Се имам опседнато со филмчево и сум просто заљубена во Олаф. Никој лик вака не ме освоил од времето кога принцот на Аурора ми беше симпатија https://www.youtube.com/watch?v=3JNSjNuiDkY I'm Olaf and I like warm hugs!!!
И јас денес се наканив да го гледам. Ептен е убав Олаф е срценце! Навистина ли ќе има втор дел? Едвај чекам... Еден од најубавите филмови на Дизни. Спојлер Едит: Не знам ова колку е официјано, според ова, ќе има втор дел : http://www.youtube.com/watch?v=ePCPGtxfPx8
Го имам гледано филмов, ептен убав е. Олаф е душа се заљубив во него. Спојлер Всушност филмов докажува дека не секогаш вистинската љубов доваѓа од маж и дека сестринството е една света врска, која никој никогаш не може да ја раскине.
Најубав,најубав,најубав анимиран филм ! Досега три пати го имам гледано и не ми е досаден,пак би можела да го гледам Велат дека ке излези 2 дел.. Ако е вистина одвај чекамм.
Прекрасен и поучен филм. Олаф со неговите желби за лето. Би сакала да има и втор дел, Елса да го пронајде својот принц, но не и да го замрзне.
Прекрасен анимиран филм. Особено Олаф. А кога го гледав филмот недела после тоа бев заразена со песната Let it go.
Филмов го гледав со помалата братучедка и братучедот од 4 години Прекрасен е. Едноставно се е преубаво, и тоа што прави Елса со мразот, и музиката,а што е најважно има и поука Се надевам дека стварно ќе има втор дел. Колку и да го гледам филмов никогаш не ми се здосадува
Најубоо анимирано филмче до сега =)....најсмешно ми е снешкото Олаф и ирвасот Свон (посебно кога ќе сака да го изеде носот-морковот од Олаф), хаххаххаххаа