1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замислено другарче или ноќен терор?

Дискусија во 'Дете' започната од ❤️Sneze❤️, 1 јануари 2018.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас ти пишувам ствари кои се десиле, а ти упорно со твоите факти па факти па факти. Батали фактите. Сакам да го осетиш па ќд зборуваме за факти.
    Не знам како да ви објаснам да не ме убедувате во вашите факти кои се научно докажани но не и искусени.
    Да ти се дешава две години по ред, да не можеш да спиеш, да бегаш од дома да не спиеш објаснете на кој научен факт го поткрепувате ова. Да чекаш да се раздени да заспиеш?
    Јас мислам не знаете, на столот има тренерка а ти гледаш фигура. Зјапаш во таа фигура 20мин.
    Треба ли во детали да се изјаснам. И да бев на лекар ми дадоа за смирување, разговарав со психолог ама хоророт си продолжи. Само црква ми помогна од едно идење.
    Ајде сега со вашите убедувања продолжете, како не било така, како ние лажеме итн.
     
    Последна измена од модератор: 3 јануари 2018
    На Milobebence, Rama, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Човече, каква врска имаат Бог, религијата и атеизмот тука? Мислам дека скроз во погрешна тема пишуваш.

    Сериозно го негираш Фројд? Не читаме по нетот, ами само потенциравме да читне некој друг. Ова и во школо се учи.

    Јас имав парализа во сон, и ниту еднаш не помислив дека е нешто неприродно. Ќерка ми минуваше фаза на ноќен терор кога бев бремена со второто дете. Фала што ми посакуваш да ми се случи. Ама веќе сум искусила. За црква не коментирам. Знае да делува смирувачки. Меѓутоа другово е и повеќе од смешно воопшто да се дебатира.
     
    На *Amethyst*, Annath, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    80 проценти? Ги извади податоциве од ракав, признај.
    Anthony Flew бил филозоф и аналитичар. Неговата работа нема многу контрибуција во научни сврхи. Подобро да се држел до теолошката гранка.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Веруваш во Бог? Ами погоре имаш коментар дека додека не видиш не можеш да веруваш.
     
    На *Amethyst*, SV1911, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Нее воопшто не го негирам Фројд! далеку од тоа! јас само пишувам и тврдам од „религиски аспект како би му се помогнало на жената!“ и сметам дека 2ра варијанта е „Медицината“........... од ке речам дека не се работи за „психолошко дејствие“.. според описот како си го опиша детето!
     
    На Nalutena1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 ноќен терор се случува кај децата и е минливо. Не можеш да споредуваш со нешто што ти се случило тебе на повозрасни години, воопшто не е исто.
     
    На *Amethyst*, Annath, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Од религиски аспект, порано лечеле хистерија, шизофренија и ред други состојби. Уствари правеле егзорцизам на психички болни индивидуи. Медицината е секогаш пред религијата.
     
    На Kitten, Annath, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата е иста, врати назад па види.
    @Lianna Anna за научни факти не верувам, не испревртувајте зборови. Патем не ти посакувам да ти се случи, туку сакам да го осетиш за да видиш дека не е поткрепа на факти.

    И ве молам не провоцирајте расправија само затоа што ви се кара и нема каде да ги истурите фрустрациите.

    На некој се дешава порано на некој покасно. Индивидуално е.
     
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Абе мене не ми се кара, ами ми се дебатира. Ти кажувам оти во состојба на парализа во сон, искусив т.н непостоечки демони. Не помислив во ниту еден момент дека се вистинити. Отвори ја истоимената тема и ќе видиш дека и за твојата состојба има објаснување. Тоа се халуцинации, предизвикани од мозокот, поради згрчување на одредени мускули.
     
    На *Amethyst*, Kitten, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас немам искусено парализа во сон. А инаку не верувам во демони, али дека има чудни работи има.
     
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не се расправајте без потреба.

    Психологијата спаѓа во научна дисциплина, ама дали е егзактна? Не е.
    Не е ниту религијата, затоа и реков дека разликата меѓу овие две е во пристапот на работа. Со таа разлика што психологијата поседува по опсежни методи за преку разговор (особено бихејвијоралната психологија), да се дојде до коренот на проблемот. Но, дали ќе го реши, тоа е веќе друго прашање. Молитвата е еднаква на психолошка вежба дадена од психолог како домашна задача. Разликата е во вашето уверување.
     
    На *Amethyst*, Annath, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    А кои се тие чудни работи? Халуцинациите имаат дефиниција која многу добро ги објаснува. Истиве можат да се случат и во будна состојба, секако, ппак како резултат на мозкот.
     
    На *Amethyst*, mariz и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Од научен аспект, пробувале да состават човек од човечки делови, како и да пресадат, глава, рака, нога и сл :D како што „научниците“ не успеале ни порано ни сега да успеат во тоа.. така ни „свештениците не успеале ментално болен човек“ да излечат со егзоцизми.
    Ништо не извадив од ракав, и не тврдам ништо без позадина! - ОГРОМНА ПОЗАДИНА!
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Во ред.
    Аргументирај го изложеното. Постирај извадоци од статии на научници кои се согласуваат дека, цитирам:
     
    На Someonespecial, CameliaMiller, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ти кажувам на столот има тренерка а ти гледаш фигура. Штом се сеќавам би требало да има логика, ваљда. Зашто на одредени сонови не се сеќаваме? Колку кошмари сум имала не памтам ништо. Башка се сеќавам дека имав вода до креветот и станав да пијам, фигурата уште беше таму.
     
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Не се сеќаваш, затоа што тоа зависи од тоа во која фаза е мозокот кога ти сонуваш. Фигурата што си ја гледала е извор на халуцинација, можеби предизвикана од стресна состојба низ која си минувала.
     
    На Annath, Someonespecial, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Апофенија и пареидолија.
    Сто пати ги имам пишано термините на форумов, да не се повторувам. Гуглај. Немора да има врска со стрес, сите ги имаме. Некои поретко, некои почесто.
     
    На *Amethyst*, Someonespecial, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Првиот пат немав стресни ситуации и беше лето, задните два пати има извор.
    Првиот пат беше најјезиво затоа што траеше 7 дена, тогаш и бев на психолог, ги направив сите испитувања комплетно здрава ама пак го имав.
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 кошмар и ноќен терор не е исто. Побарај на интернет, има многу информации. Се дури не спомна @Lianna Anna и мене ми беше непознато, знаев само како поим. И јас сум верник, ама не негирам нешто што е докажано, исто како друг дел од медицината да негираш е ова. Има посебни клиники во светот за испитување на спиењето и сите појави поврзани со него.
     
    На *Amethyst*, Annath, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Тоа се погрешни визуелни и звучни перцепции кои секогаш имаат заднина, за која и не мора да бидеш свесна. Нема ништо чудно и неприродно тука.
     
    На *Amethyst*, Annath и CameliaMiller им се допаѓа ова.