Којзнае со какви луѓе си ти опкружена. Ама твоето лично искуство, нема никаква врска со професионалците.
Не сум против и не реков ништо лошо , секако напишав до сега дека сум благодарна на секој совет и мислење . Да продолжеше ситуацијата секако дека ќе побарав и мислење од педијатар ако беше потребно и од психолог не реков дека не , ама сега за сега не е потребно тоа и се надевам нема да е потребно .
Не сакам да и откријам идентитет. Не е било која. Не сакам да и наштетувам на кариерата. Глуми како е совршено се околку неа, а уствари се е лага. Толку. Не пишувам повеќе.
Не знам дали прочита, јас касно се приклучувам кон темава. Нема детето да се прашува ништо. Ќе му дај да црта и да игра. Па дур црта ако го праша нешто за цртежот. Навистина не е страшно. Во секоја професија има такви примери. Зошто генерализации? Јас сум ѓубре чоек, ама не и колешката, на пример.
Јас знаете што би предложила? Студии по психологија, специјализација по психијатрија на медицина – ма тоа сѐ бре да се испоукине и затвори, а тие што веќе дипломирале – да си ги искинат дипломите и да ги џитнат у контејнер. Што ќе ни се такви чуда западни, луѓево у 21 век ќе идат и децата ќе ги носат исклучиво по цркви (не само за смирение – што ништо немам против, туку како главно и единствено решение), или по бајачки! Знаете ли дека (идни) психолози има тука и/или ве читаат? Знаете ли дека и други луѓе со потенцијално сериозни проблеми во потрага по решение за истите, ве читаат?! Некои овде стварно не мислите пред да кликнете испрати, еј! Срам ме фати, secondhand embarrassment на најјако... Страшно!!!
Луѓето не треба да се консултираат со психолози, туку да се вратат во средниот век и да одат по бајачки и попови, затоа што некоја твоја познаничка психолог глумела како се и било совршено? Ај ако не луѓето да не идат на забар затоа што јас познавам забар на кој му смрдат чорапите. Темава во целост го отсликува македонскиот малограѓански менталитет, срамота е да се посети психијатар/психолог, па после се чудиме зошто секој трет во државава е алкос, зошто дијазепами се голтаат како бонбони и зошто деца фрлаат петарди во устата на кучиња.
Мешаш баби и жаби. Знаела баба ми за апчиња и психолози... @theowndemon неа ја посочив, сестра ми студираше еден период психологија, така да знам доста примери. Ваша одлука е, само внимавајте каде одите.
Човек помош да не побара од форумов. Ццц што народ ќе бевме,женичката мака има овие се тепаат. И и помогнавме,повеќе ја збунивме. Дај оладете малку
Јас студирам психологија. Мојата лична перцепција за колегите не ми е толку важна ако тие еден ден се успешни психолози. Ако се успешни, добро прочуени, значи ќе вредат парите кои ќе ги оставам кај нив, ако и понатаму не се добри секогаш има други опции. Поентата ми е, еден е професионален живот, друг е приватен, а ретко кој ми се допаѓа мене. Јас сум свесна за моите недостатоци ама чинам и другите се. Кога еден ден некој ќе дојди кај мене, најмалку треба да му е грижа дали сум срање чоек ако јас ја завршвам работата и одржувам етички однос со него/ неа. Ова ми е поентата за делот каде спомнав генерализирање.
Епа кај многумина ја нема. Тоа сакав и јас да кажам, затоа реков да се внимава каде се оди, а не да не се оди. Лично јас, не би.
Тоа што ја нема е непрофесионалност и ако се сретни некој со нешто такво треба да реагира. Дали во соодветна институција, или ако тоа не профункционира - лоши вести брзо се шират.
Ако ние како мајки можеме повеќе да им помогнеме тогаш нема потреба воопшто од психолози, нека си ги искинат дипломите, нека се сопрат студиите! Ние ќе си ги спасиме децата, ние ќе си ги лечиме, ако ние не можеме тогаш некоја бајачка ќе зврши работа, или евентуално црквата! Не се сложувам Снеже, не, не... Ова што ви се случило се случило на многумина, ќе се случи исто и на други... Не е нити срамно да се побара помош од стручен, нити пак е нешто по кое детето би се етикетирало како психички болно. Ова е нешто што би можело да се реши, ако навреме се започне и ако на право место се побара помош. А можеби и само од себе ќе мине, што знам што да кажам. Посетувањето психолог до кога ќе биде табу тема... Не велам јас дека нема промашени психолози, исто како што има и неуспешни гинеколози, општи лекари и други доктори... ЗАтоа посочивме да се бара помош од ДОБАР психолог, значи да се распараша и да најде некој кој ќе знае да помогне. Не мисли дека само ТИ како мајка ќе успееш да го рапрашеш и да извлечеш информација од детето. Што мисли ти, што учат тие псхолози? Зарем сметаш дека нема да можат да го придобијат детето? имат тие свои методи, дали преки цртеж, преку игра, преку разговор, приказна... било како, имаат методи и можат да помогнат. Ако тебе тебе ти е полесно да заборавиме на проблемот кој го сподели, и да кажеме - ОК , помина од тамјанот! тогаш нека биде така... Можеби стварн се напна со темава, ама дискусија има дали баби и цркви решаваат тави проблеми или си има психолози за такви проблематики.
Јас мислам дека не ни побарав име. Ниту ме интересира. Само искоментирав, врз основа на тоа што ти го сподели, дека си опкружена со нестручни, благо кажано, луѓе. Тоа никако не значи дека сите психолози се "некакви" (не сум сигурна на какви алудираше). Освен тоа, јас имав стоматолог кој врска немаше што прави и изгубив заб поради тоа. Замисли, најдов стоматолог со кого имам одлична соработка и сум задоволна од неговата работа. Затоа што не сум задоволна од еден стоматолог, тоа не значи дека сите стоматолози се "некакви" или дека стоматологијата е небитна. Слично искуство имав и со гинеколог. Ама види, чудесија, сепак одам кај професионалец кога имам потреба. Не си вадам сама заби со клешти, оти според аналогијата на членката - секој сам за себе (и своето дете) најдобро си знае. Јок. Стоматолог знае подобро од мене да вади заб. Хирург знае да оперира, не јас. Психологот знае подобро да се справува со психата на човекот, отколку што човекот знае сам. Ама за последниов... комшиите се. Секогаш се.
Потпишуваш пемпеле за истото, и одговараш пред закон ако не се придржуваш. Зошто вие молчите кога знаете дека ја злоупотребува својата професија?
Па баш затоа. Психата боли повеќе. А заклучокот овде е надрилекарство за мрачните сили кои се шират од универзумот.