Еве ме со пресно искуство. Не знам, јас некако не сум воодушевена, или кмам огромни очекувања. Можеби до смоките е, да има поквалитетни, јас овие ги зедов за 2-3 евра, колку да пробаме. Инаку се за еднократна употреба и истата е прилично едноставна. Има мала крпичка која се влажни во вода и секоја смока треба да се навлажни за истата да може да се спои со другите смоки и да се создаваат фигури. За парите ми е ок, еднократна употреба ќе му дојде, иако од пластелинот и кинетичкиот песок сум далеку позадоволна. Пак не би купила. Да едитирам додека не е прекасно. Препорачувам вакви за нижење на накит. Ние најпрво ги сортиравме по боја, па потоа она ми подаваше кое да биде следно за нижење. Пробуваше и сама, но треба сила за да се пикнат во дупчињата, па јас помагав за тој дел. Со надзор за околу +2.5 би рекла Момата пресреќна со накитот. Најнов хит ни се животните. Ги прередува околу дрвата, им дава вода да пијат...
Дани истите ги имаме за накит креирање...преубави се...повеќе би се нарекло за креирање него за нижење....320ден. 160 парчиња и за повеќекратна употреба......што викаш ако смокиве се за еднократна и тоа не знам кој пиша 800 ден....скапичко испаѓа. Инаку овие за накит сама си одбра...јас си мислев дека се за нижење на конец или жица и не ми се земаа...ама ептен убави испаднаа..уште да сака да работи со нив..повеќе сака да ги расфрла..белким ќе ја кандисам. Моментално на труба се учиме да свириме....а види да свири некој или пее на тв ја зема...и смешна е еднаш ќе дувни ќе свирни и вика бравос Уште една играчка за 2 годишни рачна вртелешка. т.е. рингишпил со динамо.....ако вртиш доволно брзо покривот свети
Ана од Прилеп сум јас,тука си ги земам од локално продавниче...али увозникот од Скопје е http://atlantikfm.com.mk/ Со сигурност имаш поголем избор во Скопје.
И јас да споделам. Дете 15 месеци. Омилена играчка е оваа За кратко време научи кое каде треба да стои. Најпрвин не можеше да ги стави целосно на местото, баш беше смешно кога ќе ја наредеше, сите на точно место, но кое погодено убаво во дупката, кое не. Но сега и тоа го усоврши. Читање книги, јас раскажувам, таа врти, но и ја вклучувам, ја прашувам 'каде е зајчето' на пр. И сега понова играчка ни е оваа Почетокот ни служеше за редење на фигурите една врз друга, сега почна да знае да го погоди дупчето на играчката со конецот. И една од омилените уште би ја спомнала правењето манџи И давам ваган, лажица и меша, јади, дава да јадиме... Некому можеби ќе му послужат играчкиве како за идеја.
Igrackive ni gi donese prviot dedo mraz godinava. Drveni. Golemiot se iznaigra. Pa duri i vika hepi, hepi. Kupeni se od lokalna knizara vo avtokomanda, ne se mnogu skapi i toplo gi preporacuvam. So drvenite plocki dete samo uspea da izgradi cuda, od bukvi, brojki, vozovi, formi, do skali, zgradi, i sto uste ne. Perfektni za fina motorika. Malite ne smeat da pipnat. Ako se obidat odma gi sobira vo edna koficka i bega na nepristapni mesta za niv Zelencucive isto dobra zanimacija, samo gi redi po radijator i kazuva koe sto e Ovie kocki isto ni se poklon, golemiot gi iznaigra, sega malite igraat so niv. Ucime pogolemo pomalo.
@Artemida81 таков воз имаш во Панда, во подрумот на Буњаковец. Мислам околку 500 и нешто беше. А имаш слично и тука.
Куќичка пакетче, исеков еден дел и отворив прозорчиња на другите страни. Се изнаиграа, дури двајцата заедно цел саат а малото си продолжи цело попладне.
Како креативно врти со пенкалото додека поврзува Овде прво ке поврзува, па после ке ги лепи формите Немам време да прошетам, ама и имам живци за вакви работи.. па решив сама да му ги правам
Многу убаво. Сите идеи ке ти ги украдам И јас често му правам вакви задачки,а и во росица и супер смешка има. Приквечер има еден период кога е збеснат, па вака успевам да го смирам.
Многу убаво Мариз......првите 3 за учење на поимот ИСТО. Исто може и поврзување на животни (мајка со младенче). Скриени животни исто...пр: коњ позади сено (само дел да се гледа), крава позади дрво....и т.н.
И мојов исто.. ова е тетратка со бели листови.. и ако го прифатат будалите, одма ја вадам спремна со 2,3 страни @alana супер идеја и тоа ке го направам. А може и различни работи, но иста категорија. На пример облека (маичка, гаќи), овошје (банана, јаболко), животни (маче и куче), тело (дланка, стапало), ке пробам дали ке сфати така
Па да ги поврзува, пак така да се наредени како другите погоре... на пример од тело: дланка лево, стапало десно... и да ги поврзе. И повеќе категории измешани да има, ваљда дланка со куче не би поврзал хаха Ке направам и така, ке ставам тука
Кога почнаа да се интересираат за вакви работи? Јас купив неколку едукативни сликовници, ама лошо завршија сите. После тоа во мала тетратка почнав да му сечам и лепам слики од стари учебници, ама дури завршам тој се лепи со лепилото, сликите ги зема, кине, фрла, чкрта и толку. Дали е мал или не го интересираат вакви работи, не знам. Еве неколку "преживеани", полесни му ги правам. (Што сака да јаде мачето со зелена боја, животните им бара бебе, поврзува ист вид, имавме и соба да залепи мебел, дете со облека и што сака да прави детето. Го прашувам, тој одговара и заедно поврзуваме). @mariz браво, ќе крадам идеи, само да набавам материјал. Многу е паметен Тео.
Тука има интересни работи https://www.ixl.com/math/pre-k Преку screenshot може и да се испечатат...сеедно може и да се нацртаат.
Ајде и јас да напишам искуство со смоките, лесно се лепат, безбедни се и малата ги сака, повеќе јас работам (како и со пластелин и др) таа ми помага ги сортира и ми подава, сецка со ножето. Има многу во пакувањето, ќе видиме колку брзо ќе ги потрошиме.
Еве идеа од воспитувачките на ќерка ми .Книжни чинија, свеќичката е од картон .Ни беше оставено во кутијата наша, откако раскрасиле