1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Занимации и игри за развој кај деца од 1 до 3 години

Дискусија во 'Дете' започната од J.Ivanoska, 13 април 2012.

  1. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    195
    Моето е 16месеци ама играчки воопшто не го интересираат.Пробувам да го наседнам и да му имитирам звуци на куче маче кравичка ама ништо само ме гледа и се смешка,не изговара ништо.Реди само едни кругчиња.Имсше една табла со тие магнетите.И моето како на @kristina.k првата неделс чкрташе со моливчето и со магнетите ама втората недела го скрши.Ни една играчка повеќе од 2-3 мин.не му задржува внимание.Пробувам да му зборам да повторува по мене ама се ми е џабе.
    Дај му само да брка во некое канче со вода со песок.Ја обожава правосмукалката,џогерот,пеглата,блендерот.Друго ништо не го интересира
    Купив од книгата со звуци од животни од предмети (има пример звук на воз,на вода како тече).Ништо и од тоа
     
    На tina-63 и kristina.k им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    @Love86 играјте со тоа што сака. Земи различна големина канчиња и различни предмети од дома па нека ги става едно во друго нека претура од сад во сад, редите садови и слично. Може и камчиља да става во шише.
    Се се ова вежби за моторика и внимание, не мора само со играчки да игра. НИе вчера пола саат возевме по дома правосмукалка (односно делот со четката и рачката). Играта ни беше да се пробива низ столици за да развива круона моторика.
    Со вежбање на моториката кај малите деца се развива мозочето и полесно учат. Верувале или не равојот на моториката им помага и при зборување.
    Така што играјте со се што тие сакаат.
    За зборување секогап кога му давате нешто на детето именувајте го предметот, кога го соблекувате/облекувате кажувајте што правите и слично.
     
    На Santaa, Lolipop23, tina-63 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.882
    Допаѓања:
    132.466
    Од тоа кажувате му на детето што ќе правите си страдам. Викам ајде доста е играње, си одииме дома и плачки. Викам ајде готово бањање, плачки :)

    Имаме сега нова игра, купив стикери за хартија, и и ги залепив десетина на ѕид, и едно откачив и го залепив на маса. Одма она едно по едно сите ги одлепи и ги стави на маса. Од маса едно и залепив на прозор. АЈде сите по ред на прозор ги премести. Малку се мачече кога и се лепеа на прсти ама мислам дека брзо сфати дека се лепат па со две рачиња работеше.

    Купивме книги со Маша и медо, и ги имитираме фаците на сликите, отворена уста, падната вилица, ококорени очи... после второто вртење на страните (сама ги врти) сама имитира фаца, без мене и тоа и е многу смешно. Или кога спие Маша ја гали и и вика оооооо, Кога пие медо чај она го имитира како пие и вика меше меше...

    Топките ги фрла да погоди у легенче, пола погодува пола не, ама многу се радува кога ќе погоди и ќе и тропне пластиката.

    Тие се неделава
     
    На Lolipop23, Sunshine_1979, MissDior и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    195
    @Cka какви се тие стикери за хартија?
    По книжарите или кај да ги барам?
    Да пробаме,можеби ќе заигрува инаку цееел ден е во движење,не седнува секунда и се нешто си мрмка
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.882
    Допаѓања:
    132.466
    Ima u Dzambo na kasa kako cvetcinja se. Hartieni stikeri vo boja. Namenata im e da si zapises nesto ama jas za igranje gi koristam. Vcera pak i kupiv i i gi dadov celo kupce bez da i dvojam livce po livce za sama da otkrie deka se dvojat pa posle i deka se lepat. 50 denari otprilika.
     
    На Sunshine_1979 и Love86 им се допаѓа ова.
  6. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    И мојата е по музиката...уште не знае да зборува, ама пее ...краевите од стихот убаво ги фаќа :rofl:...за денсање да не правиме муабет, штом и се бендиса песна застанува и игра без разлика каде и пред кого. Во тесто правиме шари со виљушка, таа само го буцка. Си играме со сет за чај...и турам вода внатре во чајарникот и да тура во филџаните или претурање вода од чаша во чаша (неколку чаши и редам) и сета е водена. Порано цедевме портокал на цедалка (веќе исцеден,само кората) и машинка за мелење ореви и имам дадено да врти....свириме на свирче од оние судиските само пластично...планирам за брзо труба да и купам...еден балон од пепа прасе и купивме и уживаше да го боксира, да ја тепа Пепа. Штипки за алишта ја учам да стега и да реди,ама слабо ни оди,успева понекогаш...со прскалка за вода се прскаме од оние долгите како со морска пена одозгора...таа повеќе како за вежбање си ја користи, ќе ја извлече со двете раце,па ќе ја собери. Книги многу сака. Со топка играме подаванка по земја и една вежбичка за рамнотежа ја ставаме топката на глава и се вртиме околу својата оска. Со кукли одамна не сме седнале да поиграме,ќе се навратиме и на тоа деновиве. Цртаме не само на хартија и по тело :lol:. Има уште занимливости, ама не ми текнуваат во моментов...да си оставиме за уште постови.
    Имитацииве од @Cka ме бендисуваат...ќе ги пробаме,ако сме поголеми :clap:.
    Снегулка ова од лани било...јас дури сега гледам датум (facepalm)
     
    Последна измена: 14 јули 2017
    На Lolipop23, tina-63, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.510
    @alana Е ако де, баш супер што ме потсети како сме се занимавале а како сега се занимаваме!
    Туку мојата поголема од 3год е, веќе има 3 полни и 3 месеци, изглед не ми е местото тука!
    Сепак ќе пишам!
    Многу се занимаваме со домашно милениче - куче! Кај свеки чуваме (поточно тие чуваат) а дека блиску живееме малата во денот по 5 пати ме шета до таму!
    Тие чести средби ја поттикнаа љубовта кон животните, а и љубопитноста во што се исти како луѓето (јадат, пијат, спијат) а во што различни ( не се облекуваат, имат 4 нозе, не зборуваат)! Ептен го сака, ама и многу е смела во игрите со него, го гњави дури и затоа неколку пати ја има малку поткаснато на ноџето и скинато фустанчиња! Сепак е пресреќна кога се играат, искрено го сака!
    Ако имате прилика да чувате домашно милениче и да ја гледате раа радост кај децата во нивно присуство тогаш ич не се мислете! Нпероценливо е колку се среќни децата во друштво на куче, маче, папагал...

    Друго - со кукли уште игра, ама веќе освен улога мајка често се става и во улога докторка, учителка и сл. Има напредок во мисловниот развој, сфаќа дека може освен мајка да врши и друга функција!
    Книгите со приказни исклуќиво јас ги читам а она слуша и прекинува кога ќе слушне некој непознат збор или пак пробува да раскажува со мене!
    Коцки, кујни, апарати за домакинство одамна се напикани во кош и не се веќе интересни!
    Многу игра и со пластични животни, она е фармер и има фарма со многу животни (ова од честите посети на село и е влезено во глава)! И овде е развиена бујната фантазија со која некогаш ме изненадува до каде може да оди на само 3 години!

    Тоа се сетив... Пак напоменувам дека малата е 3 год и 3 месеци, па ако не ни е местото овде слободно ме бришете или префрлете некаде!
     
    На Lolipop23, ZojaP, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Pred davpocnam da pishuvam, si vikam nie voopshto ne igrame, ama koga razmisliv ubavo imame iljadnici igri.
    Najnova ni e so magnetni brojki, gi redime na zelezoto na terasa, a vnatre gi stava od edna casha vo druga, nekoi i vo kafeto moe gi banja.
    Vozi kolicki (sam) ili im gi zema igrackite na bliznacite i im gi krie na najskrishni mesta. Se podavame so topka.
    Crtame so kredi vo boja na plocki ili na igralishte, taka mu kazuvam zborovi, so nadezh deka ke pocne da me povtoruva.
    Redime predmeti po boja, po golemina, pravime zgradi od kocki...
    Se maskirame vo stara baba so pelena.
    Sto znam drugo ne mi teknuva, bitno cel den sme vo akcija.
    A daaa, negovata omilena igra, kine hartija, ja cepka na najsitni parcenca.
    E sega da naglasam deka sekoja od ovie igri trae max 15 min, posle mora odma da se smisluva nova, zasto se slucuvaat belji :D
     
    На Lolipop23, azelea, tina-63 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.293
    Пол:
    Женски
    За годинка :
    Ставаме чашки една во друга.
    Листаме сликовници.
    Подаваме топка.
    Се чешламе.
    Пробува сама да облече чорапи или чевли.
    Става капак на шишенцата.
    И давам чинија и лажичка да имитира како ручка.
    Ако има песнички, цело време плеска со рачињата.
    Пред зграда има маче и кога ќе и речам каде е мачето, ѕирка од количка насекаде демек го бара..
    Ако кажам не за нешто, веднаш го фрла предметот и се лути.
    Музички играчки особено сака и сама ги пушта.
    Сега дека кака и мочка во нокширче, ако нема ништо, а ја седнам се буни и вика не, инаку седи без проблем.
    Прави чао, ги става рацете на лице демек се крие и вика та.
    Заспива само во нејзино креветче, сама. Ја оставам и и кажувам нани и мислам дека ја знае и неговата намена.
    Со дубакот оди кај нејзините играчки, вади што сака, па потоа прибира. Отприлика тоа ми текнува.
     
    На azelea, tina-63, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Памтам дека годинка бевте постари од нас..лани била таман колку мојата...бик сте во хороскоп? Гледам приближно слични работи сакаат.
    За животни е иста...имаме куче и пиле...на кучето му ги тегни мустаќите,му ја стега муцката со двете раце со сета сила од љубов, му брца со прстот во окото, го фаќа за ушите,за опашката,го гали,гушка,знае да му се сврти да го тепа (ама нема толку сила да удри)..тоа како препарирано кутро и стои..му дава јадење...и тоа ја сака...баба и сега кога дојде ја фати за рака и за низ порта да ја носи...и лаеше не ја пушташе да ја носи...и тоа и скока со забчињата ја потфаќа или ја лижи (мора често миење)
    Камо 15мин да имам со мојава :lol:. За редење по големина какви предмети користите и како сортирате мало-големо или од најмало до најголемо?

    Мојава има мерак за накит ѓердани, белезици,прстени,обетки и за шминки....јас не се шминкам во последно време...од тв реклама за маскара научила маскара како се става...затворен тушот го зема и на трепки пробува да става :rofl:. Ѓерданите ми ги испокина, ама сега дојде баба и и по нејзините се зафати, моите ги заборави и оди кремот и го кради го носи да и го отворам и се мачка на лице и после иди да ја мирисниме оти многу убаво мириса :rofl:. Баба и си ги мачкала нозете оваа пошла да и помогне...зела и таа да ја мачка. И мене ме мачка на лице.Исто чешелот и го кради и иди да ме чешла. Јас неа и бегам, таа мене ми бега не можиме да се исчешламе :rofl:. Моментално вакви ни се деновите...веројатно во иднина ќе бидат уште поинтересни.
     
    На azelea, tina-63, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    8.628
    Пол:
    Женски
    Nie najveke sakame da si igrame so kolicki. Go sednuvam na zemja i mu davam kolicki sam si gi vozi napred nazad i vika tu tuu. Ima eden kamion so golema prikolka i ja tovari so sitni igracki i go vozi. Slikovnici mu citam uste od koga bese epten mal pa sega veke znae i sam si gi vrti listovite, pred nekoj den se zapna pasosot go dofati od masa i kako slikovnica go razlistuvase :worried:
    A najnovo mu e sega mi se pika pod masa i pod stolici vo najdalecniot kos nemozam da go dofatam i od tamu mi vika te (dze). So tatko mu sekoj vikend gledaat kalimero dur jas mu pravam dorucek toa im e zaednicki moment. Bekogas ke go ostavam vo igralna i se zaigruva sam so igrackite ama ne trae dolgo zos ke mu zdosadi i odma se isprava se faka za alkite od igralnata (svati deka sluzat za toa do pred nekoe vreme mislese deka se igracki i tie :D). Vo duvak koga gobstavam pravo niz vrata i vo hodnik otvara vo fjokite na tatko mu so alati pa sega mu stavivme onakvi bezbednosni da nemoze da otvori zos nedavam so takvi rab da si igra pa se nauci ako nemoze tamu odi vo spalna i mi go otvara plakarot si vafi nekoja bluza od tie najdole sto se i ja vlece so nego so dubakot kaj stigne (facepalm) pred nekoj den mu zemav boicki i boenka i bojam jas za da gleda pa i toj zema boicka i ckrta po boenkata (nekolku pati naopaku boickata ama ako).
    Koga sme nadvor samo vrti levo desno so glavata od kolickata zosto on se mora da vidi nesmee nesto da propusti.
    Mnogu e radoznal nemozes nisto da zemes vo raka saka da ti go zeme, a so mob i dalinsko veke rakuva sam haha. Znae za sto sluzo dalinskoto i go zima i pravo nakaj televizor se vrti i stiska po kopcinjata.
    Se na se ispolnet den imame so ogled na toa sto e hiperaktiven i nikogas ne miruva.
     
    На kristina.k и augustd им се допаѓа ова.
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    15.589
    Ќерка ми е 2 години и 7 месеци.
    Најмногу игра со сложувалки,уште од помала ги обожаваше да ги реди,ќе седне и во состојба е цело време да ги растура и мести,нон стоп ги повторува.Сега преминавме на малку посложени од повеќе делчиња и од два-три пати што ќе ја намести и ја знае веќе на памет:).
    Исто така сака да игра и со бебиња,имаме три и понекогаш знае да се заигра многу со нив,им става пелени,пудра ,па ги заспива со нишкање и ги вози со количка.
    Пластелин почнавме од неодамна и прави форми ама сама сеуште некако не може само со татко и сака да работи,исто така бои,па сака да пишува со пенкало по тетратка,па брои по нешто.
    Во нејзината кујна си игра во последно време со камчиња ,ги става во тенџерињата и си меша па претура и тоа така цело време,ептен знае да се занесе.
     
    На tina-63, pilenka, ZojaP и 4 други им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Со какви играчки ги занимавате на дечињата над годинка? Некако ми се чини дека е голем за оние музичките, а со коцки не е заинтересиран да игра...Немам идеа што да му земам
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.463
    Допаѓања:
    201.193
    Пол:
    Женски
    Оние играчки со форми, да ги мести да одговараат една со друга, вака нешто (не мора дрвени, и пластични ќе завршат работа)
    [​IMG]
    Дрвени сложувалки со големи парчиња, топчиња во разни бои, колички. Моиве со тоа играат, особено со колички, големиот на таа возраст многу сакаше, еве и малово е исто.
    После, големово после годинка многу сакаше да става цевки (сламки за пиење) во обично пластично шише, што е добро за моторика, концентрација и фокусирање. Сакаше и коцки да реди за да прави кули. Ако ми текне друго, ќе допишам, ама главно тоа беше. Ама и музичките играчки со разни звуци и зборови му беа интересни, само не сум сигурна дали беше после годинка или после година и пол. И спреми се за инвазија на кујната, таму ќе му биде најинтересно.
     
    На Среќичка, pilenka, alana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    3.498
    Мојата тешко задржува внимание за било што...додека играме нешто, таа со паметот е на следно нешто да се игра или прави. Сака жмурка да игра со сестра и и со татко и. Ретко задржува внимание да и читаме, повеќе сака да разгледува што има во сликовницата нацртано. Со коцки игра 5- 10 минути, а многу сака да се шминка и да се лакира, секој ден е борба да се извадат лаковите и да се среди по нејзино...односно да се намачка по цели прсти па и по мебелот(facepalm)
    Кратко време вози бебиња во количка, ама и многу им се дере...шеди таму..шеди. На почеток на зборот секогаш стои ш наместо с.Со боички несака да шкртка, со фломастри може, ама почесто по себе црта отколку на лист хартија. И уште ова...најубаво и е во вц, таму може со саати да седи и да си игра, односно цел ден на чешма да се мие со шапун:D:D:D
     
    На eleni27, azelea и alana им се допаѓа ова.
  16. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Мами, дајте предлог некоја занимација или играчка која кај вас се има покажано интересна!
    Мојата е 18 месеци, знае да се заигра со топка, кукли- бебиња, гумени играчки, оние чашите со различни големини но се мислам што ново би можела да и набавам! За коцки време е или рано е уште?
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ne e rano, mojot odamna sostavuva kocki, nas omileni ni se kolite I lap topot na tato momentalno. I jas se cudam kakvi igracki da kupam
     
  18. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Какви коцки имате? Ај плис прати ми некоја сликичка!
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Ние имаме коцки на Clementoni. Тие се големи, гумени и меки и најлесни за редење. Главна маана е што има малку коцки и не може многу нешто од нив да се прави. Инаку се за над 10 месеци. Кај нас ги има во Nuk bebe centar (Беверли, Сити Мол).
    [​IMG]

    Имаме и едни на Chicco за над 12+. Од нив се прават различни автомобили, ама има и понеутрални. Овие доаќаат со некоја апликација која може да се симне на мобилен за подоцна кога детето ќе биде поголемо. Ги има во Енци Менци.
    [​IMG]


    По дома имаме и неколку комплети Lego Duplo. Нив ги има и во Енци Менци и во Крш и во Tea Colors. Барем таму ги имам видено до сега. Почнуваат од 18+ па до 3 или 5 години се. Овие се најмали од сите мда се само малку помали од Chicco. Има различни опции и јас до сега имам купено многу вакви за прв или втор роденден на блиски деца и сите ги играат. Најисплатливи се оние основните со повеќе парчиња и кутија зашто после лесно се докупуваат помали сетови и се прават различни опции.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Сега за сега играме со Clementoni, Chicco и само мало комплетче од 6 коцки Duplo. Деновиве отвараме нова кутија од Duplo па ќе видиме како ќе ја прифати.
     
    На Sunshine_1979, TheSecret и joy1 им се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    8.628
    Пол:
    Женски
    Koja cena se ovie na ciko kolicki sto se pravat?
    Nie mnogu sakame kolicki, kamioni i sl. a kockite ni sluzat za da go tovarame kamionot so niv :D