Не мора да значи... сериозно. Може и сама да си го нашла патот, а може и некој од црквата да ја заведува. Се надевам дека е првото...
Шо има врска дали е трол, или не? Стварно не ви го разбирам револтот кон троловите... На форум сме. Секоја стимулација на дебата е позитивна.
Вајлд не сум сериозна, туку интересни ми се двојните аршини во однос на различни религии. Доказ колку се лицемерни членовите што за иста одлука една жена ќе ја исплукаат, а друга ја величаат. Јас верувам во слободен избор и управување со свој живот како сакаш, само сакав да се 'рчкам со лицемерие.
Па не баш, истите членки сме скептични кон строго рестриктивни начини на живот што е дискутабилно колку се стварно избор и слобода, и за покривање со бурка и за замонашување тоа го коментираме. Не знам каде виде лицемерие и двојни аршини.
Двојни аршини може да имаат припадници на една религија кон членови на друга. Во друга тема имам дебатирано за "изборот" на вернички да носат хиџаб и бурка, е па и за овој избор имам исто мислење, дури и полошо, дека апсолутно се работи за наметнување на вера, индоктринација и суптилно наредување како треба да го живееш животот според туѓи убедувања. Не се работи за никаква слобода или избор, кога си веќе нечиј роб.
Јасно, ама еве два пати прашувам во темава дали служењето е на Бога или и на интересите на црквата безусловно дури и кога тие се на штета на здравјето на народот, некако сите овие кои викаат колку е прекрасно замонашувањето го игнорираат. Сѐ додека сме скарани со реалноста ќе имаме и религии за жал.
Што ќе даде, после ова што се изнапиша, уште ќе дава на темава објаснувања. За што да каже што одлучила? За да ја сметаат за ненормална и чудна? Едно праша, сосема друго и' извртеа.
Не можам овој дел да го сфатам па да ме убиеш. Зошто мора да се откажеш? Ова е екстремно. Мислам дека не им се јавува никаков глас да се замонашат туку разочарување,болка во нормалниот живот со која не можат да се справат. При чин на замонашување на некоја девојка. “Митрополитот Агатангел, најпрво ја поучи за монашкиот живот, за сите добри, но и лоши моменти, што се дел од монашкиот живот, но и за наградата која Бог им ја дава на оние кои се откажале, од татко, мајка, брат, сестра, сопруг, сопруга и од сѐ земно заради Христа и Неговото царство.”
Вака, бидејќи прочитав многу размислувања (и позитивни и негативни што нормално ги прифаќам и двете) ќе одговорам во однос на некои прашања кои ми ги поставивте (не можам да цитирам бидејќи не можам да ги барам сите прашања). Прво, дали моите родители се верници - верници се само за големи празници. Ретко одат во црква освен на поголем празник па оттаму произлегува фактот дека тие не ме натерале на монашење. Второ, во однос на паничните напади и анксиозноста. Тие ми се појавија уште пред да се запишам на факултет и да работам (значи кон крајот на 4та година средно заради разен сплет на околности и ситуации кои ми се случуваа тогаш) а желбата за замонашување ми се појави неколку месеци пред тоа што значи дека не сум била под никаков притисок кога сум почнала да размислувам за тоа. Желбата се јави исклучиво и едниствено од љубов кон Бога кога (пак ќе повторам) не сум имала никакви психички проблеми туку сум ја почувствувала во огромна мера Божјата љубов и милост (кој ја доживеал барем најмалку, знае за кое чувство зборувам) а не заради бегање од проблемите. Анксиозноста и паничните напади се смирија после 6 месеци од пројавувањето на желбата и повеќе НЕ постојат, што значи веќе немам панични напади и анксиозност. И за крај, да не должам многу, не размислувам за замонашување уште веднаш, на 20 години. Знам и самата колку се малку тие години да се носи сериозна одлука но го напишав тоа затоа што уште повеќе се интензивираше тоа размислување последниве неколку недели. Се надевам разјаснив некои работи кои претходно ги немав спомнато.
... секогаш чувајќи ги и практикувајќи ги тие видливи дела на богобојазливост ќе ни сведочат дека нашата утеха доаѓа од Бога, а осудата и чудењето - од луѓето. Можеби некој ќе се дрзне и ќе ги осуди дека не биле доволно храбри да се соочат со искушенијата на животот па кукавички заминале во манастир. Разбијте ги стереотипите. Православието учи дека искушенијата никогаш не исчезнуваат, само го менуваат обликот. Манастирот не е место за бегање од животот, туку напротив за соочување со него. За откривање на неговата едноставност, за ценење на вистинските вредности како во примерот со капката вода и корката леб, наместо фотелјата за владеење и уживање и камшикот за сеење страв. O. Pimen Поинаку не го познавам, ама многу сакав да го читам. Додека пишуваше. Додека гледаше смисла во пишувањето.
Верувам имаш свој духовник кај кого се исповедаш и со кој разговараш, ако немаш, убаво би било да најдеш и ова со него да го споделиш. Да ти каже тој некој совет. Најдобро монах или монахиња најди и разговарај за оваа тема. Поубаво и поправилно од нив мислам дека никој нема да ти каже и да те посоветува. Јас многу убаво те разбирам и многу ми е мило за тебе, за мирот кој си го нашла, тоа навистина не го разбира оној кој не го почувствувал.
Заменете ја Библијата со законите во Уставот и колективниот договор на вашата фирма и ете сме сите во секти во кои не сме свесни дека сме, туку мислиме дека се наш слободен избор Кој курац слободен избор, секаде има правила и прописи, секаде си условен со нешто. И да заминеш во планина со кози и кокошки да живееш, и за тоа треба да имаш вештини и услови и обврски кои треба да ги имаш/научиш/исполниш. Едно добиваш, три губиш или обратно...сеедно, битно е тоа што тебе ти е важно да преовладува. Не ми се допаѓа она што го прочитав -ако си заминеш извршуваш духовно самоубиство или ватевер Ок, знам дека не е излет и експеримент, но мислам дека не треба да има вакви манипулации и притисоци ако сакаш да прекинеш. Може да се случи од грижа на совест, срам и страв да останеш а да знаеш дека монаштвотото не е веќе за тебе. И во "нормалниот" живот ова е често, ама затоа луѓе си бараат помош како да се отргнат од манипулативни средини и луѓе. Некои успеваат некои остануваат заглавени за цел живот. Таа слобода барем треба да ја имаш. Да не седиш таму на 35 години и да жалиш за маж и дете и искинати фармерки мислејќи дека е прекасно и дека немаш друг избор. Стани и замини си. Било што било, не е за тебе, чао. Па може и има смисла духовното самоубиство Го убиваш стариот твој дух и си нова ти Еурека.
Едноставно е. Како што некој сликар,боја и форма гледа насекаде,а композитор се претвара во звук, така постојат луѓе со изоштрен духовен вид...тоа што ние просечните имаме просечни сетила за вид, слух и сл. не значи дека не постојат поинакви луѓе кои дар имаат. Добро е кога истиот ќе го препознаат и негуваат и секогаш е добро ако истиот радост им носи ,на нив лично, а подоцна и на многумина околу нив. Многумина од нас се музикални, но ретки се врхунски композитори на пример. Многумина се сметаме за религиозни, но ретки се повикани од Бога. Девојчево можеби ќе биде една од избраните,можеби и не....голем труд треба, голема сила и жртва...но,наградата е пропорционално голема. Не сме воспитувани духовно, потиснато е искуството на Црквата, системски се тие нешта, поради тоа и реакциите на едно овакво сведоштво се за жал предвидливи.
Монаси и монахињи има секаде во секоја религија. Едно време пратев еден будистички духовник, работите што ги кажуваше и како ги кажуваше ми носеа неверојатна смиреност и пуштав негови видеа пред спиење. Мислам дека еднаш кажа дека на 9 години одлучил да живее таков живот, само бидејќи бил дете не му било дозволено, ама по неколку години во тинејџерство се посветил на монашки живот. Монахињи што сум запознала по манастирите наши ми биле едни од најсталожените луѓе на свет. Ова Избраните мислам дека е тежок его трип за да се осеќаш посебен, не мора да си избран за да се замонашиш, мислам овој момент ствара револт кај нерелигиозни, од една страна не учат религиите дека сите сме еднакви пред Бога, од друга страна постоеле Избрани. Немам ништо против замонашување, баш напротив, поддржувам одлука секој да си го живее животот онака како што сака, како што поддржував хиџаб кај муслиманки така исто поддржувам и монахињи. Дали му е на некого бегство, кој знае, може на некои им е бегство, може на некои им е чиста љубов кон Бог и толку. Како што сите бегаме де. И јас имам денови кога лежам во кревет по цел ден со филмови и серии иако сум возрасна особа со обврски кои чекаат да се завршени. За анксиозност нема ништо погрешно во тоа да знаеш кои ти се тригерите и да ги избегнуваш, јас за моите анскиозности одлучувам за кои точно да се фрлам во оган и да се соочам, а за други едноставно избегнувам тригери и не си го бранувам животот. Сума сумарум, поддржувам, освен делот со ако се откажеш леле не знам што си направил, животот е падни-стани, можеш да се замонашиш па да се откажеш доколку ти е претешко, злото во светот не го прават монаси и монахињи што се вратиле на својот претходен стил на живот, нема потреба од толкаво притресување. Не е битно кај ќе си го најдете мирот, битно е да си го најдете.