И за мене лично не ми се допаѓа. Ко шо менвам расположение на секои 5 минути и ко шо сум гладна за сите земски удобности, само циркуз може да напрам со таква одлука.
Докторите се експерти за се Тоа не дијагноза па да ја носиш на доктор.Подобро појди ти да те проверат дали си ти во ред со твоиве размислувања. Дали и ако одлучеше да биде космонаут ќе ја однесеше на доктор
Тоа е. Сите имаме свои сфаќања за животот, за жал, сите знаеме и да осудиме, и да не прифатиме различен од нас, и уште што не. Ама знаеш што? Секогаш кога се работи за религија, атеистите ги премислуваат и оспоруваат верниците за некој потег во верата, ама кога се работи за некој од помодерните проблематики, тогаш се е сјајно и бајно. Пример, како може со раширени раце да се прифати фактот дека дете од мали нозе се чувствува различно од полот и телото во кое расте? И тука следува тапшање по рамо, дозвола за да облекува различна облека, да игра со други играчки нетипични за полот и слично. И тука сите ќе речите, ама тоа дете неубаво се осеќа во своја кожа, мора да промени пол, навики и очекувања. А како истото не го речите и за религијата? Не е можно деца од мали години да осеќаат потреба да му служат на Бог? И зошто второво е помалку веродостојно и посмешно од првото?
За анаксиозност и напади на паника, се. Кога ќе кренеш температура, кај одиш? Во манастир, или на доктор? И како може да споредувате професија и факултет со живот посветен на Бога? Толку ли малку ја вреднувате одлуката да се венчаш за Исус?
Не мора да имаш некоја дијагноза за да разговараш со психолог, а исто така замонашување не е само избор на професија туку огромна промена на целиот начин на живот и откажување од многу задоволства.
Оф мори мајко, златна мајко. Ги ценам луѓето кои се замонашуваат. Се воодушевувам на Тибетански свештеници, на Христијански монаси и монахињи. Ама на оние кои достојно ќе се носат со одлуката. Не е играчка да се посветиш на Бога. И не се носат одлуки кога си ранлив. Што се однесува до играчките, играчки се. Со капаци и тенџериња си играше ќерка ми. Нема машки/женски играчки. Единствено што не поштовам се играчки оружје. Никогаш не сум купила, за ни едно дете и никогаш нема да купам.
Каде е погоре спомнато анксиозност и напади на паника? Не мешај баби жаби колку да пишеш нешто. За темература не паничам и не се јавувам одма на доктор.Три дена следам па после ако треба се јавувам.И слепо не се придржувам што ќе ми каже доктор оти за се препишуваат антибиотици во последно време. А, да и кога ќе ми препише нешто прво читам упатство!
Како, каде е напишано? Уште во првиот пост, девојката кажа дека страдала од анксиозност и напади на паника. Ти прочита се', или се вметна само колку да се инаетиш?
Па и да сака да промени пол, сигурно нема да почнам да му давам хормони без да поразговара со стручно лице. На страна тоа што споредуваш проблеми на транс луѓе со нешто што е одлука што можеш кога сакаш да си ја донесеш во животот, а со која ми е тешко да се поврзам затоа што не сум верник, па искрено ми изгледа непотребно радикално. Особено не ми се допаѓа тоа што откажувањето се смета за грев, па уште и беше наречено духовно самоубиство. Ама тоа не значи дека некој ќе ја суди девојката ако отиде во манастир, туку добро е да слушне повеќе мислења.
Ама не се проблем само играчките, и јас имам играно со машки играчки де. Ама муабетот ми е зошто поддржувате кога дете не се осеќа убаво во свое тело и тоа ви е нормално, па го охрабрувате на промена на пол и слично. Како тоа дете може да знае дали тоа е вистина или само заблуда? А зошто да не може дете од мало да знае дека сака да му служи на Бог? Значи исто е, ама не е исто. Не ти се нафрлам тебе Вајлд, зборувам општо.
Јасно дека немораш да имаш дијагноза за разговор со психолог. Ама па зошто би разговарал токму за замонашување со него? Тој што решил да се замонаши сигурно не е лабилен карактер и точно знае зошто тоа го посакува. Сигурно од ведро небо не му текнало.
Аха, така беше. Провери ги статистиките за сите оние кои завршиле по култови, па ќе видиш колку се стабилни.
Она што е задоволство за тебе, не мора да е задоволство и за мене. Не тежнееме сите кон исти нешта. Мал оф-топик Спојлер: Ден на будистички монах Со олку спиење колку што спијам, па јас сум била будист . Ама месото вкусно, пустото...
Не е секој за во манастир, тоа е факт, и јас се согласувам дека треба да се размисли добро и не мора по секоја цена. Направив споредба со транс луѓе, бидејќи од најмала возраст се поддржуваат во одлуките и чувствата, верувам дека психички не им е и нив лесно, ама за нив е во ред да знаат дека се различни ете, ама за дете верник не е во ред да осеќа повик и потреба да му служи на Бог, така испаѓа. Првите се во право, вторите во заблуда.
Имаш ли деца? Не е само откажување од задоволства, туку и мораш да бидеш смирен, позитивен во склоп на улогата што подразбира огромна самоконтрола и негирање на чувства како бес, нервоза, тага...тешко дека некој цел живот ќе го помине со негирање на сопствената човековата природа. А тука сите вие што викате дека замонашувањето е нешто многу убаво и од љубов кон Бога, не би го пропагирале истото доколку се работи за ваша блиска личност. Ниту пак е точно дека нема да те примат ако не си спремен, гледам ги враќаат 15-16 годишни девојчиња, па тоа е рамно на индоктринација и заведување во секта. Знаете ли колку малолетни има низ годините замонашено во црквата, и зошто не одат жени кога се повозрасни туку во најранливите години? И зошто тоа служење на Бога мора да биде под мантија и одрекување од сѐ, дури и од сопствената личност. Зошто треба да се одрече од животот кој ти е даден само за да служиш на истиот бог кој ти го подарил? Апсурдно. И уште нешто, ама бидете искрени, дали замонашувањето е исклучително служење на Бога или служење и на интересите на црквата, меѓу кои и градежни инвестиции на сметка на здравјето на народот?
A sho ako istoto shto ke go dobie kaj psiholog,ke go dobie i vo manastir,samo bezplatno? Zoshto se forsira edno vo sporedba so drugo? Sekoj za sebe najdobro znae shto mu e potrebno vo daden moment. I da,potcenuvacki e da mislish deka mnogu podobro znaesh kako nekoj se cuvstvuva,otkolku toj samiot.
Немам намера да се инаетам само дадов реплика имам право да пишам што мислам. Јас те цитирав тебе а не девојката што пишала. Поентата е дека не си у право. За се не се оди на доктор тоа е факт.На психијатар исто. Никој не е семоќен ако сам не сакаш да направиш исчекор. На крајот и да одиш на психолог пак сам ке решиш што ќе правиш со себеси.
А така.. Ќе си читаш шо ќе сакаш, шо не ти оди во корист ќе го игнорираш и после ќе кажуваш 'мислење'. За секоја болест се оди на доктор. Срамота е шо го прајме муабетов во 2022ра
Можда оф топик, ама анксиозноста е состојба, не е болест. Не се лечи, се справува со неа. Може да се менаџира. Инаку на темава се согласувам во делови со сите, ама не се дрзнувам да давам мислење за животни одлуки, особено не на луѓе кои не ги познавам и за кои ништо не знам. Убави совети и дадовте сите, ама на едно мислење на форум не можеме да го сведеме нејзиниот живот, така што, освен ако имате нешто додатно како совет да и дадете, не гледам поента меѓу себе да се препукувате и понатаму.