Детето со вас спие,во иста просторија? Доколку можете променете го неговото место на спиење една ноќ,на друг кревет во друга просторија ако ја имате. И не го гасете светлото. И кажете како спиело. Нека Бог е со вас не е страшно не се плашете. Послушајте ме и пишете. Бајачките на крај оставете ги.
Не дај Боже и такви нешта да не стигнат нас , ама тука во маалото каде живееме за жал не се симпатични луѓето (стари жени има само ) и живеат како во 18-19 век па се занимаваат секојдневно со секакви чуда , ама не сакам да мислам на такви лоши работи дека не идеме по комшии ни комшии не ни идат освен јатрвата , исто нема некој што би подфрлил нешто во двор дека не проаѓа секој од кај нас , а имаме голем двор . Прво сакам да се уверам и да следам сега како ќе биде ноќва и наредната ноќ па да знам како да реагирам , запалив темјанче онака за да се прокади малку па ќе видиме , поп така ми има кажано , за лоши сонови да запалам 3-4 зрна темјан и да лижнам сол малку и наопаку долните пижами да ги облечам , па така на него направив и ќе видиме . @"Zoki" во иста соба спиеме и моментално до мене спие дека се плаши пак исто да не му се покаже да види , не се осудувам сам да го ставам да спие во друга соба и плус запалено светло .
Во атипична парализа спаѓа и ноќниот терор, покрај парализата во сон и месечарењето. Понекогаш и сите три во едно, убиствена комбинација. Како и да е, ако состојбата се случува повеќе од две недели во континуитет мора да се следи. Неретко ваквите состојби почнуваат да се случуваат и во текот на денот поради преголем страв, па почнуваат да се избегнуваат местата каде се случува тоа (што е впрочем и случај со детенцево), што е показател на рана анксиозност. Кај децата не е толку ризична како кај возрасните, но стои и дека е отворена врата за појава на други мешовити состојби. Иако повторувам, ретко. Не сакам да ја плашам мајкава беспотребно бидејќи сеуште е прерано за било какви заклучоци.
Кога ќе прочитам бајач... Страшно! Во психолози немам доверба. Нит сум била, нит би отишла... Кога ќе видам кој се денес е психолог, ми иде да си ја треснам главава од ѕид. Ама на страна тоа. Верувам дека е некоја траума, може и сонувало некој кошмар, па сега си замислува дека е вистина. Јас лекот си го наоѓам во верата, уште како дете. Дали посета на храм, прочитана молитва, светена вода... Мене тоа ме исцелува. Може ќе рече некој е плацебо, како погоре што спомнаа. Кога сум имала 3год сигурно не сум разбрала што е светена вода,црква, Бог и сл, а ми се тргнал сериозен проблем благодарение на мајка ми. Додека сите ја упатувале по бајачки, (скраја било), она тргнала по духовен пат. Салва му!
Штета за малата душичка..Чим ти е таква околината утре патот према црква и запали свеќа за здравје и мир.Ништо нема да изгубиш.Чим род на род фрла црни магии..пишо утре како е работата и гушки до малото
Една снаа на тел се јавуваше на бајач или мајка и ја праќаше да му бае на дете кое живее во еден град, а бајачот на 500 км одалеченост од него. Тоа е, кој како има капацитет. Јас пак знам сол дека во кошевите се поросува во случај на негативна енергија и немир во домот.
Максимум 6 месеци може да трае ваква состојба и да се дефинира како нормална фаза. Се што е повеќе од тоа, бара третирање. Секако дека детево е многу мало за да се дозволи да се стигне до таа бројка и ако задолжи, јас би контактирала стручно лице. Иначе настанува како резултат на стрес, или страв, или неродовен сон, или едноставно е генетски.
И јас дома не сум спиела, а штом ме однеселе на друго место сум заспивала без проблем. Сум се будела секоја вечер точно на полноќ. Местеле моите кревети низ куќа, правеле се и сешто, среќа по бајачки не ме воделе. Уште ми се случува, и тоа многу често, да не заспијам дома додека не се раздени. И сум се будела, секоја вечер, точно на полноќ. Сум врескала, плачела, не сум имала ни 2 години. Како знае дете од годинка колку е часот, па да се разбуди секогаш во исто време? Знаци очигледно, не сме ваљда сите под магии биле. Фаза во развојот е, има психолошка позадина. Јас уште ништо не сум зборела, па сум престанала од кога еднаш татко ми рекол дека ќе ме фрли преку прозор ако не престанам. Изгледа сум го разбрала
Генетскиот фактор е присутен да, бидејќи и самата мајка го посочи примерот со нејзината сестра. За времетраењето, шест месеци вакви епизоди се премногу, макар и да не бидат во континуитет. Мислам, зошто да се дозволи да се создаде толку стрес за детскиот организам кога сѐ може ќе помине побезболно доколку благовремено се започне со работа на психолог. Впрочем, јас сум поборник за тоа секое дете од својата најрана возраст да има свој матичен психолог, како што секој од нас има свој матичен лекар. Така би имале многу психички посилни генерации кои ако во случај наидат во животот на некаква бариера од психичка природа, би можеле многу полесно да се соочат со неа.
А да не е ова причината за измисленово другарче? Можеби некоја роднина или некој возрасен кој бил во контакт со него го има на сила гушнато или го викал да го гушне па му останало како траума гушкањето. Може стравот од тоа го изразува преку другарчево до тој степен што го гледа и во тебе како потенцијален гушкач. Не избрзувајте со психолози и бајачи, што и да е ќе му помине. Пробај да му читаш некоја убава позитивна приказна пред спиење, пробајте да му го оттргнете вниманието, да го насмеете, да го смирите и бидете и вие позитивни, не си легнувајте со него со загрижени лица како ќе ја помине ноќта.
Пак е исто само што ете сега завесата била далеко и братму бил далеко едвај го смирив . Ќе видиме до сабајле како ќе е , јас се искл сега .
Уште вервате во црни магии? *смајли шо се крсти* *смајли шо чади со кандило* Ако сте тргнале по то веќе дајте Роска да ја викнам од серијата семејно благо или бела лаѓа... Магии,бајачки...абе нема такви работи... Ај да не се карам... Со среќа и пазете на детето сигурно ќе биди во ред немојте да сте под стрес оти вашиот стрес влијае и врз детето. Имајте мирна ноќ♡
Значи повторно се случи. Однесете го детето во црква уште денес. Нека ви дадат и крстена водичка да попрскате дома. Ајде луѓе ништо не губите ако го направите тоа.
Јас какви измислени другарчиња имав на4-5 години страв да ве фати. Па раскажував во градинка на децата, Па тие се плашеа среќа родителите нивни не ме направија фрц фрц...и ... еве ме здрава права фаза е
Ajde be luge pa tuka li najdovte da gi izrazite vasite stavovi? koi se protiz bajacki, koi se protiv psiholozi koi vaka koi taka. Na detetvo mu treba pomos neka proba se. Bilo bajacka, pop, psiholog Valjda ako gi poseti nema da i go ubijat deteto . Zenata veli pak istoto se slucuva, drugarceto e jezivo stom deteto se plasi od nego i se pojavuva samo vo tekoy na nokta dedeka da se razdeni, bega od nego, a koga ja guska majkata toa se pojavuva vo nejzinoto lice i deteto ja turka majkata da bega... Normalno li e??? I majkata veli deka i e jezivo seto ova, a sestrata bila sprecena da se frli od prozor radi takvo nesto. Aman be luge osvestete se. A bajacki a popovi neka proba se, samo deteto da si ima mir.
Замислено другарче е сосема нормален дел од развојот кај децата. А колку што прочитав, детенцево е исплашено од нешто. Да не го терала некоја од тие бабите (колку што прочитав сфатив дека имате во околината) да ги гушка а тоа не сака.да се гушка. Убаво испрашајте го и однесете го на детски психолог. Еве една статија на која налетав Важноста на соништата Психологот Алфред Адлер смета дека соништата ги презентираат проблемите со кои се соочувате во животот, и дека сонувањето е вежба или пронаоѓање начини за справување со нив. Страв од темница "Мамо, во плакар ме демнат чудовишта!" Пред да се упатиле кон детската соба со античудовиштен спреј во рака, прочитајте некои од следниве предлози: Дознајте го проблемот Стравот од темнината и од страшните суштества кои се кријат во неа, е честа појава во животот на малите деца. Тоа е знак за развој на свест и стекнување на сила на имагинацијата. Својствен е за возраста во која започнува сознание дека животот не е составен само од виножита и еднорози. Други причини: -Детето можеби е гладно. -Можеби сака да бидете со него додека спие. -Можеби се обидува да издејствува дозвола да спие во вашиот кревет. Ако детето почувствува корист од тоа да е уплашено, можно е да не сака да се ослободи и справи со стравовите. Тоа е потсвесно решение, природно. Што е решението? Разговарајте и објаснете дека преку имагинација можеме да создаваме фантастични форми, но чудовишта и слични работи не постојат. Ако започнете со потрага на чудовишта низ собата, за да ги убивате, или да ја прскате собата против духови, вие практично докажувате дека тие навистина постојат. Кажете му на детето дека вашата работа е да му обезбедите сигурност и безбедност и бидете убедливи во своите зборови. Од малечко детето треба да се справи со тешкотиите на секојдневниот живот. Објаснете му дека се чувствува исплашено, бидејќи избрало да мисли за страшни нешта. Објаснете му дека ако мисли за убави работи ќе има убави чувства. Малото треба да разбере дека тоа одлучува за што да мисли и така може да "забрани" на страшните мисли да завладеат неговиот ум. Важно објаснување: Ако детето е жртва на насилство, без разлика какво, тоа ќе има нарушувања на спиењето, кошмари и други знаци на стрес. Одбивањето на храна е јасен показател за сличен проблем - зборувајте со детето и со неговиот педијатар, за да го идентификувате проблемот.
Не е ова измислено другарче, овде се работи за ноќен терор. Детето сонува нешто. Вообичаено се јавува првпат на помала возраст, а може да потрае до кај 7 години и повеќе. Проблемот тука е што првпат се јавува на оваа возраст. Не би одела до толку далеку со дијагнози за психози и слично, ама колку што знам, мајката е бремена со трето дете, можеби причината лежи во тоа? Иако дете од 4 години не верувам дека е свесно за тоа дека наскоро би имало помало братче/сестриче, се е можно. Промената може да има големо влијание. Снеже, консултирај психолог, не губите ништо. Ќе ви даде совет како да се однесувате со него во тие моменти. Да бидам искрена, верувам дека децата гледаат многу повеќе од нас возрасните. Поточно, чувствуваат туѓа енергија во околината. Оставам на мајката да одлучи како ќе ја реши ситуацијата, ама се надевам дека нема бајачка да биде решението.