјан и слично, на тоа мислев. Кажа мајката дека редовно одат в црква, ете и темјан имаше, прашањето ми беше што ако беа муслимани или атеисти на пример, и тие деца доживуваат ноќни терори, како тогаш ќе ја објасните таа вистина што ја спомна @buba4e89 И кажав и јас сум верник, одам во црква и се, ама за вакви работи поврзани со мозокот, спиењето, работи кои имаат објаснување не можам да ги негирам фактите.
Ова е исто како да ме прашаш зошто се раѓаме. Сериозно? Ако ги знаеш работиве, впрочем нели и мало дете велиш дека ги знае, тогаш не се расфрлај со запоседнување на мрачни сили, кога е толку многу едноставно. Се работи за ноќен терор и ништо повеќе. Што сакаш да ти одговорам, дека постојат рај и пекол? Жал ми е што ќе те разочарам, ама смртта е биолошки феномен. Морталитетот има биолошка основа. Ако сакаш да ти расправам за душата, можам, ама единствено од филозофски аспект и во соодветна тема. И тоа секако нема да значи дека духовното е над материјалното.
А што е битно? Знаеш колку муслимани бараат спас во наши цркви , колку атеисти стануваат верници и стојат во прв ред на литургија? Појма немате... И како да имате кога не верувате. Не е битно, нека помага. Слава му!