1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Занимации и игри за развој кај деца од 1 до 3 години

Дискусија во 'Дете' започната од J.Ivanoska, 13 април 2012.

  1. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Игрите не само забавуваат децата, а и преку нив се развиваат во многу насоки... вештина да се концентрираат, умешност, естетски осет... Таа тема е само за игри, големата радост на децата. Внесете разновидност во забавувањето на вашето дете. Споделете некоја игра, која многу сте сакали, или игра со која забавувате вашето дете, но не во паркот, или во двор, а дома...

    Еве некои идеи од мен:
    Како за почеток, ќе започнам со нешто кое ќе е потребно за во групна игра (со други деца), во некоја надпревара.
    Водниот Часовник
    Малите деца не знаат колку е 1 минута, 10 минути или 1 час. (Колку е 1 час? Колку едно кусо или едно долго филмче?)
    За да направите и вие воден часовник имате потреба од: пластично шише, ножици, часовник, маркер и шило.
    Пресечете шишето на два дела.

    Направете мала дупка во капачето.

    Ставете свртен горниот дел од шишето во долниот.

    Измерите со часовник, колку капки истекуваат за една минута, за 2 минути, за 3 .... и со маркерот означете на шишето.
    Овој Воден ЧАСОВНИК може да се користи за да мери времето на секој учесник во разни детски игри :)

    Пеперутки со штипки

    За овие пеперутки ви се потребни неколку штипки, 1 пакетче палома..

    Со флумастери нацртајте марамчињата и потоа со водена четка изводенете леко марамчето. Така боите од флумастерите се преливаат.

    А може и со водени боички

    За да се исушат побрзо пеперутките, исушете ги со фен. Пипалцата на главата направете, како навијте парченце влажно, обоено марамче на масурче. Потоа ги залепете.
     

    Прикачени фајлови:

    • 6i6e1.jpg
      6i6e1.jpg
      Големина на фајлот:
      23,2 KB
      Прегледи:
      542
    • 6i6e2.jpg
      6i6e2.jpg
      Големина на фајлот:
      31,2 KB
      Прегледи:
      540
    • 6i6e3.jpg
      6i6e3.jpg
      Големина на фајлот:
      21,1 KB
      Прегледи:
      540
    • 6i6e4.jpg
      6i6e4.jpg
      Големина на фајлот:
      30 KB
      Прегледи:
      540
    • 6i6e5.jpg
      6i6e5.jpg
      Големина на фајлот:
      29,5 KB
      Прегледи:
      540
    • пеперуда1.jpg
      пеперуда1.jpg
      Големина на фајлот:
      35,3 KB
      Прегледи:
      539
    • пеперуда3.jpg
      пеперуда3.jpg
      Големина на фајлот:
      41,7 KB
      Прегледи:
      537
    • пеперуда4.jpg
      пеперуда4.jpg
      Големина на фајлот:
      47,2 KB
      Прегледи:
      538
    • пеперуда.jpg
      пеперуда.jpg
      Големина на фајлот:
      66,9 KB
      Прегледи:
      537
    Последна измена од модератор: 25 април 2017
    На Girl-Rabbit, joy1, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.017
    Допаѓања:
    136.242
    За вакви креативни активности јас најмногу црпам идеи од крокотак. Многу добар сајт, со многу идеи, и добри објаснувања за реализација.
    http://krokotak.com/

    Често правиме со децата разни работи за разни поводи - Велигден, 8 март, нова година, 1 март (мартинки), валентајн, халовин и други увозни празници. Не е ни важно кој е поводот, сакам да поттикнам креативност.
     
    На ZojaP, joy1 и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. tina-63

    tina-63 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Ние најчесто си играме заедно со колички,сега е во фаза кога се учи да го вози,па тоа му изгледа интересно.
    И играме со плочки од 1до 10 кои се вадат и стават назад што е еден начин на вежбање на раце и мислење.

    Истотака да ги додадам и дрвени играчки(јаболко,леб,морков...) кој може да одвојат со дрвено ноже
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 10 јули 2017
    На Girl-Rabbit, galapce, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.666
    Допаѓања:
    322.578
    Пол:
    Женски
    Мн се убави.Од каде се?
     
  5. tina-63

    tina-63 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски

    Овде кај нас ги има во toy box,
    А во мк незнам,ама би требало да има вакви или слични некаде.
    Многу од децата сакаат да играат во кујна ова е доста добро и занимливо :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    28.448
    Цел ден игри и занимации, ем се подучуваме по нешто, ем се занимаваме, ем времето ни мине.

    Слична таква табла дрвена како погоре сликата со бројки имаме и ние, само нашата е со форми (коцка, срце, цвеќе, триаголник) па за возраст околу 2 годинки е многу занимлива игра. Малата погодува која форма е и ја става на соодветното место на таблата. Ви ги препорачувам на мајките чиј деца се отприлика таа возраст, во Џамбо ги има, ефтини се. Имаме и слична сложувалка со слики ама не знае да ја сложува без моја помош.

    Најчеста игра ни е ,,мајка и бебе,, Малата е мајка и имаме многу бебиња со кои ептен се заигрува. Менува пелени, ги нанка во лулашка, ги вози во количка, ги храни и сл. Во оваа игра не замара никој, сама си игра. А јас пијам кафе меѓувремено:P

    Игра и со детска кујна, прави ручек од ,,плодовите,, пластични кои и ги купив. Со тоа ги научи зелечуците и овошките.
    Редиме и коцки (ова најчесто со татко и), разгледуваме музички сликовници со животни и звуци од секојдневието, раскажуваме приказни по слики, играме топка... И цееел ден пееме. Многу ми е песнопојка малата, сериозно, ептен сака музика. Пред непознати прашај ја што сакаш нема да ти одговори, се срами, а штом и кажам испреј една псничка одма почнува ,, мама воли бебуууу,, И тоа грми, сите да ја слушнат. :rofl:
    Купивме и табла ,,пиши,бриши,, Јас цртам, таа брише. Ќе почекам уште малку па ќе купиме и боички за да се занимава со боење.
    Еден период дури усисував и таа со нејзината играчка правосмукалка ,,ми помагаше,, Сега веќе ја батали. А и играчката пегла одамна е фрлена во кошот и не и е интересна. Се геда дека детето нема да сака да пегла. :lol:

    Кај баба и ја оставаат да се игра и со песок, а често и меси лепче, поточно игра со тесто.
    Инаку да кажам дека не сака многу плишени мечиња и не им се радува на музичките играчки, дури ја нервираат и веднаш бара да ги искчучиме.
     
    На ZojaP, Kitten, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Знаете што сум приметила? Што поедноставни и секојдневни предмети се користат во играта, тоа поинтересно ќе му е на детето. Не знам зошто. Опаковката знае да им стане поинтересна од играчката (и се чудиш зошто си фрлил пари за играчка кога едноставно кутија си можел да му донесеш). Додуша, не верувам дека ние сме биле многу поинакви, барем од по слики шо глеам со шо сум си играла. :lol: На оваа возраст, особено кога почнуваат посамостојно да се движат, интересно им е да опипуваат предмети, да истражуваат како изгледа кога се движи, кога паѓа, кога се спојува со друг предмет, играчка. Пример, фрлање на предмети (пр. топчиња, доволно големи за да знаете дека не можат да ги голтнат нормално) кон чашки, пластични или играчки (да влезат во чашата, како во кош). Ова конкретно се покажа како многу забавно. Многу им се интересни игри со фрлање и паѓање на предмети, затоа што во тој период истражуваат се околу себе, така што, гледајте да користите што помеки и потапи предмети за игра. Добро е да се вклучат и играчки/музички инструменти, бидејќи знаат и да удираат по предмети оти им е интересен звукот што ќе се произведе. Само гледајте играчките да имаат попријатна музика, чисто да се поштедите од главоболки, пошо ептен знаат со такви работи да се заиграат.
    Ова мое искуство некое, не мора да значи дека кај сите ќе биде полн погодок.
     
    На Sunshine_1979, galapce, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  8. tina-63

    tina-63 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Еве ова ми е
    Прекрасно напишано и објаснето.
    Кај нас е слично,баш добра идеја ми даде да купам пластични плодови па да ги учиме.:)

    Хаха,Ме насмеа :)
    (Со музичките инструменти)
    Еве нашиве се употребуваат ама само ако играме заедно,Незнам зошто ама зисин ми освен со колички сам да си игра несака.
    Заедно ги играме игрите :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 10 јули 2017
    На galapce и Gerbera им се допаѓа ова.
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски

    ЕВЕ НЕШТО ДОБРО И НА МАКЕДОНСКИ
     
    На irena.1 и tina-63 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.430
    Пол:
    Женски
    Со внукот мој јас најмногу си играв и многу ми беше забавно. :D Си игравме со количиња, со топки, си правевме фаци, криенка си игравме, на грб го носев, го кревав високо демек авионче и многу други игри. Сега има 3 години и најчесто се бркаме. :D
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.385
    Какви игри играте со вашите мали во овој период? Сега се како сумѓери, упиваат се, учат многу, секое движење им е новина...

    Што правите за да научат повеќе зборови?
    Што правите за да разликуваат повеќе предмети?
    Што правите за да ги осознаат формите и текстурите?

    Дали играте со нив или ги оставате сами? Дали им давате многу играчки или само по неколку? Дали оставате да им е досадно повремено?

    Јас истражував за ова, уште кога имаше малата 6 месеци и се трдам максимално да и посветам време, колку што се може нели.

    После работа секој ден редиме коцки. Многу добра кница со книгички е една од Топер со 12 мали книгички во неа. Научи да ги вади, да ги реди како кула, во секоја од нив да најде едно познато нешто, да каже што има на таа сликичка...

    Читаме пред спиење книги, со Пепа, со Маша, и на секоја слика повторуваме мама тата пепа маша... па ги имитира како јадат како пијат вода, како се смеат. Па ги бацува за добра ноќ.

    Некогаш ја оставам сама да видам што ке прави.Некогаш играме прости игри, ко сите лажичиња да ги стави едно по една од една во друга чаша или да се крие зад маса и да чека да ја најдам.

    Дајте предлози за нови игри. 15 месеци е.
     
    На zverkica, tina-63, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    30.223
    Пол:
    Женски
    Ние редиме коцки. Имаме едни од Mothercare големи и меки секоја страна е различна. Има и животни на нив и ги редиме ајде животно над животно и јас обавезно му кажувам кое животно сега над кое го ставаме.
    Исто редиме коцки Clemmy.
    Сите коцки ги редиме во кула па потоа најомилен дел е рушење на истите.
    Имаме и коцки-топки што може да се редат како кула или да се ставаат една во друга или да се прават како топки и тие исто ги редиме, односно му давам да ги реди или како кула или една во друга ги става. Некогаш успева и топка да склопи сега кога е поголем (за неколку дена 18 месеци).
    Шутираме топка, пееме песнички (таши танана, зајченце миличко, пет прстиња).
    Дури и ако гледа нешто на телевизија тогаш има некој покрај него и раскажува што се случува.
    Исто играме криенка т.е. куку да. Најново ни е играње со пластични чинии за матење и големи пластични лажици. Исто многу сака да си ги вози оние играчки што се со една рачка (долу е пеперутка или топка или барабан и има една рачка за гурање).
    Ако се заигра со некој играчка тогаш се повлекувам и го оставам сам да си игра за да си развива концепти и имагинација и внимание.

    Нас ни е обавезно играње надвор. Тоа вклучува и играње во песок и допирање лисја, цветови, гранчиња и слично со многу внимавање нешто да не заврши во уста. Значи откривање на околината е обавезно.
     
    На tina-63, galapce и kristina.k им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    38.140
    Пол:
    Женски
    Моето е 20 месеци, ама ништо не му задржува внимание. Редиме коцки, за многу брзо почнува да ги турка, да фрла. Имаме за нагоре како кула, и на секое животно нацртано, со нив малку повеќе може да се заиграме, ама секако најинтересно му е да ја турне кулата. Многу сака да бои и да му цртам, а тој да годи што нацртав. Му купив и од тие таблите со магнет, првиот ден цел ден шкрташе, вториот го скрши тоа за пишување внатре во таблата. Заедно ги полеваме цвеќињата, тоа многу го сака и ми кажува на кое следно да туриме вода.
    Имаме фигури од Пепа, нив ги раниме, ги бањаме, ги кажува (мама,тато, П (за Пепа) и Гого (за Џорџ). А надвор омилено му е играњето со камчиња и песок, си претура во фигури и си копа, е таму сам го оставам, нормално го пазам.
    Вака изгледа како доста игри да имаме ама како што реков многу кратко трае тоа, ни со мене, ни сам не сака да игра подолго. Повеќе го интересираат други работи, да прска со тушот во када, да отвара фрижидер, вади се надвор и враќа, да става играчки во релна и такви работи. (facepalm):D

    Едит- сите сликовници што ги купив, ги искина на парчиња, единствено гумените ни стојат, ама не се интересни повеќе. Дајте предлог за некои поцврсти и интересни за негова возраст.
     
    На LadyC, Eli23, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    30.223
    Пол:
    Женски
    Ние имаме Емил и Руфи две издание на Просветно Дело и тие ептен ги сака. Исто ги сака сликовниците што се Звук, Мирис, Вкус, Вид, Допир, не знам кој е издавач ама ги има на повеќе места.
    Сликовниците никогаш сеуште не му ги читам буквално туку со глумење и прилагодени за него. На пример Емил и Руфи има многу малку текст па јас додавам текст и плус звуци.

    Ах да и нас ни е омилено вадење работи од ормари, фиоки и слично.

    Кај деца помали од три години е нормално се кратко да трае. Вниманието се вежба и учи.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Ако не ги сака книгите, какви и да му купиш џабе ќе биде, со истото и јас се соочувам, поголемата ( 7 год), уште од годинка беше заинтересирана за книги, дома имам преку 60 книги,сликовници, и до ден денес пред заспивање таа бара да и читам.Малата ( 2 год) што фатила до сега искинала, па сега и ги тргам да не и се на дофат пошто греота е толку книги и дадено пари , а таа за секунда да ги уништи
    Почекај, можеби понатака ќе пројави желба , па ќе купиш
    Имам и јас тие гумените, со фигури, ќе ги погледне 2 мин и одма трага по нешто друго. моево до душа за ништо не е заинтересирано :), и коцки и давам, ке ги проврти 5 мин најмногу и одма почнува нешто друго да прави, такво си е детето, иако имам од големата се, за ништо до сега не пројавила интерес
     
    На tina-63, galapce и kristina.k им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.703
    Моето скоро наполни година и ретко ретко со нешто да се заигра...Ако му е ново само,5 мин ќе го потинтри и го фрла...Сега е во фаза на проодување, па само бара нешто да се качи и задржи за да оди... Не сака ни да го учам нешто, пробувам животни,глава,рамена,колена,стапала, ама не се интересира и џабе го форсирам...Се тешам дека е сеуште мал па не инсистирам премногу
     
    На kristina.k и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  17. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка, ама се спремам за кога ќе дојде време :rofl:
    Шала на страна, ме интересира детската психологија и психопатологија и уживам да гледам деца како реагираат на разни средини и стимули, па си следам и игри за добар развој, еве некои:

    http://chicklink.com/20-activities-for-a-toddler/
    http://busytoddler.com/2016/05/introducing-sorting-teaching-young-toddlers/
    http://chicklink.com/montessori-activities-for-toddlers-montessori-activities-for-one-year-olds/

    Еве ги целите за развој на таа возраст, за оние кои не се запознале целосно:
    [​IMG]


    Следете ја страната крокотак, има и слични такви на кои може да се најде инспирација за продуктивно потполнување на времето на децата на било која возраст низ игра.
    Не заборавајте да не бидете преамбициозни, сепак се само деца. (не мислев ништо лошо, не ме разберајте погрешно, мајките знаат од хормонска бомба хаос да направат :lol:)
    Ова за маалку поголемки, од 2 па натаму. Ако сретнам нешто интересно ќе споделам овде со вас. :)
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Последна измена: 4 јули 2017
    На LadyC, Santaa, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.703
    може линк од крокотак страната?
     
  19. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    @simonka93

    http://krokotak.com/
    Еве ја, има опција и да смениш на бугарски, ама и јазик па и не треба освен категориите, и онака се е со слики.
    Инаку сите наставнички од тука инспирација земаат :lol:
     
    На kristina.k, cresa-jagoda, victoria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    30.223
    Пол:
    Женски
    Развојните смерници што ги постира Оленка гледајте ги чисто индикативно. Запомнете дека секое дете е индивидуа за себе и некое ќе биде понапред во еден развоен домен некое во друг.
    Игрите се секако корисни.
     
    На Mia87 и Оленка* им се допаѓа ова.