Мене никогаш не ми текнало ова, а уствари многу добар трик, исто мене секогаш ми се расипува, обавезно мачката го завршува.Фала ти за ова Дузи
И јас не знаев, научив пред некое време од @workweeklunch и ептен многу кашкавал ми спаси вака Може нема на гости да го послужам ама дека ќе си го стоплам во тортиља, hell yeah
Затоа секогаш ќе се водиш по принцип да купуваш од она што највеќе им се троши, ако им се троши значи дека е вкусно и дека ќе прават повторно и повторно и ќе знаеш дека е тазе зготвено, а ако нешто не им се троши така ќе го продаваат од вчера и завчера. Пример во Тинекс секогаш пилешко во кари и пилешко во бел сос не можеш да најдеш после 3 евентуално 4 саат, значи се троши.
Потпишувам со две раце за кашкавалот Откритие ми е од студентските денови. Немаше шанси за неколку денови да изедам цел кашкавал и решив дел да замрзнам, па што биде нека биде. На големо изненадување вкусот беше речиси ист. А, сигурно поубав од кашкавал кој стоел со денови во обичен фрижидер. Тешко е како студент да подготвуваш храна секој ден, па често замрзнував јадења. И од дома што ми праќаа, манџи, кифли, полнети пиперки, буквално сè Исто замрзнувам торти, штрудли, колачи итн. кај може сам човек да изеде толку јадења за два-три дена. Од замрзнати работи кои не ми беа исти како и свежи се палачинките и пројата. После одмрзнувањето палачинките беа како суви, а пројата премногу се ронеше. Затоа сега само половина доза правам од нив Ме интересира дали замрзнувате свежо тесто? Пример ако правам кифли, само да ги обликувам и да ги замрзнам, а отпосле, откако ќе се одмрзнат да ги печам?
Јас замрзнувам пржен кромид, леб и торти друго готвено јадење не... ама може за понатаму некои идеи да искористам што сте пишале За тесто за пица знам дека може, а за друго не знам.
Ако беше штетно да се подгрева ориз до сега цела Азија ќе беше испотруена. За Fried rice се препорачува оризот да се готви ден пред да го спремиш цело јадење. Не можеш да замислиш да јадеш нешто готвено од пред една недела!? си била некогаш во ресторан, свадба, дочек за нова година? ако Да, дали мислиш дека јадењето специјално за тебе го готват баш тогаш? Море камо да имав еден поголем замрзнувач, еден ден во неделата ќе го поминев за готвење па после цела недела да не се замарав со готвење. @Dust ако не ти е тешко ќе може да пишиш како се прави месото во тегла, не мора тука нека биде во тема за рецепти ако има таква
Некои се многу нежни хахахах. Абе мене ми е премија кога некогаш можам да извадам јадење од замрзнувач пошто не можам секој ден да готвам. Патем и мајка ми прави месо во тегла, знам дека го вари, врие, не ми текнува, ама вкусно е.
Бев и јас во овој фазон последнава година заради седењево дома, па за викенди готвев и замрзнував за да сум слободна во текот на неделата а да имаме посалам ручек. После не знам, или ми здосади или ми текна дека не сум толку зафатена и во работни денови да зготвам ако сакам па сега замрзнувам само ако има вишок а вишок ретко има пошто се јади и нареден ден ако остане. Месо во тегли не рабирам, го вариш, спремаш тегли, полнеш, ги ставаш во рерна на одредена температура за да се вакумира и мора да си претпазлив додека го правиш сево ова, за да еден ден као извадиш тегла и месото готово, се' што треба само ориз пример да зготвиш или пире или компир Па додека правам ориз ќе се зготви и месото, не гледам потреба од замрзнување на зготвено месо кога секако треба нешто плус со него да зготвам. Сарма одмрзната не ми е убава, оризот има чуден воденикав вкус.
Кога правам селско месо со печурки, користам од месото во тегла, баш убав вкус дава. Една средна тегличка е доволна.
Селско месо со печурки е месо пржено и душено со кромид и печурки, некаде ставаат и друг зеленчук. Цела финта е да се готви заедно за да се помешаат вкусовите. Ако испржиш кромид и печурки и на крај само го истуриш местото...во што е штосот?
Ете некогаш немаш месо дома и ова се наоѓа на брзина зготвено. Инаку да, финтата е се заедно да измешаш и да го доловиш вкусот, ама ако си со ограничено време, ова ти е како 1 на 10ка. Мене многу ми се наоѓа, не мора за селско да биде.
Еве јас ќе ти кажам.. Месото во тегла освен за манџи, го користам за брзо мезе кога ќе ми дојде некој ненајавен.. Порадо ќе им извадам месо од тегла отколку салама на пример.. Некои го сакаат ладно, некои како мене сосема малку го загреваат.. И не го ставаш во рерна..ги вариш теглите. Нема за што да си толку претпазлива, ставаш вода и си вари..на секои 30тина мин дотураш жешка вода..меѓувремено чистиш, пеглаш, правиш чудесии по спална.. Исто така, не би рекла дека јунешко/говедско би сварила толку брзо колку што е потребно за грашокот да се свари на пример..Грашокот е готов за 20мин
Говедско ако вадам за гости, нема да се отарасам после од нив. Тоа да, најмногу се вари ама се друго бргу се приготвува. Зависи и од навиките, кој има често гости со заседнувања и јадење и пиење, ваљда е ок и практично. Кој ги пречекува гостите само со кафе и благо, сигурно нема тегли да вари за нив Плус што зборам, немам ни голем замрзнувач, само еден дел од фрижидерот, толку. Ама, да имам животни и градина и ниви, сигурно ќе полнам цел замрзнувач од големите за цела зима. Или два.
Да се пријавам и јас во темава. Ми стана пракса ова замрзнувањето пред се од немање време со мало бебе дома се да постигнам - дома имам ручек направено од замрзнувач изваден.Да да, често е ова. Имав поголема количина на праз,нешто свежо го приготвува а голем дел од нив и седнав на кучиња и во замрзнувач по 200гр.порции. Ете вчера извадив и направив превкусна пита со праз. За бебето тиква купивме пред некој ден,дел ја изеде свежа(варена) а дел избалансиран и замрзна.Не јаде голема количина, а не планирам да фрлам. Мешавина за супа (целер, пашканат, морков,магдонос) редовно имам замрзнато и само го додавам во свареното фиде и коцката супа.Ете превкусна супа за 10-15 минути. Месо кога ќе почне да јаде бебе секако дека ќе го варам и замрзнувам на парчиња заедно со водата кај што се варело и во поединечни порции ќе замрзнувам.Сигурно нема во експрес лонец секој втор ден да варам по 2 саати месо-како што кажав немам време. Златната мешавина основа за руска салата ми е секогаш во замрзнувач. Ја додавам во рижото и исто така. Да не зборувам па за овошје што се продава замрзнато па само го додаваме во јогурт и мелени житарки и имам здрав појадок за секунда. Лесно е на денешницата да се храниш колку толку здраво само треба организација и желба за тоа.
Недела како ден се жртвува за цела работна недела да се има зготвен ручек. Ни на крај памет не ми е во 17ч после работа да сецкам зеленчук за манџа. Дефинитивно ми е многу полесно да се организирам на овој начин, поготово за манџи ми функционира, пецива, па дури и остатоци од ручек пример грав, сарма. Немам мерка да готвам грав за еден, двајца, па што остане во замрзнувач оди. Било што од погоре наведеното се подгрева на рингла/во рерна. Па имам во секое време спремно доручек/ручек. Зготвен ориз не подгревам, го оставам само на собна температура. За вкус, па што знам ист вкус е. Може и навика е, храна не фрлам генерално па на овој или оној начин мора да се дојаде.
Никогаш дома не сме практикувале да замрзнуваме готвена храна, секогаш ја приготвуваме свежа или од вечер припремена. Не ми се допаѓа замрзната храна готвено па одмрзнато, порано кога одевме на гости кај кумовите секогаш послужуваа се одмрзнато, риба, кифлички, буквално се замрзнато, а вкусот никаков на храната. Замрзнуваме некој намирници како грашок, домати, модар патлиџан, а готвена храна не.
@Jana06 јас ги имам собирано низ годиниве, последно во Тинекс забележав доста солидни садови. Има и во Веро Џамбо, со добар квалитет се и ти е.