Што мислите за овие интересни и прекрасни градби? Дали имате посетено некогаш? Еве неколку што ме оставија без здив, макар и преку слики
Интересна тема Јас никогаш не сум посетила замок, а баш би сакала. Уште како мала се имав договорено со друштво, кога ќе наполниме 18 години да одиме на тура во Трансилванија и да го посетиме дворецот на Дракула Особено сакавме да ги видиме сите направи за измачување што се употребувале. Бевме просто фасцинирани после гледањето на едно шоу на Дискавери, кога навечер група луѓе одат во дворецот. Пусти желби и надежи. Ама јас не се откажувам, баш скоро гледав тури
Offspring преубава тема Јас посетив доста замоци за време на апсолвентска екскурзија и вака останав па и какви приказни имаат, преубави. најмногу ми се допадна замокот во Версај.
значи оффи за оваа тема стварно браво незнам како не ми текнало ама обожавам замоци,ова лето бев во романија во земја со многу замоци и овие слики се од еден од најубавите а тоа е -peles-замокот во кој живееле сите романски кралски семејства,и навистина е кралски внатре има 300 соби верувале или не,со злато и со се и свашта,посакам на момент да живеам во куќа со стил на замок и уште ја имам таа идеја [imghttp://3.bp.blogspot.com/_9fiIrkrCXQo/RvERn36sCGI/AAAAAAAAAFA/uDSbz1Ytcu8/s400/Moorish+room.jpg][/img] а еве неколку слики и од замокот на дракула,кој не е ништо посебно,само име а не е толку среден како пелеш некако овој замок ми е морничав
Немам посетено замоци,меѓутоа само ќе кажам дека навистина се интересни како градби,со специфичен вид на архитектура,со своја историја,некои од нив можеби веќе претворени и во музеи.Нормално се дел од светското културно наследство,покрај останатите градби,катедрали итн.,кои се преубави,вреди некогаш да се посетат,доколку се има можност за тоа,бидејки Европа е преполна со таков вид на архитектура и има што да се види Секако и покрај архитектурата,во нив е и уметноста,кои што се поголем дел од нив украсени со сликарство,скулптура во внатрешноста на самата градба,а сето тоа создадено можеби 12- 19 век.
Убави се, интересни за посета, ама кога и да влезам во некој замок само ме потсеќаат на тоа дека луѓето кои што живееле во нив се прејадувале со колачиња и се убивале од досада - додека народот надвор немал ни за леб. Евентуално кога и да влезев во некој француски замок, ги замислував како се чешкале под периките затоа што имале вошки Инаку од архитектонска гледна точка се преубави и им се восхитувам како можеле во тоа време да прават такви колосални градби. Имам посетено повеќе замоци, цела западна и средна Европа е всушност преполна со нив. Вреди да се посетат, ама ако може би ви ја препорачала Чешка, преполна е со убави замоци. Секое село - замок. Прекрасно!
Како мала сакав да живеам во некој од замоциве... што ли се замислував изгледа принцеза Еве неколку мене што ми се допаѓаат... Замокот Conway Замокот Chenonceau Замокот Neuschwanstein Замокот Chillon
И Версај е преубава палата која вреди да се види, погоре ја споменавте ама еве уште неколку слики од палатата и градините шема на палатата
Еве едно наше мало и убаво замоче Штета баш и ова го немам видено во живо ама блиску ми е ќе отидам некогаш. Башка и приказните поврзани за него се баш интересни
Офи ова е кај мене во населба, кога ќе доаѓаш во Ск пиши ќе те прошетам... Несакам да те разочарам ама внатре нема ништо баш ништо и е во многу лоша состојба жалосно е а градбата е преубава
Баш ми е жал затоа што така пропаѓа, а интересно е и впечатливо. Се гледа и од надвор дека е целиот искршен и пред рушење.
ај кажете ми за приказните јас не ги знам за скопското замоче живеам блиску до него и често го гледам но некако морничаво ми е...баш сакам да знам нешто повеќе за него...а дозволено ли е влегување внатре?
Срце ме кине кога ја гледам темава. Немам посетено никој замок, но баш сакам да посетам.. И најголема желба ми е да видам некој замок од внатре. Тоа би било одлична авантура! Највеќе сакам да го посетам во Германија и во Виена, Хофбург. Прекрасен е. А еве и од внатре,
Наводно се зборува дека било опседнато од духови. Пиши на гугл куќата во црниче и ќе се отворат дискусии за опседнатоста. Наводно. Мислам дека е дозволено да се влегува. Внатре има снимано спот Дани за песната најдобра до сега. http://www.youtube.com/watch?v=bEPDljZktz8
Да, може да си влезеш внатре кога сакаш... само да ти кажам дека едно време беше дувло на наркомани, најчесто спијат бездомници, внатре има ѓубре расфрлани листови свашта... едно време му се запали кровот... тоа се остатоците од замокот... За приказните не сум запознаена баш, само имам слушанато дека има подземни води на тоа место, знам дека куќата е во сопственост на некој човек, едно време ја продаваше за ефтини пари но заштитена е со закон и мора да остане таква каква што е т.е. и да ја купи некој не смее да ја модифицира, ехх да имам пари одмаќе ја купам и само ќе ја реновирам Инаку зашто морничава, или можеби мене не ми е бидејќи е речиси до мене и цел живот поминувам од таму
Оваа градбава во Црниче која е чинам е преубава, но пропаѓа поради несредени имотни документи на многуте наследници кои се појавиле, така имам слушнато. Дај боже да се реставрира и да се намени за нешто. Инаку заборавив да го споменам Schonbrunn во Виена