Ти благодарам брате за убавите совети. Ако се замонашам воопшто нема да размислувам за размонашување затоа што како што и самиот кажа тоа е духовно самоубиство и тој човек што еднаш станал монах засекогаш останува монах. Најстрашно е духовното самоубиство, но всушност затоа и постои и искушеничкиот период кој трае од 6 месеци па дури и до 10 години. Што се однесува до 3те монашки завети двата сигурно ги исполнувам уште сега (девственост и послушание) а сиромаштвото ќе го стекнам со оставање на имотот и се што поседувам на моите родители. Кога стануваш монах ништо не е лично твое, дури ни монашкото расо и чевлите кои ти ги даваат, се му припаѓа на Бога. Се од ова што наброја пробувам колку што ми се можностите да исполнувам. Колку што ми дозволува времето одам во црква, постам, се молам дома, ја читам Библијата. Живеам во послушност на родителите, никогаш не сум им се спротивставила за она што сум била задолжена да го направам, бидејќи почитувањето на родителите го бара и самиот Господ Исус Христос во 5тата од 10те Божји заповеди. Исто така и платата што ја заработувам им ја давам нив бидејќи должна сум да помагам и сакам да им помагам и да се оддолжам за сите овие години во кои тие се откажувале од некои свои потреби само и само мене и на брат ми да не ни недостига ништо. Се што правиме треба да правиме од љубов кон Бога и кон ближниот.
Одлично сестричке! Сепак, продолжи уште неколку години во светот. Не брзај. Подобро подоцна да појдеш в манастир со искален карактер, отколку да појдеш млада, па да направиш глупости. Духот е бодар, ама телото е секогаш слабо.
Убаво те советуваше @Orthophill почекај уште некоја година пред да донесеш волку голема и важна одлука. Иако годините не се битни кога Бог некого повикува кон себе, слушај го гласот божји и следи го. Во врска со родителите како да им соопштиш, едноставно седни и разговарај со нив.
Многу убаво. И јас ќе се согласам со другите, убаво размисли пред еден таков чекор за да не се предомислиш после. На родителите ќе им кажеш што мислиш и што чувствуваш, па ќе прифатат, можеби на почеток не, но ќе прифатат ако тоа те исполнува и е тоа што го сакаш.
Монах не се станува туку монах се раѓа! Бидејќи господ го определил човекот на таков живот! Искрено, мислам дека замонашувањето не е само од аспект на, ајде бе доста ми е од се и ке одам во манастир и ке се замонашам, или пак ајде постам, и све остало црковно почитувам па чекај да прашам дали да се замонашам, па да видам што мислења ке имаат другите .... Ако чуствуваш длабоко духовно, едноставно нема потреба од прашување и советување на таа тема! Годините не се ни битни, едноставно одиш во манастир и се замонашуваш, затоа што тоа е волјата на господ.
Леле вчера од негде се сетив дека кога бев мала на некои 13 години ми дојде желба да се замонашам, стварно сакав и дури и на моите им кажав. Дури имав заборавено на оваа епизода колку одамна беше. Се прашував баш вчера каков ли ќе ми беше животот денес ако го направев тоа, и одма си помислив на децата и на семејството и колку ми значат. Интересно е каде не носат одлуките што ги правиме во животот..
Воопшто не е лесно и едноставно да си монахиња, поготово во овој свет и воа време денеска. Тоа се избрани луѓе од Бог коишто самиот тој ги предодредил за да го поминат животот во служење на Божјото име. Не е така кога ќе ти се смачи од се и ќе си речеш ајде ќе се замонашам и готово, не е тоа едноставно. Тоа е длабоко чувство и повик од Бог за коишто годините не се битни и пресудни како што и кажав и претходно на девојката.
Драга @Bal4, за да се служи на Бога не мора да се замонашуваш. Мене ми изгледа дека сакаш да избегаш од реалните проблеми (факултетот, работата). Не осудувам, само пробувам да ти дадам една друга перспектива. Зошто не почнеш да служиш на Бог уште денес? Преземи иницијатива, бесплатно шири го Божјото слово, помагај, згрижувај, за тоа не ти треба замонашување. Пробај на секој можен начин, служи во црква, во домови за деца и сл. институции, па и на социјални мрежи, види дали навистина тоа е твојот повик, оти не многу монаси имаат реален придонес во ширење на христијанството, најчесто е бегство (за жал). Сѐ најдобро, ако треба било каква поддршка, слободно пиши ми, сакам да бидам дел од ширењето на Божјиот збор оти има многу луѓе на кои Божјата љубов им е потребна.
Јас мислам дека прво треба да се консултира со психијатар. Анксиозност и напади на паника се болести. Не се лечат со Вера, исто како што висок притисок не се лечи со Вера.
Нема ништо лошо во тоа да се консултира, апсолутно се согласувам. Но, сѐ се лечи со Вера. Попрецизно, ништо не се лечи без Вера.
Нема леб од муживе, а ни од општествово, затоа би. Вака замонаши се, не глеј ни лево ни десно.Не вака утепај се од гледање и на крај пак со прстот у уста
Нападите на паника и анксиозноста се појавија пред 2 години, кога започнав на факултет и да работам. Со овие 2 ситуации се изборив со одење во манастир и фала му на Бога од тогаш тоа повеќе не ми се случило. Така да се сложувам со @Peanut Butter со тоа што го кажа погоре, дека се се лечи со вера.
Ај, да ве замолам групно, ако имате нешто паметно да пишете во врска со сестрата @Bal4 , пишете. Ве молам воздржете се од муабети за на бања, зашто станува збор за животот на еден млад човек. Внимавајте на речникот!