1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замонашување

Дискусија во 'Религија' започната од SABAH, 10 јануари 2012.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.986
    Пол:
    Женски
    Девојкава сака да избега од проблемите кои не сака да почне да ги решава.
    Мисли дека нападите и паниката ќе престанат во манастир.
    Но,логично е да се влошат ако се замонаши.
    Имав сосетка која се замонаши на 25 год.
    Нејзините се споболеа од жал.Татко и после неколку месеци умре,а мајка и со години од дома не излезе.
    Многу ми беше жал за нив.
    Знам и дечко што се замонаши ,го немаше неколку години но сега се врати,се ожени и живее нормален живот со семејството.
     
    На mira.mira, sunshinebabe, Avery и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Јас ќе ти кажам зошто повеќето имаат такво мислење. Ретки се луѓето кои добиваат потреба да се замонашат, мнозинството живееме без скоро никакви ограничувања и кога од еднаш ќе слушнеме дека некој донел одлука по своја волја да се скрати од некои работи што всушност воошто не се погрешни добиваат впечаток дека си го отфрла животот или убавините кои може да ги има ако не е замонашена.
     
    На Peanut Butter, Ljubova, TheBlackRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.326
    Допаѓања:
    182.188
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е доцна. Меѓутоа таа е убедена дека манастир ќе и ги реши проблемите. Веќе верува дека анксиозност и панични напади манастирот и излечил.
    А за воља на вистината, тоа се сериозни дијагнози за кои е потребно мислење од експерт и соодветна терапија.

    Девојчево се вознемирило, седнало во црква, и поминало.
    Се е тоа убаво. Да си најде мир, макар и во манастир.
    Ама нејзиното е премногу очигледно дека сака да избега од реалноста и да создаде нова. Тоа е најлесно. Најтешко е да се соочиш со проблемите. Психијатар сигурно нема да ја убедува да не се замонаши. Ќе и отвори нови перспективи на размислување. Конечно, ќе стасаат до коренот на тоа од каде почнала желбата. Ако таа навистина сака да оди во манастир, секако дека нема жива сила што ќе ја премисли. Ама можеби, пред да отиде ќе научи да се соочува со стравовите, предизвиците и проблемите што сега ги има, место да ги замете под чергиче.
     
    На daylight, VDT2906, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.547
    Пол:
    Женски
    Ќе додадам, некако добивам впечаток дека луѓето не разбираат дека и монашкиот живот е убав. Можеби не знам како е да се живее тој живот оти јас сум тука, а не таму, ама ако јас чувствувам љубов, мир, благослов од Бога и притоа тоа е најубавото чувство за мене, тогаш какво ли е блаженството на монасите.
     
    На IRBBB, Rama и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Така мисли затоа што денеска благодарение и на технологија а и општо на времево во коешто живееме имаме преголема слобода, разни земни и телесни задоволства и едноставно сме навикнати на таков живот-брз.
    Додека животот во манастир е едноставен и си оттргнат од овие работи, па на повеќето затоа им е чудно како некој може да се откаже од се ова.
     
    На buba4e89, tel-ef, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Знам дека е убедена, а и немам ништо против некој да се замонаши.
    Ама да не биде тоа поради психички, или емотивни проблеми, туку со ладна глава.

    Се надевам дека ќе го најди вистинскиот пат, без разлика што тоа значи за нејзе.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Не е само заради технологијата, туку заради сите човечки потреби кои ги имаме.
    Треба многу јак дух за да ги издржиш сите искушенија кои доаѓаат со замонашувањето.

    Практично, треба да си 'венчана за Бога'.
    Огромна жртва е.

    Не можат сите луѓе тоа да го издржат.
    Затоа има и педофили во католичките свештеници, па и разни други гревови.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.183
    Пол:
    Женски
    Ако има педофили во католичките свештеници тоа е грев на педофилите и за нив постои полиција.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Муабетот ми е за притисокот кој треба да го издржиш, ако решиш да живееш живот посветен на Бога.
    Повеќето од нив не се навистина педофили, само полесно им е да заведат деца, отколку возрасни.
     
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Премногу осуди до членката и неверување дека е можно дека почувствувала Божја благодет.
    За некого Бог е исцелител ,за некого психијатар....смешно е дури толкава недоверба во нечие искуство.
    Се согласувам дека е прерано за толку сериозна животна одлука, но од друга страна и не верувам дека само на основа на лична желба би ја примиле во манастир.

    Толеранција наводно,но не било така.
     
    На buba4e89, IRBBB, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Воопшто не велам дека не е, секој како што одлучил ама ретка одлука е, затоа наидува на осуда посебно од оние кои живеат само телесен живот и духовното е табу тема.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Размисли убаво, немој да брзаш. Те разбирам многу добро колку ти е убаво кога одиш во црква и како се чувствуваш, сепак можиш слободно да си одиш во црква, манастир, и да не се лишуваш од тој мир, но во меѓувреме размисли дали би можела да тргнеш по монашкиот пат кој бара многу одрекувања од земските задоволства(кои да, колку што се слатки за нас, толку се и погубни) ама сепак не е едноставен и лесен целиот тој процес. Пред да одлучиш, размисли од дното на душата, разговарај со некое свештено лице, духовник ако имаш, тој ќе те упати и посоветува, главно е да не избрзуваш, сепак имаш 20 години.

    Чудни ми сте, да не речам смешни, сите кои велите дека монашкиот живот е бегство од себе, не, не е бегство, напротив е голема жртва и љубов за сите оние кои доаѓаат да ти ги кажуваат најболните проблеми и мораш да се молиш за нив, да сочуствуваш и да ги ислушаш. Мораш со саати да се молиш, да служиш литургии, да присуствуваш на сеноќни бденија кои траат долго и слично. А сето ова е тешко да се издржи ако го немаш вистинскиот повик во себе, знам за случај каде монашко лице се откажа од тој живот и потоа стапи во брак. Ова е сериозен чекор и сметам дека не треба избрзување.

    Светиот Апостол Павле, рекол дека ние луѓето, треба да бидеме или во брак, или во монашки живот, ама од денешен аспект, не е лесно ни едното ни другото, сметам дека секој си знае за себе најдобро и дека не е грев ако човек биде сам. Можеме да се посветиме на верата и на Бог и вака како обични смртници, иако не е тоа-тоа, за жал се повеќе се оддалечуваме од вистинскиот пат кон Бог, постојано грешиме и го сквернариме заедништвото со Бог.
     
    На GirlLove, VDT2906, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не само што смеат туку и одржуваат официјални страници, билтени на манастири, цркви и сл. Воопшто не се одделени од светот затоа што таму кај што се има нонстоп посетители од верници до државни делегации, попови на посети од странство итн. Се одржуваат и разни церемонии како венчавки, крштевки и сл. Па она служење на Бога е всушност служење на црковната мисија. Цело одржување на манастирите е преку нив, од чистење, сместување, подготовка на храна, до одгледување животни, имаат работа по цел ден, па нема многу време за мисли и душевен немир.

    Не е толку едноставен колку што си ангажиран нон-стоп, се бара од тебе "само да имаш вера", и нема веќе што ти да ја мислиш, решен ти е животот. Е сега штосот е во прифаќањето на тоа, односно да одиш против самата човечка природа за некоја возвишена цел, што е само по себе апсурд, се откажуваш од животот кој ти е даден (нели од Бога) за да се откажеш самоволно од него.
     
    На Pea, Lianna Anna и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    8.386
    Пол:
    Машки
    Прво не треба да се има предрасуди спрема никого или демек "бегаш од обврските" или "посети психијатар". Никој не знае како се чуствува некој, не знаеме што го што го исполнува, што го прави смирен, среќен и слично. Секој си одлучува за себе.

    @Bal4 Пред да донесеш таква одлука уште еднаш убаво размисли, почекај како што ти рекоја, сепак таква одлука нее лесна бидеќи се откажуваш од се буквално од се и мора да се придржуваш само кон тој стил на живот. Биди си она што си, оди си во црква но за таква одлука сепак тие уште рано. Иначе да, подоцна можиш да се размонашиш ама тоа е голем грев бидеќи прво еднаш си се откажала од светот и си посветила само на Бог, затоа почекај и баш искрено пошто и јас имам 20 а и сум повеќе интроверт се подзамислив кога прочитав. Знам и те разбирам, од факултетот и мене ме фаќа анксиозност и скоро сите други што студираат, сепак нее пресудно тоа дека мора да се има факултет и тоа важи за сите, нее крај на свет. Кажа дека си започнала да работиш, ако не ти се свиѓа таа работа напушти и вработи се каде што работат повеќе луѓе на пример фабрика а има и доста млади наша генерација кои работат и ќе запознаеш повеќе луѓе кои би те исполниле. Ако си повеќе интроверт тогаш обиди се да си најдиш работа со помалце луѓе и работното место да те прави смирена.

    На крајот од денот, секој си одлучува за секого а религијата од секој човек го бара ова, во зависност како ќе одлучи човекот.
     
    Последна измена: 3 јануари 2022
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    За примерот за девојката и нејзините родители што го даде е ова не можам да го разберам, затоа што се замонашила и решила да живее живот угоден на Бог се разболеле и умреле, наместо да се среќни, не ми се верува. Мислам нормално е кога ќе соопштиш оваква вест на родителите и блиските да се шокираат, да пробаат да те разубедат ама ова одење во крајности зошто.
    Подобро ли ќе било ако била проститутка, наркоманка или не знам пример била хроничен алкохоличар, коцкарка.

    И ако подобро го прочитавте постот на девојката ова не и е желба од вчера туку веќе две години го има тоа чувство дека треба тоа да го направи, ако Бог ја избрал нејзе за тоа џабе пробува да се вклопи во 'овој' свет.
    Не знам зошто толку голема осуда за нешто свето.
     
    На VDT2906, elimkd, Stephen Amell и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Оди било кој викенд пред некој манастир па прашај мајки што плачат пред портите зошто не се среќни што децата им се таму наместо да имаат исполнет живот. Па и какви споредби со наркоманки и проститутки, демек немала друг избор па морала во манастир?
    Знам и за наркоман кој се замонаши па мајка му не го прифати тоа, жената стана тежок алкохоличар, како да биде среќна кога детето ѝ е завиено во црно за цел живот, да биде среќна затоа што ќе мете по поповите цел живот без право на свој?
     
    На Nikolina35 и kalinaka им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.986
    Пол:
    Женски
    Толку е очигледно дека е бегство.
    Од притисок, од стрес.
    Преку големото жртвување и посветување ,проблемите и притисокот што си го имал исчезнуваат и започнуваш нов живот со ново јас.
     
    На Nikolina35, Peanut Butter и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Како тоа се откажува од животот самоволно? Колку лошо ти звучи реченицава, па не сака да се самоубие, туку да се замонаши девојката, зошто вакви коментари.
    Тоа не е откажување од животот, туку посветување на својот живот целосно на Бог.

    Да имаат обврски во текот на целиот ден, чистат, ја средуваат градината, се грижат за животни, тие што имаат дар за уметност, цртаат икони, везат, шијат и сите нормални работи ги работат.
    Ама се ова не значи дека таму ги третираат како робинки што од нив се бара само да веруваат како што ти кажуваш, и да ја извршуваат оваа работа.
    Не заборавајте дека таму има и личности што одат на рехабилитација, они се молат и разговараат со тие луѓе, и прават многу повеќе од ова ти што го кажуваш.
     
    На Stephen Amell, IRBBB, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Ама не може да генерализираме така, за некој навистина е повик од Бог и нема ништо лошо во тоа, само работата е да се прави скроз коректно. Не мислам дека тој живот им е лесен, може ќе заборават кои биле претходно, ама верувај дека тоа не го менува фактот дека во новото руво мораат да бидат посветени на верниците кои постојано ќе им кажуваат проблеми и во живо и на телефон, ќе мораат да се молат за нив, да постат, да им даваат послушанија. Нивниот повик и завет ги тера безусловно да им помагаат на луѓето а тоа воопшто не е лесно. Тој притисок не може да го издржи секој и затоа некои се откажуваат, затоа треба добро да размисли секој пред да се одлучи, нема играње.
     
    На Stephen Amell, Biljarkata, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.