Избрани,во смисол да му служат на Бога. Тежок е тој пат...а реакциите на околината се осудувачки, полни предрасуди.
Шо има веза тоа со ова јас што го зборам? Велам дека ако сакаш да се замонашиш не значи дека си избран, посебен, повикан или не знам што, значи само дека си одлучил да се замонашиш и толку.
Па си одлучил, иако скоро цел свет е против. Да не се лажеме дека е вообичаено занимање. Сите обично се чудат и бараат скриени причини, болести итн
20 години се премалку за вакви сериозни одлуки. За анксиозноста и паричните напади разговарај со стручно лице. Ако сакаш да видиш каков е животот како монах, можеш да идеш на неколку дена да престојуваш во некој манастир. Мислам дека има ваква можност, тоа го прават и религиозни луѓе кои сакаат неколку дена да ги поминат таму. Добри совети доби од членките. Животот е пред тебе. Ако си се откажала од факултетот, може во иднина да имаш интерес да упишеш нешто друго. Мислам дека најдобро е да разговараш со твоите родители за притисокот кој го чувствуваш. Тоа е коренот на проблемот.
Родителите ми имаа бурна реакција кога им реков на 18 дека тетоважа ќе правам. Не значи дека некој ме избрал да сум тетовирана. За мене овие изрази Избран и Повикан ко што реков се его трип. Овој скромен начин на живот би требало да го научи на оној што го практикува дека не постојат избраници или специјални туку сите се исти и нема потреба од себе величање.
Мој совет од срце даден како на ќерка, сестра, најблиска е да не бараш совет на форум. Затоа што тука ќе најдеш се освен тоа за кое бараш совет (тоа може и по мислењата наредени подолу да се заклучи, иако не прочитав се зашто го знам текот). Ако си решена да се замонашиш и срцето така ти вели, собери сила и смирено седни ги родителите и објасни им како се чувствуваш и на што си решена. Не очекувај од никого, па дури ни од тие што те родиле да те разберат од прва и да "ти дозволат" да го направиш она кое ти го дало мирот и спокојот. Имаш 20 години и потполно право да одлучуваш сама за себе и своите избори. И не треба од никого да бараш дозвола за истото. Друго што сакав да пишам е дека е малку повеќе лицемерно да се обидувате по секоја цена да му смените на некого мислење, да му испревртувате пишани зборови, да го "спасите од грешката" (демек сакала да избега од реалноста, била за на психијатар, така сама си пишала дека е анксиозна и не знам што) а сосема поинакви работи пишала девојката ( препрочитајте и се надевам ќе разберете) а по други теми се борите за правата и изборите на луѓето (дека секој сам си одлучува што сака да биде, како ќе тера со животот, дека тој што не го прифаќа е хомофоб, затуцан, забеган, за лечење и да не набројувам). Јас како верник ги прифаќам луѓето такви какви што се, ги љубам со сите маани и недостатоци, и им ги прифаќам изборите што ги прават во животот, го почитувам нивното мислење. Затоа што секој човек има право да одлучи што ќе прави во неговиот живот, дали ќе биде верник, атеист, јеховин сведок, монах, геј, поп и додајте по желба. Кои сме ние да покажуваме со прст кон луѓето, да делиме тука дијагнози, да се правиме доктори и да тврдиме дека некој е за на психијатар (зашто дури и кога има показател за нештото, доктор треба да каже па прво се оди на психолог па тој кажува дали треба да оди понатаму. Затоа, како што се борите како лавови по другите теми и сакате секоја единка да биде почитувана и прифатена во општеството, да се избори за себе и да си го најде местото под сонцето, така и во овие теми, дајте поддршка и дајте совет за тоа што се бара, во случајов како да им каже и да ги убеди родителите, а не да оди на психијатар за да не се замонаши. Зашто, ако за некого е задоволство и исполнување да шета по свет, да има големо семејство со многу деца, да биде успешен во кариерата и да напредува, така некој си го нашол мирот во манастирот и црквата со Бог и сака да оди по тој пат. Немојте да судите и да мислите дека тоа што ве исполнува вас ги исполнува и другите и дека така мора да биде. Не, животот не е шема. Секој сам избира по каков пат ќе чекори.
Јас колку што знам ова е јавен форум и служи за секој да си го каже своето мислење на зададената тема, не е исклучиво сервис за делење совети. Тоа што на некои од вас ви изгледа осуда кога некој изнесува своја перспектива на темата е ваш личен проблем.
Прости им оче не знаат што прават. Жената дојде, ви побара совет како да каже дома дека мисли да се замонаши, а не седнале и ја премислуваат немој вака немој така за на психијатар си за ваму си за таму си. Ако човек тргнал да иде напред не му го пресекувајте патот, бидете уз него дајте му рака ако падне некад. @Bal4 ако некој ти го сече патот знај дека си на вистинскиот пат.
Или не читаше во последните 5 - 6 страни на темава, или /и си ги извртуваш работите како тебе ти одговараат. Пак ќе повторам, ова е јавен форум, тука може секој да пише што сака и да даде свое мислење на зададена тема, не е реалност каде некој тебе лично ти доаѓа дома те праша за совет. Друго, нормално е дека некоја тема ќе стане актуелна откако некој ќе пише во неа на форумот, дали тоа значи според тебе не смее никој да се произнесе само за мислење, без да мора да даде совет. И самото гледање различно на нештата треба да е еден вид помош, или вас ви е страв да не случајно се предомисли членката?! Тоа па што дијагноза е?
Види, го избришав мислењево за кое си ме цитирал зашто во претходниот пост пишав се што сакав и мислев. Право на избор, толку е едноставно. Девојката прашува како да им каже на родителите зашто тоа и е најголемиот проблем во моментот, а добива: - Треба да оди на психијатар - На 20 години не знае што сака (а на 20 години луѓето студираат тоа што сами своеволно избрале зашто се доволно зрели, работат, формираат семејство, одат во странство за да студираат и работат, се борат за подобар живот) - Сигурно од дома ја натерале (а кажува дека нејзините не се верници) И да не набројувам понатаму. Осуда е, суптилно паднале навреди. И јас само дадов мислење на темава инаку. А форумов не го сфаќам лично, девојката не ја познавам па да се плашам да не ја предомислите. Доволно е зрела за да одлучи што ќе прави во животот. И само таа има право да донесе одлука за својот живот. И полека малку со расфрлање дијагнози. Гледајте вие вашиот живот да го средите и да си го најдете сопствениот мир, тоа е побитно од некакво докажување по форуми и фрлање навреди.
Не знам зашто се уште се сфаќа дека идење на психијатар е навреда. За тие проблеми, анксиозност и панични напади, се иде на психијатар. И ништо не е навредливо тука. Никој не кажа дијагноза, само и предложија решение за анксиозноста.
Затоа што ако имала потреба од тоа, ќе пишела во соодветна тема, цел подфорум и куп теми има во врска со психологија, состојби и болести. И пак ќе кажам, ако веќе личноста има проблем со здравјето оди кај матичен лекар кој ја знае историјата на пациентот, па тој праќа на психолог, па ако е за лекови се оди на психијатар. Плус пак ќе пишам, лицемерно е тука да праќате одма некого на психијатар, а по други теми кај што не се согласува некој со вас и си кажува свое мислење го правите хомофоб, забеган, затуцан, закоравен и какви уште не навреди немам прочитано. Кажав се што сакам, не се објаснувам повеќе. На девојката ќе и посакам само многу среќа, се надевам дека што и да одлучиш, по кој пат да одлучиш да чекориш во животот да ти донесе само мир и спокој
Девојчето кажа дека имала анксиозност и панични напади. Решението е психолог или психијатар. И некои психијатри се и психотерапевти, значи не само што може да препишуваат лекови, туку може и со психотерапија да работат (лекување со разговор). Сигурна сум дека членките немаа намера да ја навредат, туку и дадоа совети за надминување на анксиозноста. Се додека има мислења дека е срамота и навреда да се иде кај стручно лице за менталното здравје, луѓето ќе бараат помош по гатачки. Исто така анксиозноста нема да и помине ако се замонаши. За да помине анксиозноста мора работа на себе и советување со стручно лице.