Секако дека ќе познае човек кое е тазе, а кое не. Пишаа погоре дека мрзнат мусака, а во мусака има компир. Пишаа сарма, а еве девојчето погоре пишало дека ориз не се мрзне. Јас имам читано дека ориз не се подгрева повторно, штетно било. Се знае дека свежо е најдобро. Тазе, да го зготвиш. Во маркети гледам спанаќ замрзнат 55 денари, ама тоа не е килограм, туку можеби пола, а на пазар свеж е 40 денари. така да купи си, спржи си, не одзема време, тазе, и здраво. Не би можела да замислам да јадам нешто од пред една недела, па колку сака нека било вкусно, веќе не е и станува само бучкуруш.
Да, така е. Во цел свет станува се' попопуларен ваквиот начин на исхрана и организирање на оброците поради се' побрзото темпо на живеење, ама пошто ти велиш дека е бучкуруш, сигурно е така. Манџа од пред една недела вакуумирана во тегла и стоплена ти гарантирам дека нема да ја препознаеш дека не е тазе зготвена. Впрочем, девојката што ја отвори темава ја отвори за да добие совети и идеи за вакво готвење, а не за да и кажете да си пржи јајца за вечера.
Дајте линк дека ориз не се погревал пак жити се. Умрени ќе бевме сите во Македонија така. Смрзнување и вакумирање тегли се најздрава опција за конзервација на храна. Али тука ќе припаѓаме вакво такво, а после ќе бутате сувомеснато и пржено, најштетен начин на подготовка што постои.
https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/намирници-што-ослободуваат-токсини-к/ Еее сега умрени. И пушењето е штетно, па некои не умираат и по 50 години со цигара во уста. Работата е дека не е здраво. Да беше нутриционистите ќе одеа на тв и ќе збореа да си готвиме и да мрзнеме во тегли. Секогаш навиваат за свежо, и што помалку термички обработено.
Па убаво пишува, ако се чува надвор на собна температура. Се се расипува на собна температура. Или само наслов прочита?
Да ама ти за подгревање збориш погоре. Нормално на собна температура дека ќе се расипе. А за мрзнење статијава нема ама баш ништо.
А замрзнувачот што е? Си јадела ли готвени смрзнати јадења? Дали мислиш дека е подобро да ручаш смрзнат гулаш или пресни макарони со сирење и кечап?
"Не сум замрзнала јадење" е лага. Факт е дека се случило некогаш. Едно е вака при пишување, друго е во пракса..
Ориз се мрзне сосема ок луѓе не туку си додавајте онака, еве јас ако сум жива и неотруена на толку одмрзнати сарми јадење, немате гајле https://www.veetee.com/us/freeze-cooked-rice/#text=A: Yes, you can safely,eat it at another time. Зборам за во сарма пример, полнети пиперки. Така смрзнат бел ориз не знам дали е вкусен.
Јас ако готвам секој ден три свежи оброци со избалансирани јагленихидрати, протеини и масти, плус салати, кај ми е крајот Чисто информативно, и садовите во коишто замрзнувате играат голема улога. Јас не користам пластични кутичиња и сл, имам специјални садови за замрзнување/складирање. На пример, свежа салата зелка, незачинета, слободно стои и по 5-6 дена исечкана во фрижидер, ставена во стаклена кутија со вакуум/цврст капак. Али разлика апсолутно нема, бар за мене. Вадам, топлам, јадам. And I move on with my life А сега ако може да се навратиме на идеите за храна Јас и десерти си мрзнам и си вадам единечни порции... исто и кашкавал. Го рендам и го складирам за единечни порции, нема шанси да ја изедам цела штека додека не се расипе.
Само килограм ориз без ништо е 80 денари, каде е морков, грашок, печурки, каде е струјата што трошиш додека се прави, вода. Кога ќе видиш сума сумарум освен ако не готвиш за 4-5 луѓе немаш математика за да готвиш јадење дома.
Зависи колку здраво сакаш да јадеш. Зошто во ресторан не е баш здраво приготвувањето. Ама оф сме, може и друга тема за ова
Ај се кладиме дека нема да познаеш Кој става жити се кило ориз? Ако кило ориз зготвиш, ќе добиеш 2 кила зготвен грашок не ставаш едно кило.. Јас едно филџанче ставам мешавина иначе се е грашок.. Актуелни цени.. И да знаете дека тоа што ќе им остане денес, ќе ви го понудат и утре и задутре.. не е дека гулашот специјално сабајлево за вас го крчкале.. И сармите можат со денови да стојат и колку повеќе стојат толку повкусни се.. А струјата... и цел саат да печеш или вариш, повеќе од 20ден нема да потрошиш.. Туку лесно ви е на вас што со јајца и тост поминувате и ручек.. Додека можете - терајте.
Мене за кашкавалов ме интересира, зошто секад ми се расипува, ретко јадеме. После пример си го користиш во пица и пецива?
И јас го рендам и замрзнувам.. тоа за готвење.. Инаку имам замрзнувано домашен кашкавал и ОК беше и за јадење откако го одмрзнав ... Истото го правам и со сувомеснати особено тие што ми се за готвење.. ребра за гравче или на коцки исецкана печеница за кифли или пирошки или нешто трето..
И јас си замрзнувам, си правам во недела благо, леб, си сецкам зеленчуцу, овошје за супи и смутиња, замрзнувам сварено месо, спанаќ...ретко замрзнувам припремано јадење оти не јадеме многу манџи, а и не ми останува, ама овие работиве што ми помагаат да спремам побрзо и те како замрзнувам. Посебно дека сум на безглутенски режим нема шанси ако не ми е испланирано и брзо да се држам до него. Инаку ако јадењето е слатко нема шанси замрзнувањето да му го смени вкусот.