Нов експеримент, денес прв пат пробуваме одмрзнат подварок со кисела зелка и немаше никаква разлика со тазе направен. Инаку со свинско месо беше направен.
Не сум фан. Ништо не може да ми замени свежа и тазе подготвена храна па и да треба да јадам покасно додека се зготви. И скоро никогаш не ни останало нешто од ручекот за да треба да се фрла, се готви колку што сме гладни и доволно за сите
Никогаш не ми пукнала. Најчесто замрзнувам гулаш и грашок, другото го правам во помали количини, а и било што со компир не замрзнувам.
Па имам читано дека компир и ориз не се загрева и затоа. Инаку, не правам класична запршка ама ставам доста кромид во гулашот пример, а и општо било каква манџа правам со многу малку вода и таман ми е без запршка, само црвен пипер на крај. За ова околу компирот нека каже некоја ако замрзнува така. Не ми менуваат вкус, исти се.
Освен кифли, мафини, пастрамајлии и некои други печени теста, никогаш не замрзнувам, манџа па никогаш. Добро е за тие што немаат време па така во гужва вадат и јадат. Некогаш и јас сум кнап со време ама гледам тогаш најбрзото и најлесното да го зготвам. Само некои манџи ги користам од денес за утре, во обичен фрижидер ми стојат, повеќе време не чувам
На блендер/сецко направи ги сос(течно), стави ги да се варат, да изврие до одредено ниво, стави малку оцет, сол малку, шеќер. Собери во шишенца стаклени додека е врело, да се извакумира.
Замрзната готвена храна – никогаш, замрзната храна (боранија, грашок, мешан зеленчук, риба…) – секогаш, особено во пост.