Замислено другарче или ноќен терор?

Дискусија во 'Дете' започната од ❤️Sneze❤️, 1 јануари 2018.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Дете од 4 години може да иде на психолог. Психологот работи врз основа на игра, а најчесто преку цртање. Исто така, ако е на возраст недоволна за психолог, родителите добиваат насоки. Батали бајачки жено. Само стручно лице може да помогне. Сеуште стојам на тоа дека се работи за ноќен терор.
     
    На honest girl, CameliaMiller, *Amethyst* и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.572
    Пол:
    Женски
    Психолог не е исто што и психијатар. Има и психолози што работат со деца од најмала возраст.
    Нема врска колку сум млада, сметам дека темава не е таква што мора да имаш (искуство со свои) деца за да пишеш мислење.
    Категорично сум против гатачки, бајачки и слично, и секогаш ќе бидам. Треба да се предложи професионално и разумно решение, и тука нема врска возраста на тој што го предлага. :)
     
    На honest girl, ванилала, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Само во црква. Ништо повеќе од тоа.
    Ноќен терор и измислено другарче не.
    Имав и јас како мала ама беше и денски.
    Баталете психолог, само црква нека му пее поп, објаснете што се дешава ќе ви помогне.
     
    На doubleg, LegallyBlonde13, Nalutena1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Повеќето кажаа дека во ваков или сличен случај помогнала бајачка или крстена вода, исто и во случајот со моето дете. Така да и препорачувам бајачка. Да не мудруваме што е разумно и што не е туку да видиме што помогнало кај другите за да помогне и на нејзиното малечко. Нема потреба да е професионално решението, најбитно е да помогне. Немој да ме разбереш на погрешен начин ама кога ќе имаш деца ќе сфатиш зошто трчаме по бајачки и гатачки.. Иста бев и ја ко тебе ама кога го гледаш чедото безпомошно не бајачки и од пиле млеко ќе бараш. :)
     
    На MamacitaBuena, Nalutena1, Srcka $ и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Бидете сериозни. Детето не го запоседнале демони. Се соочува со страв кој граничи со анксиозност. Потребна е стручна помош ако ова продолжи. Најчесто поминува само од себе.

    Едит: Зарем е аргумент ова ако имаш деца ќе сфатиш? Еве јас имам и сум против бајачки. Минуваме и ние ваква фаза на страв. Само ние гледавме баба.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, theowndemon и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    А зошто не и на психијатар доколку се утврди дека детето има халуцинации?
    Колку побрзо се дејствува, толку порано ќе се намалат шансите за ситуацијата да ескалира, што во праксата е ретко, но се случува.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не си во право, стручна помош нема да помогне. Сум поминала значи го гледа, објаснува самата мајка + нејзината сестра ќе рипнела од прозор во 3 по полноќ. Има нешто што е тешко да се објасни, само тој што поминал знае, но ете дете од 4 год не може да објасни. Само црква и ќе спие мирно.
     
    На Nalutena1, ❤️Sneze❤️, simonna.a и 2 други им се допаѓа ова.
  8. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Ако има случаи каде што помогнал психијатар или психолог веднаш нека оди, и јас би одела кога би се нашла во таква ситуација. Само сакав да кажам дека во нашиот случај и во други помогна бајачка и крстена вода и реков да оди ако одлучи за да се реши проблемот а вие предавања веднаш почнавте да ми држите.
     
    На makedonkamak, ❤️Sneze❤️, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Мене ми падна на памет една мисла. Што ако е истото другарче што го гледала и сестрата на членката? Ама ајде, не сакам да одам во крајности. Во тој случај нека пробаат сѐ, па што помогне помогне. Нека бидат отворени сите опции, не осудувам.
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе и јас имав другарче(сестра како шо споменав) и не стасав до психолог.
    Ако му се влоши состојбата нека,ојте некоја молитва поп нека кажи колку за смирение ако сте верници ако не вервате па има и друго решение во тоа.Има психолози од областа развојна психологија на пример психологот кај шо бев во таа градинката на пракса обсервација евалуација прај на сите деца и пази кое како се развива и знај како со кое дете....Сега ќе носам јас дете кај баба Ставра да ми глеа на куглата или да ми шара наоколу со кактус...значи бајачки не бре.
    Ви кажувам како психолог,бајачка не е решение.
    Споменав и погоре во каква состојба бев јас и шо мислам во врска со замислено другарче кај детето.
    Ако треба препораки за психолог во Скопје,имам,ама повеќе е кон психотерапијата жената,не знам дали работи со мали деца.
    (heidy)
     
    На Offspring и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    071-985-979
    Бајачката се вика Вера можеш или со детето да дојдеш или со маичка од детето и на маичката да забае ако не си во можност да го донесеш детето јави се и распрашај ја што како жената е многу љубезна и фина и се гледа дека сака да помага.
     
    На ❤️Sneze❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    И мене ми падна тоа на памет и јас мислам дека има поврзаност. Плус тоа детето плаче и вриска, ако е замислено другарче нема да плаче и вриска,мислам сите сме имале барем не било така кај мене.
    Меѓутоа дека тоа го гледа ми се случило во повозрасни години и само црква ми помогна. А се будев,врискав,бев жива вода,горев значи не знам како да ви објаснам. Спиев со затворена врата а моето врескање го слуша мајка ми во друга соба.
    Језиво е, после едно идење во црква заврши хоророт. Не сакам никому да се случи страшно е.
     
    На Nalutena1, cresa-jagoda, simonna.a и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Сите овде на темава, кои сте убедини дека зли духови го нападнале детето, во случајов духот на некое друго дете, ве молам прочитајте по нетов што се случува во првите неколку саати од заспивањето кај дете, кое не е во рем фаза. Читнете и на колку време се дешава будењето и кои се симптомите.

    После тоа, дојдете тука и слободно продолжете со деталите за бајачки, демони, деца итн. Јас ќе снимам филм според истото.
     
    На thinkerbell, Offspring, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.136
    Пол:
    Женски
    Бајачки НЕ. Верник или не, однеси го во црква, кажи им таму што е проблемот, види што ќе се случи. Па после, сигурна сум, ќе почнеш да веруваш и ќе знаеш другпат мирот каде да го најдеш. :) Проверено.
     
    На LegallyBlonde13, cresa-jagoda, ❤️Sneze❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Идеме во црква стално посебно и причесна правиме со синчето се си беше супер се до последниве два дена , замислено другарче разбирам и јас сум имала ама не е исто , јас не се плашев од моето другарче и си го замислував во било кој дел од денот , а синчево се плаши кога го гледаше ноќеска дури се тегнеше од мене , ме гураше , страшно ми беше и кога пишувам ме стегаат гради од болка со сама помисла на синојка .
    Замислени другарчиња верувам дека секој имал ама ова е сосема нешто друго што ни малку не е слично со замислено другарче.
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Таа состојба на замислено другарче може да доведе и во поблага форма да речам-сомнабулизам (месечарење).Тогаш може детето да станува навечер со отворени или затворени очи и да бара нешто(на пример пари и иако му се обраќаш ќе ти се дере ќе ти вика знаеш шо се пари или слично),сепак тоа не е страшно.Ако дојде до месечарење,само следете го,пазете го каде оди,оти месечарењето прекинува кога ќе стигне до светлината што ја бара.После е полуосвестено и се враќа на нормално спиење.
    Ова може да се појави еднаш до два па ти кај дете.Зависи.
    @Lianna Anna ако си за филм да напрајме сценарио прејако за да се освестат сите дека бајачката е исто како земиш да бараш помош од некој зафрлен партал на улица,мислејќи има моќ некаква.
    (heidy)
     
    На Dream-Girl, Someonespecial, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Немa ништo лoшo вo тoa дa се пoсети психoлoг. Пaтем, сте прoбaле ли дa спие сo зaпaленo светлo?
     
    На Dream-Girl, makedonkamak и simonna.a им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ова се случува пред спиење, или за време на сон Снеже? Тоа е многу битно. Како е облечено другарчето, како се однесува, и зошто го плаши? Прашај го, мораш.
    Детето развива механизам за справување со некој внатрешен конфликт, мора да дознаеш зошто.
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав ама да те прашам. Дали чека да се раздени за да заспие?
    Извини ако те уплашив не е ништо страшно, ќе се среди.
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.136
    Пол:
    Женски
    Знам за случаи каде деца нешто сонувале па тоа си го помешале со реалноста, да не има сонувано нешто па се исплашило?
     
    На makedonkamak и simonna.a им се допаѓа ова.