Ле-ле темава. За девојчето: веќе ти кажаа, млада си. Не носи одлуки за кои ќе се каеш нели. Пошто мене не ми значи прво монах- после не монах ама психичкиот притисок кај верник ако си монах и не ти оди и сакаш назад, би претпоставила дека е неподнослив. Или како шо некој имаше пишано "духовно самоубиство" и то е многу, многу тешка комбинација на зборови. Размислувај, ама не превземај ништо дур не си целосно сигурна. Комуницирај со монаси, пробај "неофицијално" да водиш таков живот дали ќе можиш. Ова ти го велам чисто за да избегниш моментот од после ако не бидва, да останиш психички океј. За препораката за психијатар: јас никогаш не гледам на ова како на навреда. Многу често го поистоветуваме со лудост па се има одредена стигма. Зборање за шо не мачи и позадина на то е доста значајно. Мир се наоѓа во многу работи и јас кога ќе бидам терапевт ако ми треба мир и мотивација кај клиент шо е верник, би мотивирала наклонетост кон верувањето. Ама ќе инсистирам и на подетална работа на личен развој од само то. Панични напади и анксиозност станват со причина. Ретко нешто толку интензивно е инцидентно. Да ми беше блиска, ќе ти сугерирав да разгледаш детално која е причината поради кои настанаа и како да не почнат пак. Ама ова е форум, па останува на тебе дали ќе разгледаш подетално или не. Отсуство на видлив симптом не значи дека "црвот" уште не работи. Личен осврт: нормално дека не сфаќам. Сфаќам дека не е нешто шо се прај оти си се разочарал или си немал среќа во љубов туку е нешто подлабоко. Толку сфаќам. Дефинитивно ме интересира "зошто" и "како" ама имам тенденција да сакам луѓето да прат то шо ги прај среќни се дур не повредват некој. Лично, не можам да поминам со рестрикции кои ги имаат монасите, не ми се логични, не ги разбирам и не сфаќам зошто некој би се нафатил на нешто такво. Мислам секоја чест кој можи, јас не можам. Ама пошто мене то не ме прај среќна и не можам, не значи дека на некој не му е то "calling". Башка некои имаат "трајни" callings, не ко мене да ми се менват неделно со секој нов интерес.
Види, ако не е утврдено од лекар дека е анксиозна, тогаш се само претпоставки кои сама си ги дала а и впрочем за истото не побара совет дали да посети психијатар или не. Зашто за жал, многу често луѓето сами си утврдуваат дијагноза по симптоми прочитани на гугл. Веќе како узречица е - анксиозна сум, депресивна сум а е многу сериозно и без да се утврди од специјалист човек не може да знае дали е со состојба, болест или само привремена состојба од одредени животни ситуации. И јас два пати во животов доживеав паничен напад и точно ги знам причините од истото, па никој не ме прати на психијатар. Едноставно знаев од која причина се појавиле тие напади, сум го тргнала причинителот од животот и не се повторило. Нема смисла на тема замонашување да разглабам за психологија, состојби и болести. Нит сум доктор, нит си земам за право на некого да му кажувам што да прави во животот и да го правам несозреан. Трошка емпатија се нема за жал. Отвори во психологија, ќе се снајдеш верувам. Па таму слободно дели совети.
Што тука не е јасно? Се изјасни девојката за тој дел, не гледам потреба зошто уште за тоа се дискутира.
Значи толку го тупите тоа па тоа последниве 2-3 страни. Првото мислење дека треба да посети психијатар беше скроз навредливо и не беше наменето за анксиозноста и нападите туку беше за нејзината одлука, а после почнавте да се вадите на ова демек за ова сте го пишале тоа. Како и да е не е битно, темава ја преполнивте со офф топици и стварно мислам дека некој мислења треба да се избришат. Друго девојчето убаво се изјасни за цела ситуација и доволно е. Трето никој не го сфаќа одењето на психијатар како навреда, ама вие ја праќате на психијатар без да прочитате дека веќе нема проблем со тоа.
Па затоа и' треба доктор, за да ја дијагностицира. Не сфаќам што е осудувачки во тоа некој да ти рече да одиш на доктор?
Џизс... Нема што да дијагностицира доктор затоа што членката, што и да било тоа, го надминала. Ако имам денес проблем од психо природа, ќе одам, ако немам, нема да одам да барам дијагнози за нешто минато.
Не се оди на психијатар само за дијагноза да ти напише. Психијатарот може да ти помогне за проблемите, да се разбереш подобро, да даде поддршка и совет ама вие што го сфаќате како навреда тоа е друго.
Така е. Се надоврзав на дискусијата, со оглед на тоа што бара помош не е страшно да се даде совет да посети стручно лице кое ја разбира психата подобро од нас.