1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замислено другарче или ноќен терор?

Дискусија во 'Дете' започната од ❤️Sneze❤️, 1 јануари 2018.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    @kristina.k муслиманите имаат џамија. А за атеистот не дебатирам затоа што не одобрувам таков поим.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Petra777 ако читаше добро ќе видеше дека сум верник. Одам во црква, се причестувам, имам духовник. Не сум фанатик, немам потреба да проповедам на форум, верувам и во медицина и наука. Прифаќам и муслимани, и атеисти и луѓе со различно мислење и верување од моето. Не судам, тоа не е својствено за мојата вера.
    Нека ме бришат за офтопик, ама ја претеравте веќе.
     
    На Lolipop23, Annath, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Македонче не е ако не извади крст при само споменување на психа.
    Да ве прашам, да имаше детенцето нешто друго како кашлица или оток на рачето или што и да е, ќе и кажевте на мајката веднаш да оди в црква или на дежурен?
    Гле замислете, јас сум и медицинско лице и верник. Си одам в црква кога ќе посакам, не чекам да е празник, си палам свеќа, си се молам, си наоѓам мир на душата. Но верувам и во медицина и наука.
    Мозокот (читај: психата) е дел од човечкиот организам во целина, па како што се загрижувате за било што телесно и барате помош на лекар, истото е и од психички аспект.
    Тука бар е веќе очигледно за што станува збор, и дека е тоа нормална и минлива фаза во развојот на детето, но не ја сфаќам потребата да се бега од темата психолог како ѓавол од темјан (pun intended).
    Луѓето може да се верници и без празни проповедања на форум, и без неприфаќања на туѓи верувања и убедувања, така што ич потреба се немало од десетинава испишани страни и препукувањата во нив.
    Мајката може за мир да си го однесе в црква, а може и да си поработи со детски психолог, како што впрочем секое детенце и би требало да си работи: да, замислете, психологот не е за (со ваши зборови) - луди.
    Мислам, време е да се помират сите дека религијата и медицината не се исклучуваат едно со друго.
     
    На green.eyes, SV1911, Lolipop23 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    @kristina.k не се однесуваше тоа доле на тебе. Кажав примери што знам. Тебе ти одговорив на прашањето што ако е муслиман или атеист.
    Ок е, дадовме совети, има тема религија, тука нема простор за потсмев од типот "1:0 за религија" , " да оставам пешкир" и сл...Почит малку.
     
    На Rama, kristina.k, Nalutena1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Снеже зафатена сум деновиве со гости, па немав време да ја прегледам целата тема. Мислам дека можам да ти помогнам, само не успеав да се снајдам на форумов за да те исконтактирам лично, најверојатно е забрането на твојов профил било кој да те контактира.
    Не би зборувала за ова јавно, но мислам дека знам доктор кој може да му помогне на син ти.
    Би сакала да те исконтактирам лично, доколку си согласна со тоа :)
     
  6. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Фала што пиша , сега за сега доктор не ни е потребен денес е добар и преку ден спиеше мирно исто и ноќеска пола ноќ ја преспа мирно до сабајлето , мислам дека од ноќва се ќе биде добро :)
     
    На buba4e89, Nalutena1, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Мислев на доктор на теолошки науки, не медицински. И јас не би ти препорачала да го носиш по психијатри, во болници, детето само ќе се истрауматизира. Ова го пишувам од лично искуство, човек кој мене ми има помогнато. Би сакала да ти кажам во случај истово да се повтори, сепак секој родител најдобро си знае за своето детенце :)
    Мило ми е дека му поминало, се надевам нема да му се повтори, повторно да се мачи.
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Бајачи, врачови, верски службеници - не, си има наука.

    Најди добар лекар, исклучи ги сите физиолошки причини, ме ремети ова со температурата, да не е некоја инфекција, менингит нешто - скраја да е, провери дали има невролошки причини и потоа однеси го на психолог. Воедно, треба да се провери дали можеби детето е затруено со нешто - намерно или не, пристап до хемикалии, лекови на дофат на рака... Можеби некој намерно го малтретира, се изживува врз него.

    Ова не е од ништо, за секоја последица има причина, е сега што не ја знаеме причината тоа е друго, ама тоа не значи дека таа не постои.
    Посвети време и внимание, не мора да знае детето, а и било кој друг, дека го пазиш, ама пази го, во секој поглед.
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
  9. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Не преувеличувајте веќе ок е , напишав дека тт имаше само една ноќ (првата) а втората ноќ само ова со детето и толку , ок е денес , нема никаков вирус ни бактерија , исто и скраја да е менингитис , далеку од тоа .
    Да продолжеше така како таа ноќ секако прво со педијатарот ќе се посоветував па потоа ако имаше потреба со психолог , сега за сега психолог би ми го изтрауматизирал повеќе детето , ситуацијата денес е нормална како што и си беше порано се надевам повеќе такво нешто нема да се повтори ...
     
    На buba4e89, Nalutena1 и Petra777 им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Извини, но зошто мислиш дека психологот би ти го истрауматизирал детето? Од каде таков заклучок?
     
    На SandStorm, Annath, Dream-Girl и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Жената сака да се затвори темата, мислам ок е. На глава и се качивме. :).
     
    На buba4e89, ❤️Sneze❤️ и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.181
    Допаѓања:
    27.359
    Можно ли е да сте толку без осет?Јас верувам во Бог,но верувам и во науката.Не можеме да велиме дека струјата ја создал Бог,кога има научник.Има и факти.Едно е дискусија за соодветна тема.Ама ова веќе е препукување кој знае повеќе.Како на некој квиз да сте.Доколку некој е цврсто убеден во научни факти не можете да го предомислите во спротивното.Истото важи и доколку некој е цврсто убеден во големата сила на Бог.Наместо да и помогнете на жената вие се препукувате.Е,браво.
    Он топик:
    Отидите во црква,можеби самата атмосфера ќе му делува на детето релаксирачки.Можеби додека е уште мало ќе си создаде слика дека некој е горе и го штити.Малите деца често подлежат на работи како суперхерои кои го штитат светот и слично.Мој најдобронамерен совет е да не одите на бајачки.Тие што си веруваат во бајачки нека веруваат,ама мене никој не може да ме убеди дека со пет прошепотени збора и пу пу ќе мине маката.И веќе ако одиме во тие крајности не можеш да веруваш и во Бог и во бајачки.Нема смисла.
     
    На Rama, Dream-Girl, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Може да не реплицира.
    Ама вакви муабети дека психолози трауматизираат деца, не би да преќутам.
     
    На SandStorm, Annath, Јаневски и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка стана славен психолог и семеен советник. Таа што ме тешеше кога раскинав
    со дечкото, да сум му запалела свеќа во црква наопачки и ред други работи. Мислам... немам зборови.Таа што нема задржано дечко еден месец, стана семеен советник. Таков да лечи? На нормално ти личи ова?
    Сестра ми студираше психологоја, знам какви се има, за ниеден проблем не би барала решение кај нив.
     
    На TrinityNeo, buba4e89, Nalutena1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.175
    Допаѓања:
    175.520
    Пол:
    Женски
    Од психолози бегате како зли духови да не опфатиле. Ќе банкнотирам пред да се вработам. :D
    За членката од првото мислење, можи да не се работи само за замислено другарче, обрати се кај стручно лице колку за проверка. Ќе шкртни неколку цртежи, ќе поигра малку таму. Ништо страшно, ништо трауматично. (fingers)
     
    На SandStorm, Stephen Amell, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Тогаш идете нека ви баат со ритуали и нека ви трауматизираат деца, уместо да работи со нив стручно лице врз основа на игра и специјализирано за истото.

    Какви се Петра?! Сестра ми работи со деца. Каква е сестра ми?! Какви се психолозите?!
     
    На kukla21, Amellie13, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  17. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Затоа што сигорна сум како траума ќе му дојде што тоа му се случуваше и едвај мене ми кажа се убаво и го разбрав , секако дека јас како мајка можам повеќе да му помогнам , а ако некој што никогаш не го сретнал ниту па го познава и наеднаш го прашува нешто знам дека никогаш нема да одговори и само уште повеќе ќе плаче и ќе прашува кој е тој/таа да прашува.

    Навистина преувеличивте , се повлекувам од темата .
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.175
    Допаѓања:
    175.520
    Пол:
    Женски
    Душата продаена ни е на Луси. :makeup:
    Мајтап на страна, од прилика знам зошто некој не би одел на психолог, особено не дете да носи и не е само ради комшиите, за жал.
    Не ни е толку напред општеството. :(
     
    На Stephen Amell, Dream-Girl, PaLaVa и 12 други им се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски

    Јас не ти велам да го носиш ако не сакаш, ама не е вистина дека ќе го прашува наеднаш и ќе го заплашува. Имаат детските психолози други методи на работа, а и ти кога би сакала да го однесиш можеш да го подготвиш теренот и кај малиот и со психологот да се договориш. Преку игра, несвесно ќе се отвори и ќе раскаже.
    И мислам сите добронамерно пишавме, доста беше исплашена, се надевам нема да се повтори. А и дел од мислењата не беа поврзани со вашиот проблем.
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На Annath, *Amethyst*, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Се гледа дека не си упатена во работата на психолозите, посебно детските психолози.
    Ама, твое си е.
     
    На SandStorm, Annath, kristina.k и 8 други им се допаѓа ова.