1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замонашување

Дискусија во 'Религија' започната од SABAH, 10 јануари 2012.

  1. Sakura

    Sakura Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    @Angie1432, @WildMk Имам цитирано горе, прочитајте.

    Психички проблеми дека треба да се лечат кај стручно лице никој не спори. Проблемот е што на замонашувањето се гледа како на нешто лошо.

    Како што кажаа и други пред мене, на 18 години се запишуваме на факултет, многу и основаат фамилии и тоа е за цел живот. Исто постојат луѓе знаат што сакаат од деца, а други до 30 години не знаат. Девојката убаво си кажа дека имала анксиозност во минатото, а не сега. Зошто се поврзува тоа со ова дека сака да се замонаши?
    .
     
    На Snowflake97, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    И ти прочитај поназад и ќе видиш дека не го гледам замонашувањето како нешто лошо.
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    27.231
    Како може да споредуваш упис на факс и замонашување?
    Од замонашување има назад?
     
    На TheBlackRose, Mikha4 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.835
    Допаѓања:
    9.478
    Пол:
    Женски
    Што е до мене, подобро во манастир нека одат таму да ја проучуваат верата и да чекаат некој да им се обрати, отколку надвор да замараат поштен народ со проповеди од книга, читана-недочитана.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.516
    Допаѓања:
    139.330
    А може ако не била на психијатар, да си мисли дека има анксиозност :)

    Сите на различни начини се бориме, некој оди низ цела земја барајќи психијатар, некој бара психолог оти не сака апчиња, некој со себњмотивација и молитва се средува.

    Јас одев, пиев лекови и на крај, сама се извлеков. И ај сеа речете ми, како е можно сама кога е биолошки? Кога е исто како притисок и шеќер?
    Ако црквата ја смирува, нека оди.
    Ако не ја смирува ќе си бара лек. Некои со сите лекови па не успеваат.
     
    На elimkd, Snowflake97, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Не станува збор за одење во црква, туку за доживотна одлука.
    Пишав веќе.
    Такви одлуки не се носат кога си ранлив, туку кога си цврсто на нозе.
     
    На TheBlackRose, GrimTheReaper, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sakura

    Sakura Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Има. Но се смета за грев.
    Дадов пример дека на таа возраст сме доволно зрели да донесуваме одлуки за животот.
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    27.231
    Па како тоа ја убедувате толку сигурно?
    Што видело тоа дете на 18 години?
    Утре ако сака да се откаже да живее со тој товар дека е грев, многу убаво.
    Јас сум ЗА замонашување на луѓе над 40 години, вака и воопшто не наоѓам вина во родителите ако не се согласат.
     
    На Guns N` Roses, mira.mira, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  9. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што одлуката за замонашување не треба да се гледа како единствено решение во безизлезна ситуација, или пак како последна шанса. Напротив, треба да имаш волја и со љубов да се одлучиш за толку сериозно нешто.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Зошто читате селективно? Никој не и рече да оди да се замонаши, сите ние верниците и рековме да не избрзува, да размисли добро, и баш објаснивме дека големи предизвици и одрекувања носи сето тоа и дека не секој може да го издржи, и не секој може себеси да се даде толку колку што треба и ќе се очекува од него ко монах.
     
    На Orthophill, cresa-jagoda, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Затоа што тие читаат селективно.
    Сме ја осудувале, сме и' поставувале дијагнози.. бла-бла
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    56.686
    Пол:
    Женски
    Зошто на советот да посети психијатар толку се гледа како на нешто лошо? Никој не ја дијагностицира, членките пишаа според она што таа го пиша во првото мислење. Не е проблемот нејзината вера, туку тоа што има внатрешни проблеми што не се решаваат само со верба. Таа пак нека си оди во цркви, манастири, нека си се моли и пали свеќи никој тоа не го оспорува, само паралелно со тоа мора да побара стручна помош, бидејќи поинаку би било само туркање под тепих на проблемите.

    Во секој случај мислам дека не треба да носи одлука во моментот. Понатаму ако сфати дека сепак тоа навистина го сака нека се замонаши. Само тоа се прави кога си со ладна глава и стоиш цврсто на нозе како што рече некој погоре, а не кога си најранлива и сѐ во главата ти е испомешано.
     
    На Guns N` Roses, daylight, TheBlackRose и 4 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Амин!
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Па дури и да не е за анксиозноста, еве и за оваа животна одлука нека е, зошто да не поразговара со психолог?
    Зошто да се затвори и да избега од сегашниот живот без да си ги разгледа опциите?

    Нормално дека за таква радикална одлука нема да е потапкана по рамо, пред се за нејзино добро.
    И зошто од замонашување да нема назад? Што ако сфати дека тој живот не е за неа, ќе треба да остане заглавена целиот живот правејќи нешто што не ја прави среќна?
     
    На TheBlackRose, Peanut Butter, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Размислувам... што ако ќерка ми посака да се замонаши?
    Би и препорачала прво да се консултира со стручно лице.
    Ако психологот/психијатарот рече дека нема емотивни и психолошки проблеми, не би и' стоела на патот.
    ... нека се замонаши.
     
    На mira.mira, Peanut Butter, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    @Bal4 хелооо, мнг убав пост прочитав од тебе, стварно ме инспирираше :f:

    Се надевам не ги следеше сите дискусии што настанаа после твојот коментар, тука бувкално ќе прочиташ коментар од СЕКАКОВ вид... најубаво овој твој муабет да си го продолжиш со свештено лице, да слушнеш повеќе мислења од...околината (сестри/свештеници од разл. манастири, родители, пријатели) отколку тука на форумов

    ти посакувам све најдобро :l:
     
    На Orthophill, elimkd, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Па, не можеш да забраниш, и како и со секоја одлука што не ти се допаѓа, бираш дали ќе бидеш тука за неа или ќе ја оставиш сама. Сакам да верувам дека ретко кој родител би го направил второто.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Не е дека не ми се допаѓа замонашувањето.
    Само по себе, не го гледам како опасност.
    Напротив.
    Да направиш таков чекор и да живееш рестриктивно цел живот, мислам дека бара многу јак карактер.

    А дали е јак карактер, или лабилен, исплашен човек, само доктор може да кажи.
     
  19. Sakura

    Sakura Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Никој не ја убедува да се замонаши, таа тоа го сака. Ниту пак некој рече дека е лошо да посети психолог.

    Треба да се разбере дека не може сите да сме исти и да сакаме исто. Не може ли здрав, психички стабилен човек да сака да се замонаши? Мое дете да го избере тој пат би била горда.
     
    На Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓа тоа живеење рестриктивно. Еднаш живееш и не гледам зошто да не го искористиш животот максимално. На кого да се докажуваме дека имаме јак карактер? :D Така што, не ми се допаѓа замонашувањето.

    Како и да е, се согласувам со тебе за другото, дефинитивно треба разговор со психолог.
     
    На Guns N` Roses, Amellie13, TheBlackRose и 3 други им се допаѓа ова.