А за будење се будеше ноќеска прво во 1:25 па се разбуди во 2:25 и се така во точни минути се до 7 :25 сабајлето и потоа заспа но , заспа одкако погледна преку ролетна дека е ден надвор и се смири дека нема веќе никој во соба .
Затоа што се плаши. Сите симптоми што ги пишуваш се симптоми на ноќни стравови. Ретко имаат психолошка задина, но истава е можна. Се буди на секој саат, зашто не е во рем фаза. Ме мрзи да објаснувам, ама ако продолжам да читам за демони и бајачки, ќе се мотивирам.
Тоа е тоа, скроз иста ситуација. Се ежам сега кога ќе ми текне. Ништо, само црква нека му пее поп, бајачи никако. Ќе спие мирно, мир ќе има.
Нека нацрта на лист хартија. Нека ти каже се за другарчето. Нека ти каже се за односот шо го има со другарчето. Нека ти каже кога му се појавува. Пробај разубеди го некако,ако не кажав погоре има решение,не се плашете,немојте од мали децата на доктори,на психијатри,на бајачки,на апчиња. Црква или психолог или лично вие,ваш избор е тоа.
Пробајте да му објасните дека нема никој во собата, и нека спие некоја вечер со уклучено светло.Пратете го во градинка да се уигра со дечиња.Пробајте да спие во друга соба да видите дали ќе е истата работа. Бајачка не, или во црква поп да му каже молитва и свеќа да запалите за здравје.Не сакам да зборам лошо но можеби му има фрлено магија некој на детенцето. *Едно девојче 3 вечери по ред гледаше обесена жена во бело на истото место,се испостави дека стрина и и фрлила црна магија.Мајка и запали свеќа за здравје и се смири девојчето скроз.
Знаете што? Нема да правам sugar-coating и директно ќе ви кажам дека вие што ги носите децата по бајачки и цркви треба да застанете и да се запрашате што всушност правите. Јас кога бев мала, околу 4 години, мајка ми ми кажуваше дека вака сум се плашела од нешто, сум бладала неповрзани морничави работи. Не знам дали сум гледала чуда, бидејќи не се сеќавам на тоа, но она на што убаво се сеќавам се траумите од бајачката кои ми останаа години понатаму. Па поп да му пеел, бајачката врз блузата чуда да му правела. Добро, се читате ли што пишувате, еј? Не ми се верува дека постојат луѓе што сериозно веруваат во вакви глупости, па и се спремни да ги подложат нивните деца на таква тортура. Пред да ми скокнат сите клиенти со позитивни искуства од бајачки и попови, плацебо ефект. Look it up. Работи и кај некои деца, кај мене кога бев 4, за жал не проработи.
Секогаш имаат психолошка позадина. Не мора да е видлива, не мора ни да постои на површина. Едноставно детето одредена ситуација доживува како закана, и ствара одбранбен механизам преку истата. Го гледа другарчето во лицето на мајката (или се плаши дека ќе го види), што укажува на некаков страв од родителска природа. Страв од напуштање, запоставување итн. Може да има уште илјада причини, ама верувај секогаш постои психолошка позадина, без оглед дали доживувањето е од невротична или психотична природа.
Те тегнел тебе можеби во паника и преголем страв кој го доживеал. Не знаел ни сам како да реагира. Ајде , мирна ноќ да имате и да заборавите на истово, да не се повтори. Тешко е да му објасниш и нему.Исплашено е детето, дефинитивно.
Ми го кажа дека е мало на различни места ми го покажуваше во собата , језиво ептен одкако ќе заспие тоа го буди од сонот и само он го гледа и никој од мене и маж ми , за облека не знаеше како да ми го каже , само кажа облечени и дека се плаши од него дека го барал цело време да го гушка , му кажувал дека морал да го гушне и баци , а синчето ми е такво што мрази бацување и гушкање реално а ноќеска детето(измисленото) го терала дека мора тоа да го прави се додека не почна да го гледа на моето лице па ме гураше. Ќе следам ноќва како ќе биде .
На нашите деца тоа им помогна. Кажи дека тебе теакви работи не ти се допаѓаат и да не должиме. Не пробувај да наметнеш твое мислење, членката побара помош. Ако тоа помогнало на нашите деца не гледам зошто не би го носела детето во црква или на бајачка само затоа што на вас тоа ви е одвратно.
Ај објаснете баш како тоа помага посетата на бајачка кај психологијата на детето, Онака сакам едно објаснување од научен аспект. Или пак се работи за духови, магии во случајов...
Вреди да се проба за своето дете.Попот нема да му го пере мозокот на детето сигурно.Ако е крштевано детето и родителите се верници, зошто да не?Скоро секој верник(еве и јас) верува дека Господ може да помогне при чиста душа и срце.Уствари тоа е спиката во вербата.А бајачки не,јас знам еден човек со дарба од Господ кој и го спаси животот на другарка ми и Господ здравје да му даде..штета што не се открива каква способност има и помага само на познаници,скромен човек.
Плацебо, или автосугестија. И психолозите работат на сличен принцип, но разликата е секако во методологијата. На идентичен начин работат хипнотизерите и биоенергетичарите. (Не)егзактен опиум за човековиот ум се сите наведени, прашање е само што ќе даде најдобар ефект.
Тоа најчесто важи за кошмари кои имаат долго времетраење. Дури и за нив нема правило на психолошка заднина, оти некогаш се случуваат како резултат на реалност и фантазија или сосема обичен страв од нешто во реалноста, од нешто што дете видело на тв на пример. Па после стравот се покажува во сонот. Ноќен терор и кошмар не е исто. Има голема разлика. Апроблемот ескалира ако вакви ноќи има се почесто. Тогаш можеме да зборуваме за психолошка заднина. Посеризона.
Колкаво ти е синчето?Да не видел нешто на ТВ па да се плаши?Јас како мала го гледав Dr.House и после добар период дома гледав луѓе со гас маски, сум спиела на трње ми беше шубе до тоалет да одам на вратата ми стоеше буквално.
^Не се расправајте секој различно гледиште има. Додека не се осети на своја кожа така ќе се зборува. Морам да се согласам со @Nigredo Odor мора да има нешто психолошко зад тоа, некој стрес, некој страв, некоја емотивна ситуација. Меѓутоа дека го гледа - почнете да верувате во тоа.
4 год а тв не гледа воопшто , не му е интересно повеќе се игра со братчето и со мене или било кој од тука во куќава , не е дете што заседнува на телефон или тв , затоа ова ми е чудно што му се случува 2 ноќа.
Со бајачите немам коментар. Зарем верувате во такви работи? Еве пример, јатрва ми одма го носи на баење детето штом заплаче. Урочено било. Мислам бог да чува. Секој ден урочено
Пишав погоре..ако не е од ТВ може да е црна магија.Од познат пример ти кажувам.На девојчево уште пострашни работи и се случуваа во сон и се би дала да е лага или зезанција ама не е.
Може има улога и преместувањето во сопствен кревет, ако спиел со вас претходно. Можеби замислува дека има некој со него ко ќе заспие и се плаши. Детски психолог не е ништо страшно и чудно. Имаат методи на работа и за најмали пациенти, исто како и секој доктор во своја област. Како би помогнал бајач ако проблемот има психолошка позадина?