http://www.supercoloring.com/paper-...othing-with-accessories-for-a-girl-paper-doll На странава можат да се најдат многу интересни работи.
мислам дека на кутијата пишуваше 3+, мојата има 2 ипол и под надзор нема никаков проблем да ги користи, содржат прехранбена боја.
@irena.1 ептен интересно, крадам идеја Инаку супер занимација имаме периодов со кинетичкиот песок, абе се утепува од играње... со пластично ноже сече, прави форми со калапчиња, нема крај играта супер за развивање фина моторика...
Еј тој од кога планирам да му го купам. Од каде го купивтр вие? Периодов стагнираме со нашите изработки и игри, зошто има куп нови работи од н.год па преокупиран е со нив.
Смокиве би ги изел мојов. Ептен имам проблем што става во уста, вчера и буквите од магнетната табла ги пикаше. Мислев ќе надмине со тек на време, и поретко прави навистина, ама на крај од играњето мора во уста да заврши нешто. @mariz јас само поради нередот се премислувам за кинетичкиот песок. Читав дека тешко се чисти ако се истури.
Баш пластелин се чисти потешко... особено ако го залепи на тепих доле. Јас му ставам во голем послужавник и игра на него, бутка доле на тепих и чистам со она рачно за чистење што е со округли четки Е ако заврши цел на тепих толку му е, тешко да се собере за да се игра пак зашто како го фаќаш, така паѓа..
Сакам и јас да и земам на малово, ај прашај од која продавница во бисер. За нередот после ќе му ја мислам, знам дека ќе се покајам на крај
Од таа на ќошот во Бисер, до пекарата... некаде макс до 200ден едно замоче, една боја. Ние имавме зелена, сина и лилакова и ги измеша синко, стана сиво еве баш прееска си играше...
Да прашам дали е ова ист песок, или нешто друго. Патем дечково твој педантен, си работи на маса во послужавник, зрнце нема надвор од него. Кај нас не е вака. Со пластелинот демек на маса на подлога. Ама сто пати станува, па му пага, па држи во рака и шета, хаос.
Таков е, тој е е сега нз дали има разлика во поефтините и поскапите... дали е иста смесата незнам. Инаку сликан е на почеток, после летна и на маса и под масичка Хахаха Па му ја ставив масата на место во ќош каде што нема тепих, за полесно чистење
Од овде може да се нарача? Здравје ако земам би им послала на земја подлога од твистер играна, како мушама е и доволно голема па нека брлават колку сакаат
Од бубамара, продавницата за играчки е овој. Незнам за нарачки прашај ги имаат, имаат страна на фб. Кај нас ни мушама не помага
Еве дел од тоа ние што се занимаваме Учиме КОН или НАКАЈ (Авионот лета кон облакот) Ребусни приказни (од интернет што ќе најдам на англиски и преведувам на македонски) Глаголи (кажува што прават чоечињата) Приказни во слики. Исто, приказни во слики за боење. Моментално најмногу се занимава со скокање по кревети,подаванка со балон, свирење труба и од коцки градиме кула, куќа(на 1 спрат, на 2 спрата....ова повеќе јас, ама и таа учествува) и пирамида, сложувалките си ги сака (составува до 5 делови...со повеќе ја немам пробано), сортираме дрвца во боја во чаши со соодветната боја и од дрвцата реди плусеви (ги прекрстува како плус).
Од ко купивме пластични животни, со ништо друго не игра. Имаме околу 40, ги реди, куќи им гради од коцки, со дивите грабнува домашно животно , па ги сортира во групи, си наоѓа начини да се заигра. До сега со ништо не си играл вака. Шумските ни фалат и ми бара мече, зајак, лисица, исто и мајмунче немаме, ќе се комплетираме деновиве да ги најдам.
I sinko obozava zivotni. Veke pogolemiot del gi raspoznava i znae koj kako vika. Sumski i jas ne mozev da najdam, gi imame istite ko vas od jumbo i divite of Afrika i domasnite, ako najdes sumski kazi od kade. Inaku @mariz alal da ti e za kreativnosta da potporasne sinko uste malku i site idei ti gi kradam.
@Lolipop23 ги прошетав сите продавници за играчки во Бт вчера, најдов многу убави домашни па имаме фамилии сега , а шумски нигде немаше или по едно во комплет со некои што веќе имаме. Сега ќе гледам по продавниците на фб што вршат достава, ако најдам негде ќе пишам.
Дел од работите што сме играле со син ми. Дете е 2 г и 7 м. Само да потенцирам најмногу сака бои, броеви, букви и форми. Тоа цртаме, тоа гледа цртани, дури и од градинка ми потенцираа дека највнимателен е кога тоа работат, без јас да им кажам. Правевме честитка Автобус Облекување на човечињата му е посебно интересно. Да ги следи точките и да црта по нив. Да ги лепи по ред броевите Да поврзува исти форму, исти букви, што јадат животните, мајка дете , Доцртување форми, боење, лепење на вистинското место. Да ги подреди од најголемо кон помало Групирање кое каде му е местото кошници со зеленчук и овошје, превозни средства да ги залепи каде им е местото , множества пилиња, пеперутки, риби. Броеви, форми и бои Скриена слика ( ова му беше баш интересно) Сложувалка