Буквално напиша дека не можела да се прилагоди на промените(т.е имала анксиозност) и единствено место каде се чувствувала спокојно е манастир и црква. Не знам зошто испревртувате, многу е јасно за каква ситуација се работи.
А мора да се замонашиш за да имаш мир? Не е дека сите имаме брз живот. Точно, животот е борба но дека сите немаме мир не е аргумент.
Не може да е нејзина одлука. Тоа нејзините ја натерале. Која слободна девојка би сакала да се замонаши?
Па не баш. Еве Зошто е лошо ако го најдеш мирот во верата? Има некој универзален пристап за наоѓање мир кој идеолошки повеќе ви одговара? И не знам кога ќе се научиме, ако веќе дискутираме, да дискутираме на темата, без категоризирање и поделби на вакви и онакви, кога тоа ич не е предмет на дискусија. Значи се додека некој не си наштетува себеси и не повредува друго битие, има право и слобода да го следи својот избор. Зошто е толку тешко да се разбере дека некој ќе направи избор кој нас ни е неразбирлив не разбирам. Некоја рецимо решила да стане балерина, од 6 години вежба, истоштувачки тренинзи, ригорозен режим на живот и тоа е ок. Или манекенка, или професионален војник, или фудбалер... Ништо од ова јас лично не можам да разберам, ама јас бирам за себе, и така секој за себе.
Не сум верник ама, дали озбилно нејзината верба и љубов кон Бог ја нарече сериозна дијагноза? Па сите верници го наоѓаат мирот преку црквата и молитвите и на некој начин се ослободуваат од стресот (анксиозноста) преку поврзувањето со Господ.
Јас сум верник иначе. И не. Анксиозност и панични напади се сериозни дијагнози, а не нејзината верба. Боже мој. Уште нешто да се изврти?
Девојчето напиша дека не може да се носи со секојдневни предизивици и затоа ќе оди во манастар.Тоа што се осетила привремено смирено во црква апсолутно не значи дека решила нешто.Ова не е наоѓање мир во вера,туку барање излез.
Ако вадиме цицати Оваа реченица кажува највеќе од сите постови што ги пиша. Али ајде ќе замижиме. Не знам што не можете да разберете. Ниту е чудно ниту неразбирливо. Ако некој сака да оди во манастир нивно право. Ако си наоѓа мир во црква нивна работа. И ја си наоѓам мир во црква бај да уеј. Но, на девојче од 20 години, кое малтене вчера излегло од тинејџ години, и уште не избалансирани хормони, нормално е да и се посочи да размисли убаво. Ама ајде ќе се фатиме за манастирот ко слеп за стап. Иначе е разубедување, неразбирање, осуда и напад,.. И тако даље.
Или јас не знам да читам или ти имаш потреба да толкуваш како што на твојот мозок му е прифатливо. Од пред 2 години, кога имала анксиозно-панични епизоди, тоа не и се повторило, и тоа е привремена смиреност? Ок, долг е животот, можеби е привремено, не знаеме... И пак не ми одговори, зошто имате потреба да и го оспорувате изборот? Зошто секој останат избор е легитимен, ама посветувањето на животот на вера/ духовност е ноу-ноу.
Кај кажав дека мора да се замонашиш за да имаш мир? Туку, девојчето таму го пронаоѓа мирот. Сите сме различни. Ако мене ме смируваат книги, друг го смирува одењето во црква. На 14 години, од децава се бара да си ја одредат иднината, со какво средно ќе изберат и на 18 години, каков факултет. На 20 години, е сосема океј, да знаеш како сакаш да го поминеш, остатокот од животот. Луѓето на 20 години ствараат фамилија. Сите созреваат во различно време.
Ама таа напиша што е тоа што ја смирува, што ја прави да се чувствува повторно убаво. Да, многу е млада, а ако добро си ги прочитала поназад коментарите, ќе сфатеше дека сите и' пишавме да размисли убаво и да се спреми најпрво за таков потег и живот. Никој не и' пиша Оди, веднаш, така треба. За разлика од некои други што отворено, директно пробаа да ја разубедат да си ги реши проблемите на друг начин. А таа си го знае сама начинот.
Секој човек треба мирот да го има во самиот себе. Доколку ништо не ме прави среќна не е до другите, до мене е. Девојче јас првин би те советувала да посетиш стручно лице па потоа да размислуваш за замонашување. Најпрвин треба да се посветиш на самата себе а потоа ако сакаш и на Бог.
И како девојка на 20 години знае што сака од животот? Ништо нема искусено. Не е дека се работи за иреверзибилна акција, туку зошто мора да се оди во екстреми. Зошто да не пробаш да живееш вистински, со падови и подеми, пред да решиш да живееш во еден меур? Дури и кај Амишите е дозволено на тие години, да експериментираат со себе, некои се враќаат, некои не. Си запишала факултет,си се вработила, тешко ти е. Јас сметам дека членката не сака да се соочи со реалноста и религијата ја гледа како спас за истото.
@Bal4 овде нема да најдеш одговор на твоето прашање, немаме ни такви искуства ни доволно разбирање на верата. Единствен кој може да ти даде меродавен совет е некој кој поминал низ истото. Можеби тоа е твојот пат, можеби не е. Како и да е, секое добро.