Има и ќерка ми. Сега помалку ги игра но не беше воопшто страшно. И маж ми си измисли свое другарче па и ги здружија. Јас мислам е баш фаза во растот на децата. Едното од другарчињата беше пола змеј пола човек, под кревет живееше
Ако е поголемо детето ќе може да каже дали го гледа замисленото другарче или не. И ние имавме уште еден член во фамилија на одредено време ама малото беше свесно дека само си замислува лик и не гледа ништо реално. Ако реално го гледа тогаш мислам дека треба да се реагира.
Во нашиов случај другарчево се гледа само навечер и тоа точно на по еден саат разлика така се додека се раздени надвор и потоа одма заспива и спие , ама заспива со замислата дека ете пак ќе дојде и ќе го бара да се бакнува и гушка . Ќе следам и вечер како ќе биде
Slusaj mila, ne sakam da te plasam ama mislam deka treba da prevzemes nesto. Znaci...deteto 2 noki se budi vo isto vreme Ima "zamisleno drugarce" koe ti NE go gledas.... Temperatura, halucinacii, ima zelva za drugar (a ima i brat)....se toa ne e mozno koga detetl se budi vo ISTO vreme vo nokta...toj se soocuvaa so nekkoj strav. Toa obicno kaj decata ide... Ne znam dali veruvate vo bajacki takvi raboti, ama.treba da probas da znaes deka nisto nema da izgubis. Ke ti kazam primer: Ednas zenata na brat mi ostanala.vo bolnica so malata, a brat mi.so pogolemiot (sin 3-4)god. Doma. Deteto 3-4 noki se budelo naglo vo docna vecer i vristese i placese eve go tato eve go se plasam...i pokazuvase so rakata. Brat mi ne obvrnuval vnimanie, mislel deka bilo nekoj los son...go smiruval i pak zaspival. Arno ama pak istoto sekoja nok se slucuvase. Znaci deteto nirno si spie i odednas vo tekot na nokta vo ist cas se budi i place vristi eve go tato eve go.... Togas brat mi svatil sto bilo, pa go odneso nekade (zaboraviv kaj) Prvo ni kazale deka mozebi bilo nesto prljavo ili nekoe gjubre vo tekot na nokta kukata, pa se pojavilo nesto (ziveeme vo kuka, i pozadi imame nekoe malo.prazno mesto na koe se nasobralo gjubre) ..velat deka decata gi gledat tie raboti sto nie ne mozeme..... Pomogni mu na deteto mila
Значи стравот кој е надвор од границите на нормалата кај мали деца во текот на ноќта е научно објаснет и се нарекува ноќен терор. Се случува како резултат на помешана фантазија и реалност. Детето не реагира на реалноста, а може да има и отворени очи и сепак да се наоѓа во сон. Какви бајачки. Консултирајте стручно лице.
До сега не се има исплашено од ништо , ама секако ќе следам дали вечерва ќе има нешто како ноќеска и дали ќе спомнува дете некое . На сестрами така и се имаше случувано на 4-5 год кога беше и дете некое гледаше во сон кое и наредуваше што да прави па ја спасија кога сакаше да рипне од прозор по 3 саатот по полноќ . Се надевам дека ова ќе остане само за тие две вечери и дека нема да се повтори ..
И јас сум се будела точно на полноќ и сум вриштела по цела вечер. Моите мира немале од мене. После сум престанала...
Гуглај малку и ќе видиш дека имате нормална фаза на ноќен терор кој може да се случува дури и неколку пати во текот на ноќта. Не мора да има реална заднина со страв за истово, едноставно е фаза која се случува. Има разлика меѓу ова и кошмар. Сестра ти месечарела. Тоа е нешто сосема друго. Следи ситуација и пиши како ќе биде. Ви посакувам лесно да ја минете фазата.
Фала мила ќе пишам сабајле како сме прошле , сестрами исто пиштеше и кажуваше дека детето ја водело кај прозорот и кажало дека нема да падне дека ја држи . Се надевам дека нема да е истото и кај нас .
Мислам дека треба да се консултираш со стручно лице и да знаеш што да превземеш во ваква ситуација. Многу се непријатни и загрижувачки делуваат. За пример-можам да ти кажам дека мало девојче на возраст од 3 .5 години само спиело во соба без проблем и една ноќ плачејќи отишло кај нејзините родители и при тоа им објаснило дека некоја баба ја гледа од ѕидот. Плачела, се криела под јорган за да се спаси од бабата. Од тој ден строго спие со мајка и во кревет. Бабата била во црно дури. Мене морничаво ми беше да ја слушам мајката како раскажува, но кога го викна девојчето и тоа само истото го кажа за бабата во црно што ја гледала, се подзамислив. Можеби е сон се, но оставило траг кај девојчето. Стравот уште ја прати. Мислам ме сфати... Позз...
И мајка ми имаше сличен проблем со брат ми и го носеше на бајачка во Ѓорче и откако три пати беше на бајачка се средија работите ,доколку сакаш можам број да ти дадам од бајачката ,мислам доколку се повторува .
Снеже, ако се повтори оваа ситуација, седни го детето и смирено прашај го како изгледа другарчето кое го гледа. Нека ти го опише. Нека ти опише и што разговара со него. Сите тие детали пренесете ги на психологот ако ова продолжи да се случува.
За секој случај ако не е проблем остави ми бројче од бабата Морничаво и мене ми е кога ми раскажува убаво , страв ме фати и мене ама прво ќе следам ситуација . Со нас во соба спие на негов кревет кој скоро му го купивме и немаше проблем дури уживаше додека спие а сега секоја ноќ заспива до мене и одкако се случува ова два ноќа цела ноќ лежи до мене ама џабе од тоа што го гледа само он и мене ме гураше па дури и детето на моето лице го гледаше што мажми се исплаши , му мерев тт немаше ноќеска и не повраќаше само ноќта пред оваа вчерашната ноќ имаше повраќање и тт , се нормално синојка заспа како и секогаш и наеднаш почна со пискањето и зборувањето .. Незнам како другше да објаснам многу страшно ми беше што да бев сама сигорно ќе скренев. @Nigredo Odor разговарав и ми кажа само дека го барало да го гушка и да го бацува и се плашел од него , и се играл во неговиот кревет навечер и не сакал сега да спие тамо .. Сега ми кажа за ова последното .
Сè, сè, само бајачки немојте бе луѓе, аман... Замислени другарчиња во умот на детето со кои се однесува како да постојат, но не ги гледа во реалноста - се нормална појава во ран детски развој кога е бујна фантазијата. Ако го гледа навистина како да е пред него и ако продолжат такви реакции на силен страв, решението е психолог.
Јас имав сличен случај со малото пред година, се будеше навечер, чудно гледаш и само плачеше. Го однесов на бајачка иако и јас бев против тоа и одтогаш се е ок. Мало дете на психијатар? Те следам на форумов гледам си млада и претпоставувам немаш деца. Да помогнеме со решение кое помогнало и на други а не да велиме не бајачки или цркви пошто нам то не ни се допаѓа..
Јас имав замислено другарче,али не ми беше другарче сестра ми беше. И чудна работа,колку мене во години си ја мислев. Памтам сум беше замислила дека е родена на 4ти јули и дека се викаше Екатерина и живееше во Невидливиот град,град кој е понапреден од сите градови во Македонија,имаше руса коса... Беше послободна,подружељубива,повесела од мене,екстроверт,јас па интроверт. Секогаш ми го памтеше роденденот и јас нејзиниот и си честитвавме. Кога одеднаш...повеќе не ја замислував. Не знам точно како исчезна и зошто.... Ама сега сфаќам таа беше се' што јас сакав да бидам,па затоа ако имате случај со замислено другарче оставете го детето нека тера до кај 11-12та година,ако не исчезне дотогаш значи мора да се обратите на психолог,али пазете на изборот,оти не е секој психолог,психолог.Во смисла,не е секој баш онака убаво да му пристапи на детето за да го извлече од таа имагинација. Замисленото другарче е се' она што го посакува детето. Студирам психологија затоа си реков да коментирам во темава.
Скоро сите деца поминуваат низ таква фаза со измислени другарчиња, од керка ми беше женско и се викаше Ева и мислам дека траеше околу 1 цела година, на почетокот ми беше малце језиво и страшно но после се навикнав исто и од моја другарка детето си имаше другарче Оливер. И на двете им се случуваше тоа баш на таа возраст 4 или 5 години.
Игра во неговиот кревет пред да заспие, или откако ќе заспие? Ако е откако ќе заспие тогаш веќе зборуваме за атипична парализа, но доколку е пред заспивање најверојатно станува збор за психоза. Тежината на истата зависи од времетраењето и симптомите. Затоа е потребно да се следи состојбата. Патем, дали секогаш во точно време се буди, и во колку часот? Обрни внимание на тој детал. Децата вообичаено не се плашат од своите замислени другарчиња. Кога почнуваат да се плашат е веќе проблем.