@Цвет88 викаш одамна дека во градинка нормално функционира, јаде, спие, ја зимаш весела, на видеата од градинка е секогаш весела. Правела ли таму така? Била ли таму агресивна некогаш? Зашто нз дали си пишала тука, ама еве мене ми кажа дека некогаш е и агресивна кон тебе, те удира, мава. Рече спиела кај мајка ти така? Таму умна била? Остави ја пак, или ако ја немаш оставено пробај остави ја 2 дена. Ти да не си нешто ептен под стрес и вознемирена и тоа да го осеќа...
@Цвет88 Син ми се буди со врескање и не дава да го допреме, не сака ништо. Не е толку често како кај вас ама се случува по неколку пати во месецот. Он секако се буди секоја вечер, ама е разбран не плаче сака млеко и да се носи во раце сеуште. Кога ќе се разбуди со вриштење ништо не помага ни гушкање, ни носење во раце, ниту млеко. Кога ќе се смири многу тешко презаспива. Во нашиот случај зошто не оди во градинка имам приметено кога е нова ситуација, меѓу нови луѓе и е подинамичен денот тогаш има вакви ноќи. Но и тоа неможеме да го избегнеме. Летово порано се вративме од одмор иако имавме уплатено зошто ете не спиевме никако ноќе иако дење беше супер. Само споделувам искуство и пробај детално да ги анализираш деновите да дознаеш што го предизвикува тоа.
И мојава сум кажувала од 1г навака не спие навечер, станува плаче по 3,4,5 пати. Вришти не плаче, и се врти, седнува, се со затворени очи. Малку е смирена периодов ама до пред 1,2м беше страшно. Деновиве станува 1,2 пати со мн плачење, ноќ да преспие без ова, ретко. А лежевме во Козле 6 дена, си реков тешко цимерката ке биде... дете не заплака ни еден ден, само ке станеше и од нејзиниот кревет ке дојдеше кај мене, без врескање, трескање и плачење. Пак у глава ми се тие подземни води Ги преместив во др соба да спијат, пак она станува. Па еден период што имавме (од 4,5м), обавезно 3:00 дете станато плаче. Одев накај кујна вода нешто да земам за да се смири, и за назад над глаа во дневна ме пречекуваше 3:00 големиот часовник на ѕид што е И сигурно е од доживувањето преку ден, со батко и дома лудуваат, играат ептен, ама и се закачаат ептен... Па ваљда кога спие се тоа го доживува пак... А во Козле со мене само, 6 дена никој не ја закачна, не плачеше и преку ден... Па затоа помирни и беа ноќите. Или имаме мн подземни води дома
Леле ова со подземниве води ко свеки моја да ја слушам Го тупеше едно време креветот во спална и креветчето на малата да не биле свртени на таа страна, не знам што Ништо не сменивме ние, бебе си спие супер генерално, а и ние исто Туку, дојдов да кажам за малава. И мојата како дечкото на @Chantal кога е дента меѓу нови луѓе или во ново некое непознато опкружување, вечерта обавезно спие немирно, приплакува, бара да ја држам за рака и така заспива и сл. Дефинитивно настаните од денот ги преживуваат и ноќе.
И јас затоа се шалам. Дошол некој некогаш на времето кога биле мали мм и сестра му и мерел и имало многу, а немало во собава кај што спијат сега моментално. Па и другарка ми рече, па ај викам ке сменам ништо не ме кошта... Малку мм го измачив за креветот на синко само
Да, исто, наводно некогаш одамна мереле во куќава и баш во нашата спална имало Да имав проблем со спиењево на малата, сигурно и јас ќе преместував, нели се’ ќе пробаш во очај. Ама фала Богу ок е досега. Е сеа за второто може допрва ќе мењаме ако не спие
Се обидувате да го разбудите, го прашувате што не е во ред, но тоа не одговара, туку едноставно продолжува да пишти. Уплашени сте и не знаете што да правите. По неколку минути Вашето дете повторно заспива и наутро кога ќе се разбуди не се сеќава за овој настан. Карактеристики на ноќните стравови: Вашето дете изгледа страшно, но не може да се разбуди или утеши Вашето дете може да седи во креветот, или да оди низ собата, да вика или да зборува бесмислици Вашето дете не Ве препознава, може да биде со отворени очи и со празен, фиксиран поглед да гледа во Вас Може дополнително да се исплаши од предметите или луѓето во собата Епизодите траат од 10-30 минути Обично им се случуваат на деца од 1-8 години Вашето дете не се сеќава на овој настан Обично се случува по повеќе од два часа по заспивање Ноќните стравови се безопасни и секоја епизода ќе престане сама по себе. Зошто детето има ноќни стравови? Ноќните стравови се наследен проблем и се случуваат со околу 2% од децата. Изгледа како детето да сонува лошо за време на длабокиот сон и не може да се разбуди. Ноќните стравови не се предизвикани од ментална напнатост, но се поврзуваат со преголем замор. Дали моето дете ќе го надрасне овој проблем Да, повеќето деца ќе престанат да бидат измачувани од ноќните стравови до 12 годишна возраст и порано. Што да направам кога моето дете ќе има кошмар? - Помогнете му на детето повторно да заспие. Не се обидувајте да го разбудите детето. Запалете го светлото, за Вашето дете да не се плаши од сенките. Останете смирени и зборувајте му на детето со утешен тон: “Ти си добро, ти си дома, ти си во своето креветче, ти можеш да заспиеш повторно”. Зборувајте тивко и мирно и продолжете да ги повторувате истите утешни зборови. Може да се обидете да ја држите неговата рака или да го гушнете, но ако не сака, не инсистирајте. Не се обидувајте да го разбудите со викање или тресење, бидејќи тоа само повеќе ќе го збуни и ќе го одолговлечи нападот на ноќен страв. - Заштитете го од повреди - држете го детето подалеку од скали, прозорци или остри предмети. Обидете се нежно да го насочите назад во креветот. - Предупредете ги другите членови на семејството, или дадилката, ако понекогаш се грижат за детето во текот на ноќта. Објаснете им што да направат во случај на напад. Може ли да се спречат ноќните стравови? Кај 90% од децата кои имале ноќни стравови, ефикасна била следната постапка: Во текот на неколку ноќи забележете во кое време почнуваат кошмарите. Разбудете го детето 15 минути пред очекуваната епизода, извадете го од креветот и целосно разбудете го на 5 минути. Правете го тоа во текот на последователни седум ноќи. Ако ноќните стравови продолжуваат, повторете ја постапката со уште седум ноќи на будење. Дали ова му се има случено на Вашето дете и како се справивте со таа ситуација?