Наивно детски сонував за замоци долго време како мала. И тоа не како некоја татина принцеза, туку најблиску до тоа што јас си го замислував беше Мерида (Мерда како и да е). Необјасниво и не знам зошто...ама ете. Можеби се должеше на фантастичните филмови кои ги обожавав и Ирските бајки што ми ги читаа моите,поим немам,некој ми ја донесе за роденден, па ми се развивала и онака бујната фантазија. А и многу,ама многу го сакав кралот Артур, поточно Ескалибур. И после сонот се смалуваше фала богу зошто ќе беше лошо да продолжеше овај нали. Фасцинантни се во секој случај. Сепак, оние во Ирска ми се најубави заради природата која ги опкружува. А да се навратам на желбите и да сумирам. Ако може еден згоден ирец за мене (ту ги испуштив навивачиве ) со замок! Сакам бледи мажишта! Шала на страна уште ме интригира мистиката и фантазијата која ја будат, претпоставките на случувањата кои се одвивале таму и слично. Пак ќе речам, фасцинантни се.
Ме фасцинира градбата на замоците,едноставно тоа е еден лавиринт кој крие толку тајни,би сакала да посетам еден ден некој замок и можеби да поживеам на кратко зашто да не
Интересна тема Немам посетено, а би сакала. Интересни ми се и ме привлекуваат отсекогаш, сакам историски градби. Највеќе ми се допаѓаат замоци со раскошни градини. Еве некои...
Замок Самата помисла на зборот ме асоцира на ладно , на осаменост , одаји полни со таинственост , чудесност секој е различен по градбата, прекрасни градби . . . Никогаш не сум посетила замок но сакам .
http://tocka.com.mk/8/106541/lista-na-z ... vo-njujork Да се собереме и да си купиме замок, сакате? Ај лека ноќ!
Колку би сакала да посетам некој стар напуштен замок (кој е полн со мистерии )... Но и некој, кој е почесто посетуван не би ми пречел... . Можеби, еден ден...
Желба ми е да живеам во држава каде што има замоци. Доволно ми е само да ги гледам однекаде. Пример одиш во природа на прошетка во близина на замок. Отсекогаш ми се допаѓал тој амбиент.
До сега сум била vo 3 замоци и навистина се такви ладни, мистериозни, таинствени... Во близина на Виена има еден Schloss Laxenburg, каде Хабзбурзите на лов оделе и лани отидовме таму да го видиме и навистина е убав. Спојлер Вујко ми, вујна ми и братучедите живееа две години во Германија, бидејќи вујко ми работеше таму во болницата(доктор е) и местото каде што живееа се викаше Цел мислам и беше блиску до Луксембурк и бевме во Луксембург во далечната 2006 година. И таму имаше замок и знам нозете ми паднаа додека се испокачувавме на тоа брдото каде што беше. Од горе имаше многу убава панорама на градот, реката и лозјата поред реката. А да и се вика Burg Vianden. Спојлер И лани бевме во Ишгл на скијање и беше блиску до Лихтенштајн и таму бевме и таму имаше замок, кој што се викаше Württemberg. Само што таму живеат војводите и неможе да влезеш. Спојлер Инаку еден ден би сакала да го посетам замокот на Дракула. Спојлер Едит: сум била и во замокот во Братислава, Храд. И во Љубљана исто, ама незнам дали тоа се смета за замок.
Neuschwanstein Castle - the fairytale castle, инспирација за логото на Disney (гледам некои и од останатите феминки го вклучиле во своите постови). Сум го посетила, однадвор е навистина прекрасен, а внатре нема многу што да се види, освен неколку простории, бидејќи внатрешноста на замокот останала недовршена по смртта на Лудвиг II. Замоци и палати ми се број еден туристички атракции за посетување кога одам во друга држава, сметам дека има многу што да се види и научи за историјата и традицијата на земјата со нивно посетување. За останатите кои сум ги посетила во друга прилика
Замокот Isola Bella во Италија Бев минатото лето, ПРЕКРАСЕН е Замок и дворец изграден на остров долг 320 метри и широк 400 метри.
Сакам замоци, ама одма штом ми текне на тоа мислам на духови, замоци плус од старо време и духови срав ме фаќа
Замоци толку единствени, ниту еден не наликува на друг, неисцрпен извор на инспирација, ѕидовите сведоци на едно дамнешно време полно со интриги и мрачни тајни. Сум посетила неколку, како тој во Виена, Прашкиот замок, Версај, а желба ми е да ги посетам најубавите во Баварија како и во Русија и Фиренца лулката на ренесансата