Мала е уште....Тропање на барабанче или дај и тенџере и дрвена лажица....И од тие музичките што се за стегање и што светат. И од овие што се за меурчиња правење, можеш да и правиш ти...таа ќе се радува на меурчињата. Мислам меурчињава за секоја возраст се хит . Од каде?
@Lolipop23 Мислам дека во оваа тема имаше пишано за Ранко Рајович. Почнав да ги гледам видеата и баш тоа е тоа што требаше да го слушнам во мајчинствово. И јас препорачувам на сите да ги ислушаат неговите видеа на ЈуТјуб.
Ранко Рајовиќ е одличен Имаше предавање во Скопје, за жал јас не бев, но го пратив мм. Уште подобар бил во живо
Kazi a? Zakon e covekot, t.e. ne e obicen covek, specijalist nevroednokrinolog, pretsedatel na Mensa Srbija i najmnogu raboti so mladi talenti. Jas mnogu raboti sto gi smetav za ispravni vsushnost bile mnogu pogresni. Zatoa na sekoj roditel mu preporacuvam da gi islusa negovite predavanja. Eve odlicen tekst od nego: https://stil.kurir.rs/porodica/vase...-dece-evo-kako-da-suzbijete-bes-i-razmazenost
Да споделам моментално актуелни игри за детенце +12 месеци. Градење или уривање кули од коцки или градење кули со чашки со различна големина/ширина. Најомиленото, претурање од еден сад во друг или со кофички и приколки. Редење на кругчиња на дрвено стапче. Форми и бои и нивно сортирање, најчесто со коцките за градење во боја и со различни форми.( оние пто се спровираат низ отвор со соодветна форма) Игра со чеканче и да чука. Вага и да пробува да балансира. Фаќање и фрлање на топка. Криенка. Толку ми текнува моментално.
Помина времето за редактирање Најдобро касички за собирање/штедење пари кои се отвараат и затвараат без да се оштетат за да може да се искористат повторно и повторно истите парички.
@danichap моето се во уста става и не смеам да го заиграм со парички или ситни предмети. 12+ Како да го научам дека не треба?
@danichap мм се има од паричка задавено и многу се плаши ќерка да не голтне некое иако фазата за ставање во уста ни е помината.Не ли се плашиш од безбедна гледна точка , а дезинфицираш ли ги парите? @gjoker4e фаза е сама мине кажувај само не кога дака нешто во уста да стави.
И син ми обожава да претура пари. Ама страв ми е, обавезно ке му падне некоја, па малово да не ја најде, зошто се околу него се вртка.
И ќерка ми си става пари во касичка, само што нашата се отвора само еднаш Па ни ги собира од новчаник Инаку за тие што се плашат од голтање на ситни предмети, за вакви игри секако треба да сте покрај детето и очите отворени. Ако ги пазите премногу, односно не им давате игри со ситни предмети, фината моторика нема да се развива. Што се однесува до хигиена, после играњето со паричките, рацете се мијат. @danichap ние имавме друга игра, исто за фина моторика. На послужавник вертикално ставивме шпагети закачени во пластелин, за да може да стојат и исечени цевки за сок, на отприлика 1.5см да ги протнува на шпагетите. Не знам дали добро ја опишав играта, ќе пробам да најдам слика како си игра и ќе ја постирам.
Мало е твоето сеуште за оваа игра. Нормална фаза од развојот му е оралната. Со тек на време ќе помине. Обавезно до дете седење и следење. И мојата не става во уста, ама стари викаат во дете нема верба, па јас пазам. Инаку не ги дезинфицирам. После играње мие рачиња со вода ампотоа со гел за дезинфицирање. @narcis@одлична идеја. Постирај слика кога ќе можеш. @irena.1 и јас пазам многу. Најчесто на маса гиниграме пипавиве работи а на хранилката седи средното. Така кога ќе заврши големата имам време да проверам дали пднало нешто на подот пред средново да се пушти во поход.
Нашата каса во вид на смајли е, па кога ја отпревртам тоа отворот како уста му иди и цело време си ја храниме со парички и даваме да јади. Мојава не ги става во уста, ама знае по лице да си ги тркала и на очи ги става....Или на мека површина ги превртуваме...на некоја поширока перница едното паре го оставаме и со работ од другото притискаме на работ од првото и да се отпреврти од петка, глава и обратно. Не ги дезинфицирам и јас, немало досега никаков проблем. И мојава многу новчаници сака...одма металните ги истура и секогаш некое паре се најдува изненадно на под. Инаку ги збираме парите и од нив роденденската торта си ја купуваме...така еднаш годишно ја празниме.
Многу креативно. Браво за идејата . Ти ја крадам, верувам ќе и се допадне на мојата. Вежби за фина моторика и се омилени. И @mariz @Irena02 да ни споделaт дали имаат некоја нова интересна игра со малите. Идеи и за игри надвор се добредојдени.
Трчаме по лекари, па активностите ни се на минимум и многу ми е криво. Повеќе сме во двор прскаме цвеќиња со едно тато што му го купи како апарат за гаснење пожар Цртаме, играме со песок, во последно време и заинтересиран е за боите (на англиски сите ги знае да ги каже, а на мак не ), па само селектираме по бои. Главата незнам кај ми е, ке се фатам од наредна недела да смислувам нешто за занимации, зашто градинка до Септ нема
Со помин нека е. Речено и украдено И од мене препорака. Одлична занимација, мојава ја “држеше” 20 минути.
И ние ја пробавме, браво за идејата и на мојата ептен и се допадна, сабајлево пак ми бараше цевки и шпагети. Интересно е колку бара концентрација за да го боцне, ептен се напна малово, дури веѓите ги набра, па се радуваше кога успеваше.
За мојава предизвик беше да биде нежна, да не ја скрши шпагетата. Па извадив неколку парчиња, ги пофаќаше, па држејќи ги во раце нижеше за да добие подобар осет.