Колку сме затуцано општество докажува и фактот што во мојов град сограѓаниве одат на психолог преку ноќ кога се дежура трета смена или закажуваат приватно сеанси кај докторот дома. Од пусти срам да не испаднат шизофреничари. Да не праам па муабет тоа што 90% не прават разлика помеѓу психолог и психијатар.
Не пишав дека не треба да има мислења од млади кои немаат деца...чисто пишав така оти се премина на муабети од типот ај бизнис да прајме за бајачки,шизофренијава пренослива е......женава си има проблем и бара совет,а другиве си се заебаваат на темава си се смеат.....ете тоа ми изгледаше како непочит кон нејзиниот проблем и ситуација.
Уште еден oфф-тoпик: Пo кoјa лoгикa еднo дете пoвеќе би гo исплaшил психoлoг, сo дoбрo oсветленa oрдинaцијa и рaзгoвoр oткoлку бaјaчкa вo некoјa теснa зaчaденa сoбичкa. Ме имaaт нoсенo нa бaјaчки кaкo мaлa и ми биле стрaшни бидејќи мoјaтa бујнa фaнтaзијa oдмa си пoврзувaше бaбички штo прaвaт мaгии сo вештерки.
Мене твоето мислење ми личи на непочит на институцијата форум. Жената си го реши проблемот, темата е отворена за да се продолжи дискусијата. И по 5 години ќе биде отворена, и тогаш ли ќе се буните за жената?
Не се зезаме на сметка на членката, нејзе детето веќе ѝ се смирило без да го однесе никаде и на сите ни е мило поради тоа. Се зезаме на сметка на оние што ја побиваат цела работа на психолозите и наместо истата препорачуваат дали бајачки, дали само и исклучиво идење по цркви за решавање на вакви проблеми.
Епа ајде во љубовни проблеми да не коментираме ни за еден друг љубовен проблем освен само за првиот што отвориле, или во здравствени проблеми за ни еден друг, или за секој проблем тема да си отвараме. Темата е отворена за дискусија, прв пат гледам на толку многу луѓе да им смета што на форум се развива дискусија. Темата не е во сопственост на жената, па да не се коментира за ништо друго освен за нејзе и нејзиниот проблем.
Дискусија или шала се развива? Млади сте, па сакате да си се нашалите.........Ве разбирам . Ајде убав помин.
Имаше во битолски весник статија, уште кога бев прва на факултет, за жена со завршен факултет психологија, можи и повеќе од тоа, која беше толку добра што работеше како бајачка. Ете тоа ќе бидам кога ќе пораснам. Кај шо се парите, се мора. Инаку, нестручен психолог е опасен, и апсолутно не во поглед на лекови. Со разговор не се пратат само чувства на клиент, некогаш и суптилно се насочуваат. Еден грешен збор можи живот да значи. Од друга страна, за жал, познавам луѓе кои одат по бајачки. Сумничави се во се, се караат со сите, со никој не се дружат едино зошто бајачката му шепнува генерални работи во уво и таа си ги толкува по свое. Кај психолозите грешките се ретки, ама од старт има добри или лоши гласини за некој кога се носи одлука каде да се оди. А бајачките се сите на ист принцип. Не би да речам ама вас на кои ви помогнале сте во голема заблуда, сем кај некој од Хогвортс ако сте биле, еве не знам. Од друга страна, сметам дека луѓе кои се верници, додека одат во црква или друг свет објект, кој му помага да најдат внатрешен мир, мора паралелно да одат и кај стручно лице.
Без разлика што одобрувам, а што не, мајка секаде ќе побара лек, од очај. Значи сите членки наведоа свое лично мислење за дијагнозата, и јас го делам мислењето со некои од нив, значи на психолог не е лошо да се појде, па што и да е во прашање, дали ноќен терор, кошмар или почеток на психичко пореметување. Само да не се чека, ами да се реагира. Ако верувате во бајачка, одете, но после психологот, зошто не смее време да се губи. Се надевам дека ќе се заврши добро, пишете ни ја состојбата, малото е сигурно преплашено
Со ова и јас се сложувам, би била трпелива неколку ноќи да видам дали ќе помине па дури тогаш би се распрашала за психолог. Се надевам веќе сте подобро... Со среќа!
Според овдешната дефиниција на ноќниот теорор, испадна дека индивидуите кои страдаат од шизофренија и останати потешки психолошки заболувања, психози и состојби, се опседнати од мрачни сили. Оти ваквите состојби предизвикуваат излузии, како визуелни, така и звучни. Нема потреба да идат на психотерапија, а уште помалку пак да бидат на медикаментна терапија. Првото е табу и може да ја влоши состојбата, а второто ќе ја изремети психата уште повеќе. Затоа е најдобро, да не се лечат кај стручни лица, туку да живеаат со проблемите кои им се случуваат, да гледаат непостоечки ликови, да слушаат непостоечки гласови. А ние останатите да тврдиме дека има нешто неприродно тука, оти ним им се случува, а никој од нас тоа не го гледа. Најголемата трагедија од се, е тоа што народов не прави разлика меѓу психолог и психијатар. Психотерапија, не секогаш вклучува медикаменти. Иако второво, некогаш е навистина неопходно. Детски психолог, не го испрашува детето, туку има посебна методологија на игри, соодветни на возраста, а преку кои доаѓа до проблемот. Детето нема ни да знае дека е на проценка или дека е испрашувано.
Ајде ве молам не ја полнете веќе темава со оф топици. Не е темава за споделување што се пишувало во некоја група или што му кажале на некој човек на бајач или други оф топици кои се избришани и ќе се бришат. Ако веќе немате што конкретно да кажете на темата оставете некој друг да каже што има. Доколку сметате дека некое мислење е изоставено само пријавете го. Благодарам.
Не ги прочитав сите страни наназад,само првите две,ама ќе искоментирам Кога бев мала,на возраст отприлика 3-4 а можеби и 5 години,и јас имав замислено другарче поточно повеќе другарчиња. На повеќето работи од таа возраст не се сеќавам ама на овие ,,другарчиња" и до ден денешен се сеќавам. Имаше едно ќоше до спалната на моите родители,се стуткував и му шепотев како да зборувам со конкретна личност.Исто како и детето на членката и јас им кажував на моите родители дека тие другарчиња идат да се бакнуваме и гушкаме.Ништо страшно,само детска фантазија. Според мене проблемот е или во тоа што добива премногу внимание(што му смета како и на секој возрасен што му смета од време на време кога некој цело време му посветува внимание па испаѓа како да врши контрола на него),сакам да кажам можеби детето сака да биди посамостојно,сепак во граници на нормалата на негова возраст или пак не добива доволно внимание кое мисли дека го заслужува.Можеби во неговата мала глава се вртат мисли кога родителите го гушкаат другото дете,дека тој е непожелен или сл (иако родителите не сметаат така нормално) па затоа си создава другарче со кое би се гушкало,играло и сл.
Благодарам на совет Кај нас се работеше за ужасен страв од тоа дете дури од сон што го бидеше и се плашеше од се што имаше во собата , преку ден немаше никакви замислени другарчиња или слично се си беше нај нормален . Со разговор меѓу мене и синчето се смири ситуацијата и знае дека не треба да се плаши од ништо , еве веќе два вечери си спие мирно без проблеми и такво будење , се надевам дека нема никогаш повеќе да се повтори ни кај нас ни кај некој друг .
Разбирам у 15-ти век немале допир скоро до никаква информација, едукацијата на сосема низок ранг ама дајте бе луѓе не зезајте денес на сето она што ни го пружа технологијата, интернетот, книги за џабе се продаваат, библиотеки колку сакаш овие сеуште у магии и бајачки веруваат, можно е да сте толку (се извинувам на изразот) прости? Најсоодветен израз ми е за некој волку затуцан, срам ме фати, најсериозно. Не велам дека грев е да не знаеш некои стручни термини од областа на психологија или било која друга област баш затоа (еј замислете) постојат психолози и психијатри што чукале глава, се едуцирале за да помогнат на некој, стручно, али македонски просечен менталитет мисли дека се' знае и дека се разбира у се па сам одлучува како детето да се лечи.
Se educirale za plata da zimaat, inaku ima psiholozi sto kolku tolku samo da te frlaat od glava. Megju drugoto, sekoj si ima pravo da veruva vo toa sto saka.
А локалниве гатачи и бајачи не вадат месечна плата од нас народот? Секој ден да имаш по еден муштерија кој ќе фрла по 100 денари, буквално се вади минимална дневница. Да не зборувам па ако имаш повеќе од еден..Патем, можеби сега ќе ми речеш ,,има и такви кои не работат на тарифа, или не бараат пари". Да, се согласувам дека има, ама тоа го кажуваат од чиста култура додека всушност едвај чекаат да им фрлиш некој денар. Ако е чиста хуманитарна или Божја помош, зошто кога ќе ги оставиш стоте денари не се спротистават и ти ги вратат? Не се лажете, се е бизнис.
Кај прочуени бајачи редици се редат, не еден на ден. Пари си прават луѓето од тоа, бизнис. Кога има овци зошто да не стрижиш.