Мислиш ти си свесна дека постои нешто неприродно. Еве ние другите сме заблудени. Не ми се верува што читам по темава. Негирате и оспорувате научно докажани факти. Ако сакаш да дебатираме, радо. Побиј ми ја теоријата со факти. Објасни ми што се случува во рем и не рем фаза на мозокот? Докажи ми ги неприродните сили.
Заебиш ти НАУЧНО ДОКАЖАНИ ФАКТИ Kaжи ми ти за НАУЧНО НЕДОКАЖАНИТЕ ФАКТИ! кој ги бунат и самите научници.. ама сепак твое право си е дали ке веруваш или не ! Сепак единствени сме во „КОСМОСОТ“ а?
Темјанот е психоактивна супстанца која дејствува на деловите на мозокот одговорни за анксиозност и депресија. Завршил работа затоа што го "издрогирала", не затоа што има црна магија врз него.
Женава мака си има, тие приказни за демони, магии, сетила и зборат. Ај остајте, не ја плашете, ќе почне она да не спие и да гледа "ствари" од страв.
Не се работи баш за тоа, мислам и не е добро да збориме од тој контекст дека се работи за „централен нервен систем“ со психолошка задина кај дете од 4 години... со симптоми кој се карактеризираат, како будење од сон, гледање на „нешто“.. ти нешто ми збориш во контекст на „Хипнагогични халуцинации“... за кој такви работи не се појавуваат кај 4 годишни деца!
Те молам прочитај го Фројд и патем гуглај за ноќен терор и симптоми за истиот. После дојди тука и кажи ми дали сеуште си на исто мислење. Јас зборувам за состојба меѓу сон и реалност. Кај 4 годишно дете, па дури и помало или повозрасно, зависно од стресната фаза во која се наоѓа во реалноста, ова се одразува во текот на сонот.
Муабетов го донесовте до „КАША ПОПАРА“ ........за скептиците ок.. одете по психолози по психијатри.. за презацапаните трчајте по бајачи .. правете им трауми на децата... Кажав фино лепо... што и како „НЕ ЗБОРАМ ОД УМ“ зборам од искуство!
Господе Боже како го издрогирала?! Поголема глупост не можете да треснете. Значи кажав друго е да знаете на своја кожа како е, а сосема друго е да изнесете свои заклучоци. Ако не верувате во Господ не ја пунете темата со контра-мислења. Воопшто не се од помош.
Точно е тоа, ама членката се изјасни сама така. Ве читам цело време научни факти - баталете,ве лажат цело време. Додека не видиш на дело не се верува.
Во наводници ми е издрогирала, аман, не знаете ни да читате . Да кади секоја вечер додека да престанат нападите е решение, освен ако не се навикне детето на темјанот и не престане да реагира на него. Не реков да не кади, ви дадов само објаснување зошто се смирил после кадењето.
Повторно некоја глобална теорија на заговор. Господе боже, кој тоа не лаже? Дали ти серизоно мислиш дека се работи за демони?
Никаде не спомнав за демони. Јас не верувам во научни факти. Постои нешто друго кое што не може да се објасни. @DAngel кога ќе престане ефектот ќе има мир, ако многу сакаш да знаеш, не ми се десило година и пол и се надевам нема. Ама не е така се како што мислите дека е.
@buba4e89 си се смирила пред да престане ефектот. Кога престанал си била смирена. Ако ги прочиташ мислењата никаде не напишав ништо против темјанот, само оставив отворен предлог да се консултира со психолог ако потрае ситуацијата, и препорака да не се бара лек од бајачки. Какви верници сте бе, што одма трчите на бајачки? Ниту направив некого ненормален, ниту ги пратив на психијатар.
Како не веруваш во научни факти? Те читам на други теми и го имав токму спротивното мислење. Очигледно сум проценила погрешно. Нештото кое не може да се објасни не постои. За ова има објаснување. Зошто ви е толку тешко да прочитате? Ноќни терори се случуваат затоа што мозокот на детето се уште не ја научил правилно транзицијата од длабок сон во лесен. Додека телото е будно во текот на ноќта кога се случува ова, свеста на детето не е. Ако сакаш да докажеш дека ова што го пишувам не е вистина, тогаш егзактирај. Не ми пишувај работи што се основаат на верба.
Е многу „гуглате“ по интернет, и верувам дека сте ептен начитани и научени од „статии на поединци кој си чкрапаат колумни на блогови ОД УМ“ и видов некој го спомна Зигмунд Фројд....... оставете вие Фројд, тоа ти се Филозофи карактеристични по својот Атеизам, од кој тврди дека Бог и Религијата се општествени функции.. кој се користат од оние кој се на власт и тн... Научните факти се косат со Религиозните факти, но сепак 80% од Религиозните факти се поткрепени и од научните факти! Од кој ке го спомнам др Ентони Флу, кој се сметаше ЗА НАЈ ГОЛЕМИОТ АТЕИСТ! изјави и кажа дека „ СТАНА РЕЛИГИОЗЕН! - под притисок на јасни и недвосмислени НАУЧНИ ФАКТИ, морал да прифати дека сепак БОГ постои.. а ако „Бог постои“ тогаш постои се она што останало традиционално да се верува помеѓу народот!
Бај д веј, предлог до модераторот.. да ги тргне сите овие мислења во друга посебна тема.... бидејќи стварно заминавме во погрешен правец на дебатирање! Жената си има мака, ние отворивме Научно/Религиска дебата....
Многу глупости изнапиша.Овде збориме за 4 год. Детенце и уплашена мајка не за Харе Кришна абракадабра ау бау.Не мешајте религија до толку @MkdBoy па ти тоа...јас кажав поп да му каже молитва ако е крштевано а не да ми кажуваш факти за атеизам и за Господ.Секое мислење и е добредојдено на членката во границите на нормалата и возможното.