1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замислено другарче или ноќен терор?

Дискусија во 'Дете' започната од ❤️Sneze❤️, 1 јануари 2018.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Психолог, невролог, кај др гуднајт.. сите исто велат. Надпросечен развој.
    Еег правевме иво сон и будна... се е ок.
    И од градинка баравме совет од психолог... нема веќе кај не прашувам.
    Сите само велат нормална фаза ама менене ми е нормално.
    До толку ли може баш за се да се води инат и да има тантруми, ноќни терори инслично...
    Ноќе и по неколку пати. Дење беше ок, па по еднаш, а сега нон стоп...
    Инаку гуднајт е исто како психолог, мојата дека заспива на време, чаре нема... тоа за повеќе за деца што немаат ред во спиењето.
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Епа мора да има чаре за тоа. Надпросечен развој (според некое мое лаичко размислување) би требало да се надминува со соодветни активности за степенот на возраста. Да може дете да го канализира целиот тој насобран набој, енергија, што и да е. Да може да се изрази некако на друг начин, преку игра и активност наместо со викање и тантруми.
    Прво веројатно треба стручно лице да процени колкав и’ е степенот на развој, и да се изнајдат соодветни активности. Како инаку детето ќе се справи со ова само? Не може.
    Е сега колку е некој стручен кај нас за ваква проблематика, не знам, не навлегувам, но мора да има некој. Можеби не сте наишле на правиот експерт. Не се откажувај, решение сигурно има (fingers)
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас викам... дајте кажете како со такво дете. Она е 2и4м, софијанов кажа ко за 4 години дека е.
    Да носам дете дома и да уживам, сум имала здраво право дете...
    Ајде може ќе прочита некој, па ќе даде совет за некој постручен.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас мислам да си ја прифатиш, стиснеш заби и тоа е тоа. И моево е неспијач од раѓање, најчесто немирно спие. Во мн работи ја препознавам што ги пишуваш, ама си викам се тоа е нормално.
    Кога ќе ја прифатиш реалноста, може полесно ќе се носиш со неа.
    Немам друг совет, не дека ова е совет :)
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    Тогаш тоа е тоа. си добила совет од стручно лице. Такво е детето
     
    На NarCis@ и Цвет88 им се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Нормално е. Син ми имаше период каде што се будеше со вриштење и мораше да одиме да спиеме во дневна иначе не престануваше, после тоа продолжи и се будеше со вриштење и воопшто не ме слушаше. Пробував со зборење, гушкање и на крај со приказни или песни. Он вришти ја упорно збори од еднаш како switch ќе ме погледнеше дури тогаш ќе ме приметеше и ќе легнеше да спие ко ништо да не било
     
    На NarCis@ и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    @Цвет88 не пишува за период, туку за постојано вакво будење.
    Кога полошо кога подобро.
    Дали си нервозна нешто ти?
    Да не се карате со маж ти пред нејзе? Или со мајка ти?
    Има ли барем со нешто да поврзеш кога е полоша ноќта, за да почнеш со нешто.
    Макар и со елиминација.
    Период е 2-3 недели, месец, па ај и 2 - 3 ама Цветче пишува веќе 1 година за ова.
    Мојот совет е како на Секси, менувај психолози, ќе налеташ на вистинскиот.
     
    На cresa-jagoda, Sexybaby86 и Coco31 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    И јас мислам да бараш и друго мислење. Не е ова период, ова трае. Може и не е наспана, затоа и дење имаш мака. Сигурно има и чаре за напредни деца, не е само ај остави го напредно е, тоа нека се мачи и нека не спие. Не знам да ти препорачам некој психолог, се надевам ќе пише некој ако имал позитивно искуство.
     
    На Coco31, fana и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    2год. траеше кај големата. Фаза е, кај некои пократко трае, кај некои подолго. Навистина не може многу да направи, освен да прифати дека е така. Намалување активности пред спиење е нешто што може да ублажи. Тоа е. Има деца кои настаните во текот на денот ги преживуваат во текот на ноќта, многу поинтензивно од останатите и изгледа навистина страшно. Со тек на време го поминуваат тој развоен период и се смируваат. Ние не правевме ни еег, ни бајачки, ни крстени води, но бевме во очај сето тоа да го испробаме затоа што делуваше страшно тоа врискање на сред ноќ. Но, разговор со родители кои го поминале истото, стручни лица, и еден куп статии на интернет за ноќни терори ни укажаа дека треба да оставиме само на времето. И така и бидна. Секако може да си побара и друго мислење, ако ѝ помогнат, супер. Но да не се разочарува ако ѝ го кажат истото. Во една контактна емисија мислам беше, мајка го праша докторот што да дава на детето за смирување ради плачењето, овој ѝ рече дека родителите треба да земат нешто за смирување :D Сака да каже, нас потешко ни паѓа кога ги гледаме во таква состојба, него нив што им е.
     
    На kukla21, Lolipop23, Цвет88 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    cvet Meri Boskova Remedika

    Mislam nema da zgresite ako se obratis kaj nea
     
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Ауууу Џојке, јас кај неа не би однела дете никогаш. Сите ги прави аутистични и ги препраќа кај дефектолог со која имаат соработка. Ова од куп луѓе го слушнав, и на форумот истото го читам.
     
    На eli25 и Annath им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.683
    Пол:
    Женски
    Во што е понапредна, моторички или когнитивен развој?Што ви кажаа?
    И за едното и за другото треба да ви понудат решение.
    Со кого спие малата навечер,сама или со вас?
    Кога се буди,очите се отворени или затворени?
    Ако се отворени,и се случуваат како ноќни напади пред влезе во РЕМ фазата, се поти,пробај да не палиш светло,или тоа да биде пригушено,не се работи ни за трауми ниту за она што е преживеано преку ден,туку кај некои деца центалниот нервен систем е престимулиран ноќе,често и наследно.Јас ова го знам.
    Ќе помине,ти смири се.
     
    Последна измена: 16 јануари 2020
    На ane.bella и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Па во глобала, во се.. збори многу за своја возраст, односно говорот е целосно развиен.
    Не знам како да ја опишам.
    Едноставно брзо учи и брзон и здосадува.
    Се сака да прави сама.
    И реално успешна е во се.
    Спие со нас, иако има кревет свој и го сака почна од прв ден во него да спие, ама почнаа терорите и смени.
    Очите ретко и се отворени, претежно мижи и плаче.

    Иначе, не се ни караме, не па пред неа.
    И да сум лута зборам нормално.
    Совет, исто, ние да се смириме, се е ок.
    Помирни денови да има... да пробаме да нема премногу нови ситуации.
    Демек многу повеќе учи од нејзини врсници.. па преживува ноќе.
    Блокиран ми е мозоков више.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.683
    Пол:
    Женски
    Во период е кога се развива стравот кај неа,ама и фантазијата.
    Да ја потпрашуваш преку ден од што се плаши.
    Градинка?
    Одвојување од пелени?
    Како сте со реакции тука.
    Ако не,разгледај ги играчките кои ги има,тргни ги тие што изгледаат нереално.
    Изберете заедничка супер јунак омилена играчка и нека ја чува со себе при спиење,за да ја чува додека спие.
    Или као во шишето млеко стави волшебен прав за спиење без плачење или направи и игра магичен прст пред спиење,ќе излезеш малку надвор да собереш волшебна прашина во прстот,па ќе го стиснеш нејзиниот да и го предадеш кој ќе ја штити додека спие.
    Многу е битно да се чувствува сигурна.
    Штом се затворени очите тогаш се ноќни мори во прашање ,мислам.
    Кај нас беше од чудовишта(мојата имаше ваква фаза на 3 и стануваше ноќе у полусон да го бара да го фати .:|
     
    На kukla21, mal.ecka и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Не знам више, прашувам прашувам, кога нема тантрум е златна. Тогаш вика дека не се плаши. Еве ноќва ме мава, се соблече дури. Се со затворени очи.
    Ако пробам да објаснам или да измислам приказна не ми успева. Она си врти пак она како сака.
    Често тие терори се проследени со некоја негација од нејзина страна.
    И пробувам убаво да објаснам дека мама е тука да и дека треба само да каже а не да плаче. Во цела драма се расплакав, пукнав, таа плаче ме мава и вика не ти да плачеш, јас сакам да плачам.
    Ме чуди што цело време комуницира.
    Глупо ми е некако само да ја оставам да плаче. Ќе ја гушнам и викам мама е тука кажи ми што е.
    Плаче и вика не сакам спијам, еве 3 ноќи по ред се буди скроз и не спие после.
    Искрено не знам, хорор е ова.

    Не ми е верно дека е нормална фаза која ја поминиваат сите.
    Не знам више кај да барам помош.
    Улава ме прават.
    Ми е страв за нејзината психа.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    МОра да има нешто што ја мачи. Сте пробале со плеј терапија? Така најлесно кажуваат што ги мачи и саи преку игра се ослободуваат од тоа што ги мачи.
    Пробај јави се во Психотерапика. Имаат неколку психолози кои мислам дека се изверзирани со плеј терапија.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Секако дека сигурно нешто ја мачи, ама како да откриеме.
    Ќе пробам се што треба.
     
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    @Цвет88 Знаеш дека јас и ти исто се жалиме од раѓање што се вика само што ја немам време да пишувам.

    Мојава стана нормална на 2 години и 8 месеци.

    А твојата во градинка ок е, како нормално дете? Мојата е ок од сам почеток.

    Прифати ја како таква и чекај.

    Телефон немој ни една секунда. Цело време активности и ист дневен ред. Здрава храна. Никако благо. Чист и свеж воздух.

    На се и сешто имам помислено не е ни за кажување дури ама сега еве е ок.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Се е ок во градинка освен што не сака да оди сега, ама кога ќе ја однесам се смирува и весела си е. Ја земам весела, викам ќе одиме пак, дааа..
    Ај плис пиши ми пп кога ќе можеш, да ми кажеш како помина..
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Тогаш почекај до 3 години и се ќе е ок.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.