Frozen е анимиран филм од минатата година. Еве ви во спојлер на кратко за филмот.Тука ќе може да зборуваме и постираме слики од филмов.Доколку темава е дупла или непотребна клуч Спојлер Се работи за две сестри кои во минатото биле многу блиски но,од кога Елса(која не може да ја контролира својата моќ за замрзнување) ќе ја погоди сестра и Ана со лед во главата тие ќе се одалечат бидејќи Елса животот ќе го помине во нејзината соба до полнолетност.Нивните родители ќе починат а,пак таа ќе стане кралица.Ана ќе се запознае со Ханс и ќе побара благослов од сестра и а,пак таа ќе се изнервира и ќе испушти лед.Така сите ќе дознаат за нејзината моќ и ќе ја сметаат за чудовиште а,таа ќе пребега во планината.Ана ќе оди да ја најде и таму ќе ги запознае Кристоф,Олаф и Свен.Но,најлошо од се е дека Елса направила вечна зима и сите ќе ја молат тоа да го спречи но,ни самата таа не знае како.
Го гледав во кино филмов и многу ми се допадна(се гледа по аватарот ). Интересен филм. Еве и некои слики: Спојлер
Преубав филм, многу ми се допадна http://www.youtube.com/watch?v=moSFlvxnbgk ^Омилена песна ми е периодов
Ахх,Олаф е срцка мислам дека на него најмногу се смеев кога го гледав филмов http://www.youtube.com/watch?v=_yJrytUyagY
Баш вчера го гледав филмот и многу ми се допадна. Одамна немам гледано анимиран филм. Интересна приказна а највеке ми се допадна Елса
Прекрасна приказна. Најголем љубител сум на анимирани филмови, па нема некој што не ми се допаднал. Одличен е.
Еден од најдобрите, ако не и најдобриот цртан од Дизни!! Опседната бев со Let it go денови после гледањето..
Еден од подобрите Дизниеви продукти. Заљубена сум во анимираново и како и повеќето Олаф ми е прекрасен наивен лик со детска чистина, гледа, слуша и за чудо, како за снешко па и чувствува баш како дете. Баш ги преминува сите лимити и е сосема оптимистичен, дури и сонува за лето... Мислам дека во скоро ќе го гледам и уште еднаш. Добро, у принцип, сакам цртани и анимирани филмови, а и саундтраци од истите. Добро, зависник сум...исповед. Најсериозно! Имам плеј листа од саундтрекс од анимирани и цртани и задолжително си ги слушам... Подобро ќе гледам анимирани, него ли Ноутбуци. Барем фантазијата и оптимизмот ми ги оптегнуваат до максимум.