Одамна го мислам компиров и јас...печати со компир.....знам и фигури сме правеле, еже од компир и чкорчиња...исто сме правеле фигури од жица и сме ги мотале со волница.
Ние баш денес правевме печати со компирот. Не е битно колку беше успешен, важно му беше интересни и му задржа внимание. И нешто друго што црташе И поврзувавме идеите се од тука од вас и нешто од нет принтано. Му задржуваат внимание, прво разговараме кое со кое и зошто. Големо, мало. Како се викаат децата на животните. Интересно му беше тоа со живеалиштата на животните зошто во кафез, зошто во вода, зошто вратата е мала ( дел од неговите прашања)
Каде можам да најдам дрвени букви кои се ставаат во дрвена табла? Имаме такви не знаеме од кај се и пола ги изгубивме а малата ги обожава и пола букви ги научивме од таму. Нама имаат ама мора 1000ка да потачам а овие се 140 денари.
Исто вакво со буквите на кирилица имам купено од рамстор, инаку има различни во џамбо ние имаме три со животни, со инсекти, саат, со форми, броеви, превозни средства. Ги има и по продавниците за играчки и на али можеш да си нарачаш. И син ми ги обожава. Па му ги менувам, едни тргам да ги подзаборави, други вадам.
Немора 1000ка, имам порачувано до кај 400.. дали некои 100ден за достава платив.. Сум видела во Џамбо вакви букви, но не е нашата азбука... Едит: сега видов, 140ден е достава, низ цела Мк.
piki detski igracki 170 denari, ama angliska azbuka e prakaat i po kargo , jas imam poracuvano od niv dosta raboti eve kakvi se.
Да, имаат, и се доста поевтини во однос на другите продавници па и џамбо. https://www.facebook.com/piki.toys.5 https://www.facebook.com/pikistarac...oiDZbu8ZFCLFsh-Ee5LFRgPEMb_MIH1ds&pnref=story https://www.facebook.com/pikitoysst...-TeZy4OuBt1AKOeutTVUndxX7KLQKJSvCLUgmFHKdB0X8
Мајки што занимација да му најдам на дете од година ипол да си играме подолго време? Ич не сум креативна јас или тој е уште мал.
Ние ставаме коцки во шишиња а многу сака и кога става сламки или некои боички во шишиња, боичките демек му ги купив да боиме боенки ама слабо, мал е не разбира, не му се интересни и им најдовме друга примена
Не знам дали имате пробано со редење на чаши, редење коцки, редење на прстените на држач за истите... Претурање. Во чашички да претура од едно во друго најразлични ствари. Можеби со чиничиња, тенџерчиња, лажичиња. Замена на улоги со куклите. Да ги рани, да им дава флаша. Со топка или балони. Надвор да собира камчиња.
Што мислите, од звучните сликовници која е најдобра за почеток за 1 година и 3 месеци? Ги имаме овошјата зеленчуците, ама научи еколку кои се и брзо му здосадија....сега звучните ги сакам, една по една , па со што да почнам?
Јас ти ја препорачувам таа со животните. Околу 500 ден е од Топер. Нас ни беше многу интересна. Си мајкукавме и кукурикавме по дома
Се сложувам со Лорена, звуците со животни се одлични за таа возраст. Од просветно дело имав купено една и со азбуката, мислам дека тогаш таа беше единствена на македонски.
deka podolgo ke se zaigrate so nesto zaboravi. Brzo im zdosaduvaat igrite. Nice igravme so se samo so igracki ne. Kapacinja od sisinja stavam vo casi pa od casi vo tengerinja suskavme so najloni I od najloni pravevme baloni. Sisinja polni me so boici ili so pomali kocki.... Tuku za 5godisno dete zanimacija kazete. Povejke vreme pominuva pred kompjuter pred televizor I so telefon vo race. Retro Koga se zaigruva a site igracki my se zdosadeni
Можеш и моливче да му дадеш нешто да чкртка....најубаво од магнетните таблички, за да не ти пишува наоколу. И ние попечативме малку со компир и купечки печати и точки почнавме да поврзуваме.
Ние сме скоро година ипол. Имаме една играчка како за ловење риби и има желка, морска ѕвезда, ајкула...и и ги редам сите и и викам ајде улови ми ајкула...итн. Друго, сака кога и читам, односно раскажувам по мое, но ја вклучувам и нејзе, ја прашувам пр. како пепелашка ги вика пилињата... Редење коцки. И да црта на лист со боички. Со ова се занимава само ако јас сум до неа, освен за цртањето, макар што и за тоа знае да ме бара да и цртам јас. Ова колку за идеја можеби ќе ти се најди