До 3 часот траеше така будењето и потоа го снема , спиеше мирно без да плаче и да се буди , сигорно имаше влијание темјанчето што го запалив пред спиење .. Фала ви на советите не дај боже веќе ова да ни се повтори ни на нас ни на некој друг , имајте убав ден ..
Ова воопшто не личи на замислено другарче , туку детето лошо сонува или поточно го измачува ноќен терор. Решение гледам во разговор со добар паихолог, а не во бајачи кои може уште повеќе да го исплашат. Малце ме разочарува тоа што ве читам млади жени како форсирате посета кај баби и бајачи , ама ај не би да ви солам памет! Снеже и јас мислам дека детево е исплашено со нешто (насилно гушкање или бакнување) па стравот му се манифестира во ноќен терор... А можеби и темата - ново бебче во семејството да го плаши па затоа одбегнувајте муабет за тоа некој извесен период. Сепак стручно лице најмногу ќе ви помогне, затоа барајте добар психолог! Со среќа!
Темава е скроз утната. Не се разботи за имагинарно другарче, ами за ноќен терор. Прочитав по коментариве дека мајката е бремена. Претпоставувам дека е тоа причината и првично треба да се работи на тоа. Веројатно има поттиснати чувства, страв од запоставување или напуштање. @Nigredo Odor сепак испадна во право за причините. Нешто повеќе околу ноќниот терор. Обично се појавува од еден до четири часа по заспивањето. Симптомите се лупање на срцето, широко отворени очи, зголемени зеници, потење, крик, плачење, викање, не ретко не контролирано, не прпеознавање на родителите дури и не реагирање на нивните барања, отурнување на родителите, екстремен страв и уште многу други. Се ова, оти детето е уште во фаза на сон. Кога завршува нападот, детето повторно заспива. Ама истиов, може да се повтори неколку пати во текот на ноќта. Ваквите напади не оставаат никакви оштетувања и обично не се поврзани со ментално растројство, но се со развојот на централниот нервен систем. Односно, истиов е не целосно развиен, што на оваа возраст е сосема нормално. Преуморни или болни деца се со поголема веројатност да развијат ноќни стравови. Дури и лекарста и спиење во нова средина можат да развијат ноќни стравови. Ако будите дете во ваква фаза, тоа ќе биде дезориентирано и збунето. Важно е да има редовен сон, да се намали стресот, заморот, да има ритуали пред спиење, да му се објасни дека новонастаната бременост нема да ја промени неговата ситуација, односно љубовта на родителите кон него. Ова ќе ги намали нападите. Не е во ред да траат долг временски период и во таков случај, ако продолжи и деновиве, што поскора консултација со стручно лице. Едит: Не избегнувајте муабет за новото бебе. Напротив. Детето мора да знае што следува и зошто е тоа така. Детето мора да знае дека е сакано и нема да биде напуштено и покрај бебето. Ако избегнувате, само ќе му ги поттиснувате чувствата и емоциите, а истиве ќе се манифестираат на погрешен начин.
Абе сакав да укажам на фактот што го гледа детево само ноќе...го измислува само ноќе. Јас би се консултирала со психолог. Зависи и колкав период сево ова трае. Ако е некоја халуцинација поради болест брзо ќе помине, ако е психолошко нешто најубаво да се советува со психолог...барем некој совет ќе се даде како и што да се постапува.
Ноќен терор е во прашање, не е имагинарно другарче како во нормална ситуација кај повеќето деца. Консултација со стручно лице секако дека е потребна. Децата не се плашат од измислени другарчиња, ами си играат со нив. Овде се работи за халуцинација, всушост, фаза на сон која не е во рем фаза на мозкот. Затоа дете гледа чудни ствари. Не го измислува, ами го сонува.
Ne go sonuva, tuku go gleda, mu se prikazuva samo nemu. Obicno decata gledat i custvuvaat raboti koi vozrasnite ne mozat
Колку и да сте скептици.. и колку ЦИВИЛИЗАЦИСКИ да ви изгледа неприфатливо СЕПАК ПОСТОЈАТ еден сплет на околности на кој дури и на научниците не им е ЈАСЕН Како заминавте со муабетот, го направивте детенцето умно-болно.. со тешки халуцинации.. Само едно ке кажам на мајката „Земете си икона во соба (светена) од Кукниот светец, палете си кандилце, пред легнување, зачадувај со темјан ВО СИТЕ ЌОШОВИ од куќата! мачкај го со крстена вода! и појдете во црква, нека му даде мир ПОПОТ, (црковно ароматилно масло)!! Претпоставувам МАЈКАТА е трудна и носи МАШКО ДЕТЕ!!?
Постои нешто што се нарекува психологија на деца, во рамките на науката, егзактни факти кои не можеш да ги побиеш. Во прашање е ноќен терор и сите симптоми водат кон истиот. Има реална причина, бременост на мајката. Ако не е тоа во прашање, сигурна сум дека и друга состојба би можела да се објасни во рамките на реалноста и науката. Мислев дека сме ја надминале фазата на монстерс во плакарот. Барем кај возрасните. А каква врска има тоа кој пол е детето?
Се си мислам дека нашиот мозок функционира на почуден начин од тој што е објаснет во науката. Свеста има голема улога, имаше еден филм кој објаснуваше зашто човечкиот мозок ги претвора убавите информации во негатива и хорор. @Lianna Anna цврсто си убедена дека станува збор за ноќен терор. Јас како мала не сум го имала, татко ми на мои години го имал само кај него не било поизразено се случило еднаш,а кај мене 3 пати во две години. Буквално страв од спиење имав потсвесно знаев дека нешто се дешава. Еве како би го објаснила ти ова?
Практикувај темјанче, можеш и под перницата да му ставиш. Се најдобро, да нема веќе вакви случаеви никогаш кај никого.
Машко е, пишува во термини за породување. Ем и на аватарот пишува. Ајде сега кажи каква врска има полот Мене ми е многу страв од вакви работи, вчера кога прочитав не можев да заспијам. Во иднина ако моево бебе почне да ми кажува вакви работи или да си има замислено другарче мислам дека ќе умрам од страв.
Замислете кои трауми се бајачки за дете од 4 години. Па ќе замавне со секира над глава стравот да ти го сече, ќе прави некои чудни ритуали, ќе го преплаши детето уште толку. Психолог или црква, или уште подобро и двете (и за мир на мајката, и на детето). Зошто бајачки?
Може му е страв дека братчето ќе му го завземе местото во семејството, играчките, количките.Бидејќи е навикнат 4години сам.Се случуваат и такви работи,љубомора или посесивност према родителот. А да не е пошто ќе добие братче да го замислува сега како е што е?Да пробува да се прилагоди?
Da de psihologija na deca..... se vika Neuropsiholog....mene sin mi go pratija na psiholog samo zatoa sto bil tvrdoglav ne odgovaral na prasanjata, nitu pa koga le go viknea po ime...mislea deka ima nekoj problem vo glavata, go napravija lud na zdrav pamet. Gluposti, ednostavno deteto bilo tvrdoglavo...jas ne go odnesov, vezbav so nego doma i na kraj negovatelkata mi rece deka mnogu napreduval...mnogu mnogu poveke odkolku sto ocekuvala. Da ne begam od temata.. Svesni sme deka postojat takvi natprirodni sili, da ne se pravime cuknati.
Многу едноставно. Дете кое минува низ ваква фаза се наоѓа меѓу состојба на будност и сон. Не може да ги препознае родителите и гледа и чувствува нешто што не постои. Научно е објаснето.
Чим е машко, значи децата до 4-5 годишна возраст, имаат моќ да почуствуваат премногу работи.. за кои не сме ни свесни, односно се работи за „фамозното“ 6 сетило! Енергијата која зрачи од стомахот на МАЈКАТА, може да ја почуствува детето, до размери на тоа да ги доживува тие енергии дури и во визуелна состојба, односно да го гледа „ИДНОТО БРАТЧЕ“ (да не речам ја гледа душата на идното братче)... да ја свртиме работата во ПОЗИТИВНА ГЛЕДНА ТОЧКА! П.с Ако беше женско.. многу веројатно дека ке гледаше „ДЕВОЈЧЕ“