Извини, потсети ме, кои се тие психички заболувања? Како тоа ги излечиле? Имале дијагноза, па сега веќе немаат? Баш сакам да запознаам шизофреничар излечен од поп.
Премногу офтопици и мајтап терање. Жената си праша дома како да го реши проблемот. Мислам дека самата е свесна дека може да бира ако сака.
Психолозите не реков дека се демони ниту дека ќе идам дете по бајачи да носам , се изјаснувам неколку пати до сега но , кој како ќе сфати . Фала му на Бога не дојде случајов до психолог , и не реков дека темјанот е светиот лек за се , туку има улога во смирување не за џабе некои ги користат листовите темјан за чаеви или во храна , ама батали тоа е друга тема . За мир и благосостојба не помага психолог туку вера во Бог и молитва , за халуцинации и слично можеби би помогнал психолог или психијатар (крајна цел) , ама кај нас не се работеше за замислено другарче кое го гледа преку ден и ноќ или се дружи со него туку беше само една ноќ која го гледаше тоа дете што ние не го гледавме и толку беше , плачеше и се плашеше од детето , а за цртање не црта бидејќи нема желба да црта повеќе го привлекуваат други активности. Кажав и предходно , мирен е денес и ноќеска преспа подобро за разлика од минатата , исто и на пладне без проблем спиеше се надевам исто и ноќва добро ќе мине .. И да , јас не кажав дека нашиов случај е само за по бајачки и не би носела дете само што една вечер се случило да гледа нешто што ние не гледаме и одма на психолог или од врата на врата по баби и свашта , само побарав совет . Имајте убава ноќ .
Темата е за дискусија, не е само за жената. Жената може да си чита и да си применува само што сака. Ако жената сиго решила проблемот не значи дека треба да се затвори дискусијата.
Тоа и пишав погоре. Пак се повторувам. Луѓе од дрога и алкохол дошле до тој стадиум, па се излечиле. @CameliaMiller форумов е анонимен, инаку би споделила, а воедно и не сакам да зборувам за туѓи животи. Доволно е што со свои очи видов, мислев дека човекот не е меѓу нас повеќе, но тој се излечил.
А јас знам човек што не е во ред психички и секој ден се моли во црква. Како не се опоравил бар малку до сега?
Здраво Снеже, Извини вака но веќе повеќето ти дадоа совет дека во вакви случаи може да помогне многу стручно лице. И за мир и благосостојба помага исто така стручно лице и тоа многу. Ти ако сметаш дека треба да го однесеш кај поп твоето дете, во ред, што се однесува до мене лично твое право и твој живот. Но повеќемината ти даваат совет да одиш на стручно лице. Тоа не е ништо страшно ниту пак е срамота. Како ќе одлучиш тоа е твое. Ти посакувам секое добро.
Јас пак верувам во црква , верувам во господ верник сум, ама поп нејќам да смислам.И што ако пее поп, кога поголем грешник од него нема, 90 посто се арамиишта , швалеришта, пијандури, да не допре неговото пеење до господ случајно? Верувам дека во црква може да се најде својот мир, ама паралено да се оди на психолог/психијатар и да се прима соодветна терапија.
Фала на совет ама се смири синчето така што не гледам потреба ни од поп ни од бајачи ни од психолог , напишав и пак ќе пишам , ако ситуацијата потраеше секако ќе побарав совет од стручно лице , ама гледам дека делуваше и разговорот помеѓу мене и синчето , така што сега оставам да заборави , а не да се подсети повторно .
Извини вака, ама "видов" ич не е доволно. Никој за име не те праша. Тоа што ти си видела, никако пак не е аргумент. Јас видов розев еднорог. Ај верувај ми. Можеш?
Снеже , остави, забега темава. Штом сте добро , не ни читај и објаснувај натаму. Дојдовме од мравка до слон.
Па темата е замислено другарче или ноќен терор. И двете се психолошки состојби. Значи ни духови, ни демони, ни аждаји. Кој оди оф-топик тогаш?
Луѓе одите од крајност во крајност. А психијатаров ќе ја излечи шизофренијава или само под контрола ќе проба да ја држи со лекови? Јас сум за да се оди по психијатри и доктори првенствено...ако нема чаре од доктори и од ништо друго...ти останува само да си се помолиш . Ако имала жената дома темјан...зошто па да не си исчади кога темјанот смирувачки делува?
@❤️Sneze❤️ Сакај го и гушкај го своето детенце. Кога е мама тука тоа знае дека никој не може да му наштети. Тогаш нема потреба да му објаснуваш некои работи.
он-топик... Снеже се надевам дека вечерва е се во ред? освен шо ние вака стручњациве заминавме со муабетот во неред..
Па членката отвори тема, нормално ќе има мислења и од млади ДЕЦА и од постари. Не значи дека ќе ги послуша советите, туку може да размисли. Плус читаат и други членови што имаат сличен проблем, па некому ќе му се најдат советите. Може останатите членови се помлади и немаат деца (зашто нели мора да имаш дете за да коментираш, инаку појма немаш од животот), ама @Lianna Anna е мајка на две деца...И верувам дека сака да и помогне на жената со тоа што ја упатува да побара стучна помош (доколу излезе од контрола состојбата), а не и се потсмева. АМа членката пиша дека сега за сега е во ред детето, па се потврди дека е само фаза во развојот што брзо поминал.