Одвреме навреме овозможуваат регистрирање на нови корисници. Не знам колку време е можно регистрирање, и на колку време овозможуваат.
Ај за нареден пат, кога ќе овозможат да ме известите, важи? Другарка ми сака да се регистрира а пак јас не знам пасворд од кај мене да и дадам да делиме, бидејки цело време сум уклучена и било тоа одамна, сум заборавила
Ако си го заборавила, можиш да го дознајш твојот пасворд. Чим нон-стоп си логирана, зачуван ти е во пребарувачот. Прочепкај во опциите на пребарувачот, барај нешто SAVED PASSWORDS, и ќе ти ги излиста сите. Ако заглавиш, кажи шо пребарувач користиш, па ќе ти поможам.
Од тоа колку качуваш и колку симнуваш. Однос Ако имаш исти upload и download тогаш рејтингот е еден. upload > download - поголемо од 1 download > upload - помало од 1 Колку ти е помало ратиото, толку се поголеми шансите да те банираат. Плус и неферски е
Замунда? -Ехеее, колку пати ме спасила од ноќи поминати во досада. Јас не знам да симнувам. Антиталент сум верувајте. Неколку пати симнав серија и филм синхронизирани на бугарски, што се откажав. Меѓутоа, сестра ми тука е главна. Не дека нешто сме филмаџии во огромен степен, јас пак особено, но... Сериите ми приредуваат толкаво задоволство не се опишува.
Луѓе кој сака username i password од ЗАМУНДА пишете ми во лични,ќе ви ги споделам,кој што сака да си симнува Успеав да направам регистрација Пробајте дали ќе ви даде да си направите,сега се отворени за рег.
Замунда морам да ја пофалам-секогаш е убаво подредено се и никогаш не ми се погодил вирус.Е ме нервира што имаш рејтинг според upload, па кога ти е низок го бришат профилот, ама затоа ќе си направиш неколку
^Како така? Првпат слушам. Не ни знам каква функција има тоа аплоад и како допринесувам да се зголемува таа бројка. Стариот акаунт си го користев година-две. Сега си направив нов затоа што го форматирав компјутерот и не знаев да се логирам на стариот.
Па еве што пишува : A upload се прави кога откако ќе симнеш нешто оставаш да се прави seed,т.е. другите да превземаат од тебе,пошто ти веќе го имаш целосно,но! тоа ти ги троши и твоите гб од интернетот.Ако си на неограничен немаш проблем,ама иначе во програмата каде што си го симнала треба да направиш стоп одкога ќе се симне нештото. Е upload-от ќе си мирува... Треба да имаш повеќе upload од download за да ти е висок коефициентот.
Немам јас, има Петко и го има веќе неколку години. И Бог да ја поживее, сите филмови од таму си ги симнувам и немам никаков проблем до сега, ниту вируси, ниту ништо. Е сега он понекогаш аплоудира нешто, морало зошто како што кажавте ако само симнуваш после некое време те блокираат. Со аплоудот нормално допринесуваш кон нивната база на податоци, а тоа е целта на самиот сајт што повеќе филмови и сл., а доколку само црпиш, односно симнуваш немаат никаква корист од тоа, па блокираат-многу едноставно . Јас колку што знам сидингот е помеќу оние од кои моментално црпиш информации, односно и вие кога симнувате филмови тоа е од сидери кои веќе го симнале филмот па сега преку торентот филмот од кај нив се симнува кај вас. Баш заради ова се симнува преку торент а не преку други програми. Јас аплоудот мислев дека е да ставаш филмови и сл на нивната страна. А ова за seed, работи само доколку го оставиш торентот уклучен односно ако откако ќе го симнеш филмот целосно не го исклучиш. Спојлер Ваљда ќе ме разберете нешто, зошто поинаку и незнам да објаснам .
Да да,секако дека кога качиш нешто на нивната страна и тоа се смета за аплоуд,можи и така...И тоа ќе ви го качи рејтингот.Само јас па незнам како да качам нешто на нивната страна.
Денес забележав имаме и наша македонска Замунда Нема баш избор зашто најверојатно е тазе отворена, али ајде да се регистрираме за поддршка.
Кога сте правеле даунлоад сте влечеле од некој што веќе го има тој филм/музика/игра....и сега од кога ќе го симнете оставете го некој друг да влече од вас, како што вие предходно сте влечеле од некој друг. Не за да не ве банираат, туку за и некој друг да го симне побргу тоа што вие сте го симнале....и така сите да бидеме среќни и задоволни Ако го бришете веднаш тогаш е многу неферски од ваша страна, сте искористиле и ајде чао, сте земале од некого, а неможе да земаат од вас (иако ништо не губите) Кај мене: Uploaded: 1.25 TB Downloaded: 954.37 GB
Така е Алиса,само што на тие што им е ептен ограничен интернетот,ќе им ги снема одма сите ГБ.А ако сте во можност оставајте ги,ништо не губите,само добивате Јас лично ги оставам
Има уште едн слично на Замунда,наше,може и да го знаете www.traker-mk.org и има доста работи,макар што се сеуште мали нели,сепак ќе се надоградуваат
Е тоа да, затоа и мислам дека македонскава замунда нема да успее. Немаме ние убав интернет за такво нешто. Сите ќе симнуваат, а ретко кој има интернет да качува (просечен корисник кај нас си става ефтин интернет ) Инаку имајте во предвид дека гига бајтите што ви се за даунлоуд, немаат врска со аплоуд