Како мислиш посветени на верниците кои им ги кажуваат проблемите? Мислиш на исповед или како? Појма немам што е работа на монах, ама мислев според способностите и преференците им се даваат задачи, веројатно не секој има ист капацитет и/или сензибилитет да работи со луѓе на пример
Да, мислам на исповед. Ама и онака можеш да си правиш муабет со монаси и монахињи, да се напиеш кафе во манастирот, да те понудат со ручек. Јас двапати имам пиено кафе и јадено во два различни манастири. Имам разговарано општо за верата и животот со еден монах од Бигорски, млад беше, ама зрачеше со невидена смиреност, речник, милина да го слушаш. Тие што се исповедаат по манастири и што си имаат таму духовници, одат често на разговор таму, плус и се слушаат по телефон.
Сум разговарала и јас со монаси, и во женскиот и во машкиот манастир во Струмичко сум била, ама мислев исповед се прави кај духовник, а незнам дали монахиња може да биде духовник. Инаку се познава, кој има, кој нема многу дар за работа со луѓе, а секако и години на подготовка имаат, сигурна сум дека не замонашуваат инстант и по желба.
Од блиски луѓе знам дека разговараат за интимни теми и со монахињи. А за духовник, да, монасите слободно можат да бидат, знам луѓе што си имаат по еден монах за духовник. Јас поретко одам во манастир, мојот духовник е во црква, ама сепак знам дека со своите подвизи носат голем крст, и не е убаво што се генерализира и се вели дека лесно им е, и бегство било. А не е ништо од тоа, напротив, ем духовно се даваат себеси, ем физички многу работат. Апсолутно да, не може секој да биде замонашен, претходно како искушеници минуваат низ многу тестови.
Не знам точно како оди, ама голем број на луѓе има што со години се искушеници, треба да бидат смирени, да постат, да се молат, да учествуваат во богослужби, да живеат скромен живот, да работат во манастирот и се околу него. Не сите се избрани за монаси, некои сами се откажуваат, а некои ако немаат кроткост и смиреност пред се, не ги замонашуваат, откако ќе се замонашат сменуваат име, им потстригнуваат од косата, им даваат малечка и скромна соба, ни налик од нашите во кои го поминуваме времето.
Добро бе луѓе зошто толку го нападнавте и го осудувате девојчето? Де потребен и бил психијатар, де бегала од проблемите и не знам ти што. Па можеби стварно има доживеано некоја благодет од Бога. Ако прочитавте убаво таа желба и размислување не се од вчера туку траат 2 години. Можеби не планира сега на 20 години да се замонаши туку само го истакна тој факт. Зошто е толку страшно некој да се откаже од се и да се замонаши? По кои правила и норми тоа е нешто ненормално? Па подобро да се откаже од се световно и да ја спаси душата отколку да ја изгуби заради материјалните работи. И јас никаде не прочитав дека девојчето бега од проблемите туку дека мирот го нашла во манастир и во молитвата кон Бога. И да, навистина е можно да се излечиш преку молитва и вера затоа што и јас како и неа го имам искусено тоа исцеление и точо знам што кажува и како се чувствува/ла. Уште еднаш ќе кажам, прочитајте убаво што напишала и длабоко размислете дали сака да побегне од проблемите или тоа е цврста воља и желба животот да Му се посвети на Оној кој и ни го дал.
Буквално никој не напиша дека е ненормално, јас еве за мене ќе кажам ми нема никаква смисла ниту логика, уште помалку потреба. Знам дека ќе кажеш треба да имаш вера, но тоа значи дека не смееш да прашуваш или да се сомневаш во ничии намери, зборови итн. што е основната карактеристика која нѐ одделува од животните и сме постигнале сѐ како човештво досега, па дури и постоењето на религиите е заради љубопитноста која ја поседуваме сите луѓе. Викаш ти си се излекувала на тој начин, дали тоа значи дека си замонашена?
Какви предрасуди? Сама рече дека имала проблем со анскиозност и напади на паника. И јас сакам да избегам од се' кога ми е така. Автоматска реакција во состојба на страв е fight or flight. Замонашувањето е доблесно, но ако се впуштиш во тоа кога си свесен за сите реперкусии од одлуката. Такви одлуки не се носат во моменти на слабост, туку кога цврсто стоиш на нозе.
А од каде знаете дека не ја донела одлуката кога ја почувствувала таа благодет и кога цврсто стоела на нозе?
Знам една монахиња, ја знаев пред да се замонаши. Секогаш читаше Библија, постеше, и беше најпозитвната жена што ја знам. Имаше работа, факултет. Не се изненадив кога се јавив кај неа на работа и ми кажаа дека си дала отказ и е у манастир. По долги години ја видов у Рамстор, со друга монахиња. Жената зрачеше љубов и среќа. Од далеку ја гледаш и едноставно ја осеќаш нејзината љубов и среќа. Се сеќавам јасно на краткиот разговор во разминување, и секогаш се сеќавам како на момент полн љубов, оти неописливо зрачеше. Еднаш у Рајчица, еден муабет ми направи една монахиња, мислам дека засекогаш со неколку збора ми го смени погледот и животот. Вечно ќе и бидам благодарна. Муабетот ми е, ако сака, нека проба. Не е тоа, добар ден, јас дојдов да се замонашам - на ти. Додека се замонаши има мноооооогу искушенија, и реално ако нема силна вера, нема да се замонаши. Пробај, види дали те влече тоа.
Јс барем колку што ја разбрав девојката она уште пред да се запише на факултет и да почне да работи го имала тоа чувство дека треба да се замонаши, а не тука како што некој го извртеа муабетот дека сака да избега од одговорностите и од проблемите. Значи јасно може да се види од постот на девојчето дека во тој период кога и се побудило тоа чувство и тој повик да се замонаши стоела цврсто на нозе, после по склоп на околности и се јавиле паничните напади и анксиозност. Така да за сите пред да пишете прво убаво прочитајте кој што напишал.
Не знам за вас ама мене не ми е во ред размислувањето на 20 години за замонашување. Ништо поразлично од религиски радикализам. Периодот на преминот од дете кон адолесцент е доста бурен и скоро секој пат и кај секого носи одредени психички нестабилности на кои треба да се обрне внимание, а не решението да го бараш во цркви и молитви, затоа што не е решение, туку бегство. Мир може да најдеш и ако завршиш факултет и ако работиш. Мирот буквално секаде може да го најдеш, ако правилно ја насочуваш сопствената енергија и за тоа не ти треба Бог, туку себе си. Не знам, премногу жртва за себе, а дадени ти се сите можни ресурси и моќ да живееш како што сакаш со свои правила и прописи.
Срамота колку многу ја осудивте девојката. Прво, таа не побара мислење дали да се замонаши туку јасно кажа дека долго време ја има таа желба. Побара совет како да им соопшти на родителите. Друго, замонашувањето не е отфрлање на животот и бегање од проблеми како што некој погоре напишал, туку е начин на живот. Факт е дека има луѓе кои се замонашиле од погрешни причини како на пример неуспех на некое поле и после се откажале, но има многу монаси и монахињи кои го сториле тоа од огромна љубов кон Бога и цел живот му служат на Бог. Како пример ќе ги земам Чесните Сестри во Скопје. Познавам неколку од нив и подобри и помили луѓе немам сретнато, толку полни со љубов, позитива, желба да помагаат на другите. И повеќето од нив ја донеле таа одлука многу порано од на 20 години. Така да нема соодветна возраст бидејќи тие луѓе се повикани од Бог и многу од нив уште од деца знаат дека тоа го сакаат. Освен тоа не се замонашуваат веднаш и така лесно туку процесот трае долго, дури и неколку години во кои треба кандидатот да се докаже. @Bal4 мислам дека најчесто децата ја стекнуваат љубовта кон Бога преку родителите. Ако и твоите родители се побожни јас верувам дека ќе разберат и ќе те подржат. Разговарај со нив, објасни им убаво колку време ја имаш таа желба и како се чувствуваш. Но биди спремна дека можеби ќе им треба време да го преработат тоа ако никогаш не сте зборувале на таа тема. Секако, размисли и самата убаво дали единствено од љубов кон Бога сакаш да се замонашиш или има и нешто друго. Ако има и најмал сомнеж дека желбата произлегла од неко друг фактор прво разреши го тоа за да не направиш грешка. И ако длабоко во себе чувствуваш дека тоа е твојот пат, слушај си го срцето и не дозволувај негативни коментари да те спречат.
Овие па овие без доза самокритичност, што секое различно мислење им е напад и осуда, вие сериозно треба да размислите што ви фали и како се води дебата. На форум сте само некој безрезервно да ви клима со глава или што? Смешно е кога после секое различно мислење скокате со термини како осуда и напад. Сериозно намалите доживљај. Никој не ја нападна ни ја осуди, си доби таа практични совети да не гледа еднонасочно.
Преубав е секуларниот живот за млади луѓе во 21 век сериозно да размислуваат на замонашување. Со сите свои маани, преубав е. Не се во прашање само сексуални нагони, па ни технологија ко таква. Пријателства, музика, литература, уметност, слобода на изразување, сопствен избор на облека, исхрана... изборите и желбите од секаква природа се репресирани. Да, скроз е откажување од животот каков што го знаеме, смешно е да се одрекува. Па и целиот тој мајндсет што доведува до ваква одлука, екстремната покорност... на 20 год. тешко заработената плата да им ја даваш цела на родителите, бе... Извинете, можеби изгледа како осуда, ама боли да се чита ова од млад човек и несфатливо е. Младост е за бунтовност, слобода, едуцирање, истражување на самиот себеси, не за ова. Да не зборувам за ова „сестричке“ и целата атмосфера на ентузијастично охрабрување од клерикално ориентирани луѓе, beyond creepy e. Небитно, секако одлуката за сопствен живот е лична, само ако има ментални тегоби како анксиозност или депресија, препорачливо е да не се смета манастирот како единствена опција.
Не напротив, едно е дебата а друго е да се тврди нешто без основа. Фактот дека девојката се изјасни дека сака да му служи на Бога и дека ја има таа желба подолго време тотално се игнорира, а се тврди дека сака да побегне од проблемите со факултетот и со анксиозноста. Каде тоа да побегне? Тој начин на живот вклучува откажување од многу работи, не е некое место каде што човек оди да ужива. Монах и монахиња не може да биде секој со причина. Тоа е многу потежок начин на живот од овој што го живееме ние со сите задоволства. Каде доби членката совет за тоа што побара? Никаде не напиша дали да се замонаши туку како да им каже на родителите. А во многу коментари овде има само сарказам и зајадливост. Зошто? На кој начин тоа ќе и помогне? Ете конкретно твојот коментар, заминат бил возот за некој што зборувал со Бог. Па нели имаат сите право на верување, што е со исмевањето?
Да размисли за својата постапка пример. Сметам дека е во ред да посочиш некому за нешто што читаш меѓу редови дека баш и не е она што го бара, туку е ,,решение" за сопствен проблем. Јас не знам зошто се плаши од сопствените родители да каже дека сака да се замонаши, освен ако не е повик за помош и внимание. Имаш цел, имаш визија, не ти треба одобрување за нешто.
@Sakura тоа не е исмевање, туку факт. Ако некој е убеден во нешто, реално е дека шансите да се премисли се скоро непостоечки. Ти и остала багра читате цело време - желба, манастир, желба, манастир, желба, манастир. Прочита ли дека не успеала да се носи со факултетот и тоа тешко и паднало? Прочита ли дека тешко се снаоѓала на работа? Дали прочита каде што вели и лично го наоѓам нај алармантно, - дека тешко се носи со секојдневните притисоци? Таа си кажа многу повеќе од желба за манастир. Ама повеќето ги изигнориравте нејзините реални проблеми. Тоа се проблеми на кои таа мора да работи без разлика дали на крајот ќе заврши во манастир или не. Ама вие како си читате селективно, алал. Факт е дека кога ќе пишеш на форум ќе добиеш мислења што сакаш да ги слушнеш и онакви што нема да ти се по кеиф. А знаеш што е уште еден многу битен факт? Тоа што најлоши советници се секогаш оние што само тапшаат по рамо. Ко вие што и напраивте. Советот мора да е конструктивен. Да те насочи. Да те натера да размислиш. Да анализираш. Одлуката секако на крајот останува на неа.
А вака на сите верници околу вас, викате дека се за психијатар? Неможете да ме убедете, дека сите околу вас се атеисти. Ако на ваши блиски, вака им кажувате.. Девојчето побара совет, како да им каже на родителите. Овде прочитав коментари од: оди на психијатар, до отиден ти е возот тебе девојче. Не значи, ако отиде да се замонаши, дека и е уништен животот. Доколку на некој му одговара брз живот, други сакаат мир и спокој. Ако девојката го има пронајдено мирот во манастир, тоа е сосема во ред и треба да живее живот каков нејзе и одговара. @Bal4 прво разговарај со родителите. Можеш одоколу да ги прашаш, што мислат на темава. Но, биди спремна на сите предизвици. И прво биди искрена спрема себеси. Дали би го издржала секој предизвик, што го носи со себе замонашувањето.