Мојава не е до таму, искрши неколку зашто фокусот и беше на цевката да ја стави. Ја држеше шпагетата, некогаш посилно и оп, крц. И вика друга стави мама и завршена работа.
Срциња убави, мило ми е што им се допаднала играта @danichap добра е идејата со стиропорот, нас не ни текна на тоа. Инаку со пластелин е пак друг проблем, лесно се накривуваат шпагетите, па исправавме постојано. Ние веќе ги намаливме игрите за фина моторика, сега работиме на хиперсензитивноста Не толку чисти и педантни игри
Еве не и нас. Супер, пола саат посвети. Мојов сеуште е фокусиран на букви, бројки, бои и форми. Па стално му правам некој занимации со нив, пример: Во послено време хит ни се капачиња, цела фамилија ми ги собира. Му имам направено неколку вакви слики. И интересни му се.
Ве читам со ова шпагетиве...па викам ај и јас да пробам. Само немав ни шпагети, ни пластелин, ни стиропор дома. Па вака се снајдов Инаку големиот ги намести за три секунди и стана. А малава уште игра, се занесе ептен.
Инспирирана од вас тука . Немав шпагети па прочачкав на интернет и најдов некоја игрица. Вечер ке пробаме со шпагети . Прво цевките ги растури.Нестрплив беше што ке се прави со нив. Па ги стававме во шишенцево . Па потоа ги стававме назад во зделава Кога му здосади ги расфрла насекаде Па ми текна и вака со големи цевки да ги става во кутија. Повеке се заигра со ова
Ова со шпагетите и цевките мора да се проба. Ве читам и ме фаќа грижа на совест, многу малку имам време да си играм со децава . Сега пак доаѓам дома јадеме и надвор, дома играње скоро ич ама пак се изиграни надвор тоа ме теши
И ние сме слично. Значи доагам од работа, јадеме и околу 6 надвор до стемнување. Пред зграда има многу деца и ептен му е убаво, сам бара да одиме. Со активности имаме многу намалено, ама ако, најважно е истрчан и исполнет му е денот.
За деца кои учат бои. Стапчуња во бои и ги ставаме по боја во различни чаши. Ги има во Рамки околу 50 денари. Уште меша бои ама ги разликува.
И ние откако стопли сме на улица исто .А играчките стојат не пипнати. Само топка е интересна периодов . Пробав со игриве вчера додека се прибере мм од работа и дојде време за шетање. Еве и сабајле додека доручкуваше редеше цевки во кутија Добри се за идеја кога ке биде поладно .Сепак истрчано дете надвор е најубаво за спиење .
Super idei! Taman ke prasav za koja vozrast e najpogodna igrava so spagetite, gledam @VedaG10 veke napravila za vrsnikot nas. I nie slabo igrame igri za koncentracija i fina motorika, sum probala ama ne mu zadrzuvaat vnimanie ic, celo vreme e po nadvor, doma samo za jadenje i spienje. Navecer taka saka da slozuva slozuvalki i da razlistuva knigi, ucime predmeti pokazuvajki vo slikovnici i toa e se. Sakav da prasam i boite od prilika na koja vozrast pocnuvaat da gi razlikuvaat?
Ќерка ми од сабајле станува, рано станува, накај седум, па два саати се занимаваме, најчесто црта и бои, се шлака со нешто, доручкува, па шетаме надвор. Запива накај 12, станува накај два или три, руча, па одиме во двор, таму си игра дали со земја, правиме од оние балонлињата, топка шутираме, потоа одиме на лулашки, ако е поладно до игротека некоја, се прибираме дома, читаме нешто или играме нешто, животните и се интересни во последно време, па и со нив се занимаваме и си легнува. Цртани гледа кога готвам претежно, иако и тогаш се занимава со нешто. Бои стриктно не ја учам, и онака сегде ги има, па додека играме со нешто она ги кажува смешани најчесто и јас и кажувам која е која. Сетов од локо кроко сакав да го пофалам, саат ипол си играше, што не се случило до сега со ништо. Има и за боење, лепење, има за фина моторика да боцка на тортата овошја, ептен е интересно. Се изнајадовме торта. Она и цела торта ја боеше, па ја миев некако после за пак да може да ја бои. Над три години пишува веројатно поради ситните делови, мора надзор. @Lolipop23 од 18 месеци негде почнуваат да разликуваат бои.
Мојава на 2 и пол години научи да ги именува за една недела- најпрво црвена, а после останатите сина, жолта, зелена, портокалова, виолетова, розова и бела. Кафеава и црна потешко ѝ одеа да ги запамти А низ игри да ги препознава, мислам на сортирање бои, ваљда некој месец порано, ама точно колку, не се сеќавам. И тоа само црвена, жолта и сина. Инаку, увидов дека кај неа не треба форсирање, боите и броевите ги научи брзо и сама покажа интерес, ама ете за букви сѐ уште не сака. Пробувам одвреме-навреме, ама одма на друго се пренасочува. А што се однесува за излегувањето, јас ич не се секирам. Цела зима беа затворени кутри деца ради маглите, сега летово пак ќе бидат донекаде, ради жештините, повеќе сакам да се истрча надвор. Ма и да се извалка, да се изводени, лом да се направи После во најжешкото пак ќе се занимаваме со игри по дома.
Јас уште не сум му дала на моево сложувалки се мислам мал е . Ова со цевкиве едвај 10-15 минути издржува и толку . Нова игра има, фрлање предмети од тераса доле .Комшиката знае дека се наши ги собира и ги става пред врата да си ги земеме
Imame od Jumbo so zivotni, ednata e nacrtana ozdola i taa ja mesti uste pred godinkata. Ostanatite normalno ne moze da gi slozi, ama jas mu gi baram (pr. daj go kuceto, ili, daj ja opaskata na maceto...) i toj mi podava jas gi redam i mu velam bravo.
од вчера ја гледам занимацијата и си велам што ско ставам шпагети кога знам ќе плаче зашто нема да му дам да ги јаде кај нас тоа обавезно завршува во уста .
Ние одма ја пробавме играта со цевки и шпагети на пластелин.Ама пластелинот и беше поинтересен После пак ја седнав ги редеше цевките баајгити концентрирана не скрши ниту една . Па после сите ги скрши и пластелинот заврши на тепих Добра игра
Занимации за надвор и дома. Oна влече од едната а јас од другата страна, го вртиме воздушно, го ставам на земја и чекориме права или искривена линија по него... Кругови може и на цимент да се нацртаат и да скака од еден во друг. Нај хит ни е онаа коцкарскара игра на камен мост што ја играат Кријам човече под предмет/кутиче и ги вртам/мешам со друг предмет/кутиче, за да открие под кое е човечето.